Песни за Марко Крале

Песни за Марко Крале

Песните за Марко Крале заземаат посебно место во народното творештво на Мариово и Македонија. Во нив е опеан легендарниот јунак, неговата сила, храброст и борба за правда. Преку бројните преданија и народни песни, Марко Крале прераснал во симбол на непокорот, заштитник на обичниот човек и еден од најпрепознатливите ликови во македонската народна традиција.

Во оваа секција се собрани народни песни во кои се раскажува за животот, подвизите и јуначките дела на Марко Крале. Пренесувани од генерација на генерација, овие песни претставуваат значаен дел од културното наследство и сведочат за богатата епска традиција зачувана во Мариово.