Категорија Села во Мариово

Село Градешница

Градешница панорама

Селото Градешница, родното место на Итар Пејо е лоцирано по течението на Градешка река, чија што природна убавина го разубавува погледот кон селото кога се пристапува до него. Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри на…

Село Галиште

Галиште е веќе раселена населба, се наоѓа на крајот од југозападниот дел на територијата на Општината Кавадарци, чиј атар, во Мариовската област, се допира со територијата на Општината Витолиште. Селото е планинско, на надморска височина од 740 метри. Од градот…

Село Мајден

Мајден се наоѓа во областа Витачево, јужно од Кавадарци, а на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри. За него не постојат аграрни податоци, бидејќи не се води во катастарската евиденција. Број на жители…

Село Р’жаново

Р’жаново се наоѓа во високиот дел на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 990 метри. За оваа населба не е водена катастарска евиденција. Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Број на жители…

Село Клиново

Клиново  се наоѓа на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 770 метри. Атарот зазема голем простор од 76,8 км2. На него доминираат шумите на површина од 5.801 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 ха, а…

Село Рожден

Рожден се наоѓа на крајниот југозападен дел на територијата на Општината Конопиште, под источната падина на планината Козјак. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 81,9 км2. На него доминираат…

Село Гуѓаково

Селска слава:   Митровден  – Свети Великомаченик Димитрија (8 Ноември) Гуѓаково (Гудјаково) е наполно раселено по 1981 година, кога што броело четири жители, македонско население. Селото се наоѓа во прилепско Мариово, на територијата на Општината Витолиште, на надморска височина од 580…

Село Чаниште

Chanishte, Mariovo, Macedonia (31)

Чаниште се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на југозападната страна на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри. Атарот е голем и зафаќа простор од 36,7 км2. Ha него обработливото земјиште зафаќа површина…

Село Пештани

Пештани се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на крајниот северозападен дел на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 18,5 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.297…

Село Полчиште

Полчиште се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на источната страна на територијата на Општината Витолиште. Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Има мошне голем атар, којшто зафаќа простор дури од 83 км2, односно, атарот катастарски се…

Село Манастир

Село Манастир

Манастир се наоѓа на западната страна во прилепскиот дел на областа Мариово и и припаѓа на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 38 км. Атарот зафаќа простор…

Село Крушевица

Krushevica, Mariovo, Macedonia (55)

Крушевица се наоѓа на северозападната страна на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 759 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 26 км. Атарот е релативно голем и зафаќа простор…

Село Кокре

Селска слава: Дуовден (десет дена по Спасовден, педесет дена по Велигден) Кокре ce наоѓа на крајниот североисточен дел на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, Атарот е релативно…

Село Кален

Селска слава:  Христовото вознесение- Спасовден (40 дена по Велигден) Кален се наоѓа на крајниот северозападен дел на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово, недалеку од патот Прилеп -Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри.…

Село Живово

Селска слава:   Митровден  – Свети Великомаченик Димитрија (8 Ноември) и  Преподобна Параскева (Петковден). Живово (Жиово) се наоѓа во источниот дел на територијата од прилепскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, во Општината Витолиште. Селото е планинско,…

Село Дуње

Село Дуње Мариово

Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, во рамките на Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 29 км. Атарот е мошне голем и зафаќа…

Село Врпско

Селска слава: Свети Архангел Михаил (21 Ноември) Врпско е мошне мало село, кое се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општината Витолиште, поточно во прилепскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска…

Село Вепрчани

Вепрчани лежи на северната страна во прилепскиот дел на областа Мариово, и  припаѓа на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 34 км. Има голем атар, којшто зафаќа простор од…

Село Бешиште

Село Бешиште

Бешиште е едно од најголемите и најпознати села во јужниот дел на Прилепско Мариово. Сместено е во некогашната Општина Витолиште, која денес административно припаѓа на Општина Прилеп. Селото се наоѓа во ридско-планинскиот предел, на десната страна од реката Црна, опкружено…

Село Витолиште

Село Витолиште

Витолиште е најголемото и едно од најзначајните села во прилепскиот дел на Мариово. Сместено е во јужниот дел на областа, во подножјето на планината Козјак, каде што неговиот простран атар се допира со територијата на денешната Општина Кавадарци, односно со…

Село Орле

orle-mariovo

Орле  се наоѓа во источниот, битолскиот дел на Мариово, на северозападната страна на територијата на Општината Новаци, а на падината на Селечка Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 830 метри. Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него…

Село Петалино

Петалино е наполно раселено пред 1953 година. Селото се наоѓа на територијата на Општината Новаци, од десната страна на Црна Река. Селото лежи на надморска височина од 800 метри, а атарот зазема простор од 7,7 км2. Во 1880 година е…

Село Ивени

Ивени се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, односно во битолскиот дел на Мариово и припаѓа на Општината Новаци. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од централното место Битола тоа е оддалечено околу 40 км. Селото…

Село Брник

selo brnik 03

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и…

Село Груништа

Груништа - село во Битолско Мариово

Село Груништа се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола.Во Груништа егзистираат две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното…

Село Будимирци

budimirci 02 pano

Будимирци се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Република Грција. Селска слава:  Преподобна…

Село Рапеш

Рапеш - село во Битолско Мариово

Рапеш се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, на источната падина на Селечка Планина, а на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него обработливото земјиште зазема…

Село Маково

Маково се наоѓа на крајниот дел на Битолското Поле, лоцирана, речиси на сртот на Селечка Планина, а во рамките на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. До него денес е изграден добар асфалтен…

Село Старавина

Старавина - родното село на Калеш Анѓа

Село Старавина некогаш центар на Општина Старавина е лоцирано на 50 км од Битола. Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера…

Село Зовиќ

Movie bridge Zovich village

Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 50 км од Битола. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост. Мостот е изграден 1955/56 г на…