Св. Димитриј – Манастир Чебрен

Според пишаните извори, градот на локалитетот „Чебрен“ во близина на село Зовиќ  во средниот век се викал Чемрен.

Градот Чемрен, според историските податоци, сè до 1331 -34 година, кога бил освоен од царот Душан, се наоѓал во рамките на Византиското царство. Со доаѓањето на Турците градот престанал да егзистира, а на неговото место останало мало селце со манастирот „Св. Димитрија“ познат и денес како „Чебрен“.

chebren mariovo 02

Скица со реконструкција на изглед на средновековниот град Чемрен со обѕидието зајакнато со неколкуте кули.

Селцето полека исчезнало, а останал само манастирот кој уште во почетокот на 18 век имал училиште за свештеници кои вршеле служба по црквите низ областа Мариово. Манастирот бил многу развиен се до првите децении на дваесетиот век, по што тој полека пропаѓа оставен за забор на времето.

chebren mariovo 05

chebren mariovo 06

Остатоци од Св.Димитриј пред реконструкцијата. Фотографии од 1980 г

Сепак, со напори на месното население од с. Зовиќ, животот полека почнал да се враќа во овој манастир, па така при крајот на XX век е обновен храмот Св. Димитриј кој потекнувал од XV век и од кој единствено останал олтарниот дел.

Обновениот храм е со помали димензии и денес сеуште можат да се видат темелите на стариот храм, според кои може да се заклучи дека истиот бил со импресивна димензија.

chebren mariovo 07

Влез во манастирот

chebren mariovo 08

Како до Чебрен

Комплексот Чебрен е лоциран по течението на Црна Река на 5,5 км од с. Зовиќ. Пред селото се скршнува лево и се вози приближно 1 ч по пат наменет единствено за теренски возила. Втора варијанта претставува прошетката низ живописната природа, која зависно од временските услови трае приближно час и половина од с. Зовиќ.
Манастирот го слави Ѓурѓовден (5 и 6 мај).