Itromanovski

Itromanovski

Село Живово

Селска слава:   Митровден  – Свети Великомаченик Димитрија (8 Ноември) и  Преподобна Параскева (Петковден). Живово (Жиово) се наоѓа во источниот дел на територијата од прилепскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, во Општината Витолиште. Селото е планинско,…

Село Дуње

Село Дуње Мариово

Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, во рамките на Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 29 км. Атарот е мошне голем и зафаќа…

Село Врпско

Селска слава: Свети Архангел Михаил (21 Ноември) Врпско е мошне мало село, кое се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општината Витолиште, поточно во прилепскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска…

Село Вепрчани

Вепрчани лежи на северната страна во прилепскиот дел на областа Мариово, и  припаѓа на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 34 км. Има голем атар, којшто зафаќа простор од…

Село Бешиште

Село Бешиште

Бешиште е едно од најголемите и најпознати села во јужниот дел на Прилепско Мариово. Сместено е во некогашната Општина Витолиште, која денес административно припаѓа на Општина Прилеп. Селото се наоѓа во ридско-планинскиот предел, на десната страна од реката Црна, опкружено…

Село Витолиште

Село Витолиште

Витолиште е најголемото и едно од најзначајните села во прилепскиот дел на Мариово. Сместено е во јужниот дел на областа, во подножјето на планината Козјак, каде што неговиот простран атар се допира со територијата на денешната Општина Кавадарци, односно со…

Св. Атанас село Зовиќ

Црквата Свети Атанас е мала еднокорабна црква изградена на ридот Марта во село Зовиќ и потекнува од XVII век од кога се смета дека и селото постои на ова место. Неодамна зо залагање на месното население до храмот е изградена…

Св. Димитрија село Груниште

Св. Димитрија село Груниште

Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното население се обидело да ја изгради, но истата била туркана од турските власти. До црквата има изградено камена камбанарија, а во рамките на црквата се и селските гробишта,…

Св. Димитриј – Манастир Чебрен

Св. Димитриј - Манастир Чебрен

Според пишаните извори, градот на локалитетот „Чебрен“ во близина на село Зовиќ  во средниот век се викал Чемрен. Градот Чемрен, според историските податоци, сè до 1331 -34 година, кога бил освоен од царот Душан, се наоѓал во рамките на Византиското…

Св. Спас – Манастир Чебрен

Св. Спас - Манастир Чебрен

Црквата св. Спас во близина на манастирскиот комплекс Чебрен е мала еднокорабна црква ( 6,30 х 4,30 м.) со полукружна апсида на исток и влез во наосот на запад . Градена е од обичен речен камен со врзиво од варов…

Св. Димитриј, с. Брник

21

Црквата во Брник е посветена на Свети Димитрија кој се празнува на 8 ноември. Изградена е 1887 година што е забележано над влезната врата. Габаритот на црквата опфаќа околу 12х7 метра и висина околу 5-6 метра. Под годината на градбата…

Село Орле

orle-mariovo

Орле  се наоѓа во источниот, битолскиот дел на Мариово, на северозападната страна на територијата на Општината Новаци, а на падината на Селечка Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 830 метри. Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него…

СЕЛОТО БРНИК БЕЗ БРНИЧАНИ

Село Брник панорама

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и…

Село Петалино

Петалино е наполно раселено пред 1953 година. Селото се наоѓа на територијата на Општината Новаци, од десната страна на Црна Река. Селото лежи на надморска височина од 800 метри, а атарот зазема простор од 7,7 км2. Во 1880 година е…

Село Ивени

Ивени се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, односно во битолскиот дел на Мариово и припаѓа на Општината Новаци. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од централното место Битола тоа е оддалечено околу 40 км. Селото…

Село Брник

selo brnik 03

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и…

Грунишки вис – Локација од Првата светска војна

gruniski vis 01

За време на Првата светска војна, во близина на село Груниште се одвивала познатата битка за Грунишки Вис. Грунишки Вис бил запоседнат од бугарската војска како стратешко место. Бугарите изградиле од камен многубројни бункери, митралески гнезда, ископале ровови во должина…

Село Груништа

Груништа - село во Битолско Мариово

Село Груништа се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола.Во Груништа егзистираат две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното…

Село Будимирци

budimirci 02 pano

Будимирци се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Република Грција. Селска слава:  Преподобна…

Св. Никола, с. Градешница

Св Никола Градешница

Изградена во 1862 година, оваа црква е дел од голем период на духовен и културен подем во Македонија, познат како Преродба. Во тоа време, откако Османлиската империја им дава поголеми права на христијаните, насекаде низ империјата почнуваат да никнуваат нови,…

Св. Илија (Брен), Манастир во близина на с. Градешница

Св Илија Брен

Манастирот „Св. Илија“, сместен во месноста Брен, во близина на селото Градешница, е познат по студената вода од бренското чешмиче. Според локалната легенда, водата преку посебен подземен систем се носела до тврдината Пешта. Меѓу локалното население постои интересно верување дека…

Св. Ѓорѓи, с. Градешница

Постоењето на Римската тврдина Пешта, како доминантна стратешка позиција во овој регион, резултирало со изградба на резиденцијални вили во село Градешница, во близина на денешниот т.н. „Темнички Вир“. Според Д-р Бранислав Ристевски од Институтот за Старословенска Култура во Прилеп, на…

Св. Атанас, с. Градешница

Св. Атанас, с. Градешница

Црквата св. Атанас во близина на с. Градешница е изградена во осумдесеттите години на XX век. До неодамна во лоша состојба, во 2011/2012 црквата е препокриена од страна на Општина Новаци, а подоцна од страна на локалното население се извршени…

Св. Андонија, с. Градешница

Постоењето на Римската тврдина Пешта, како доминантна стратешка позиција во овој регион, резултирало со изградба на резиденцијални вили во село Градешница, во близина на денешниот т.н. „Темнички Вир“. Според Д-р Бранислав Ристевски од Институтот за Старословенска Култура во Прилеп, на…

Успение на Пресвета Богородица – село Старавина

Успение на Пресвета Богородица - село Старавина

Храм Успение на прсв. Богородица изграден во 1860 а живописана во 1887 г. Сигнатурите на фреските биле испишани на грчки, а по обновата на стсл. јазик. Во првата зона се претставени светци до половина. Во 1918 и селото и храмовите…

Село Рапеш

Рапеш - село во Битолско Мариово

Рапеш се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, на источната падина на Селечка Планина, а на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него обработливото земјиште зазема…

Село Маково

Маково се наоѓа на крајниот дел на Битолското Поле, лоцирана, речиси на сртот на Селечка Планина, а во рамките на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. До него денес е изграден добар асфалтен…

Село Старавина

Старавина - родното село на Калеш Анѓа

Село Старавина некогаш центар на Општина Старавина е лоцирано на 50 км од Битола. Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера…

Село Зовиќ

Movie bridge Zovich village

Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 50 км од Битола. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост. Мостот е изграден 1955/56 г на…

Детски игри во Мариово

Извадок од монографијата „Градешница” од авторот Трајко Босеовски Година на издавање: 1997 // УДК 908.497.17 Најубавото време на човечкото живеење се детските и младешките години. Повеќе детски игри играни за време на детските години на нашите предци, дедовци и татковци,…