Село Градешница

Селото Градешница, родното место на Итар Пејо е лоцирано по течението на Градешка река, чија што природна убавина го разубавува погледот кон селото кога се пристапува до него.

Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри на 52 км од Битола.

Не се знае кога точно настанало селото, но според археолошките наоди може да се утврди дека на ова место постоел континуитет на живеење дури од праисторија. Доказ за ова е керамиката декорирана со спирали вградена во црквата Св. Ѓорѓи, во горниот дел на селото.

Она што малку луѓе го знаат е тоа дека во ова село во 1952 г е пронајден и заб од Мастодонт, еден од деветте примероци од Мастодонт пронајдени во Македонија, кој денес се чува во Природниот музеј во Белград.

Селото го слави празникот Св. Илија – Илинден, кога во манастирот во близина на селото се собираат голем број на иселеници и жители од другите мариовски села.

Црква Св. Димитрија, с. Градешница

Црквата Св. Димитрија во село Градешница е една од најстарите во битолскиот регион. Потекнува од ХVI век и е градена од камен и малтер, а покривот од камени плочи.
Во внатрешноста на црквата олтарниот дел е разделен со ѕидан иконостас, што преставува вистинска реткост.
За време Првата светска војна, преку покривот во црквата паднала артилериска граната, но не експлодирала.

Црква Св. Димитрие, с. Градешница, Мариово

Црква Св. Никола

Во центарот на село Градешница се наоѓа црквата Св. Никола, која е најголема од осумте цркви кои се наоѓаат во ова село.

Св Никола Градешница

Село Градешница е познато како село со богата Христијанска традиција и во деветнаесетиот век, особено во втората половина, кога се изградија и обновија многу цркви во Република Македонија, започнаа работите и за реконструкција на црквата Св. Никола.

Над влезот во црквата стои дека истата е обновена во 1863 г, но од кога истата постои и дали на тоа место постоела друга помала црква, сеуште не е познато.

За време на Првата Светска Војна, црквата ја претрпела судбината како и на сите останати куќи во селото, кога материјалот од истата, бил употребен како потпорен материјал во рововите.

Црквата била поправена во 1923 година и фреските биле обновени во 1927 година од страна на Коста Николиќ со неговите синови Јаким и Теодосија, по потекло од Лазарополе. Црквата била осветена истата година од Јосиф – Митрополит од Битола.
Неодамна, покривот и тремот на црквата се обновени од страна на месното население.

Остатоци од Стара Римска Вила – црква Св. Андонија

Постоењето на Римската тврдина Пешта, како доминантна стратешка позиција во овој регион, резултирало со изградба на резиденцијални вили во село Градешница, во близина на денешниот т.н. „Темнички Вир“.
Според Д-р Бранислав Ристевски од Институтот за Старословенска Култура во Прилеп, на местото на денешните цркви Св. Андонија, Св. Ѓорѓи и Св. Спас, постоел комплекс на римски вили во периодот од средината на II до крајот на III век. Ова било откриено во склоп на опсежните археолошки истражувања, изведени во периодот од 1990 до 1998.
Делот кој се наоѓал на местото во близина на денешната црква Св. Андонија имал резиденцијален карактер и бил наменет за уживање, делот на местото на црквата Св. Спас (над Темничкиот Вир) имал производен карактер и во вдлабените делови од карпите кои јасно се гледаат и денес се произведувало вино. На местото на црквата Св. Ѓорѓи постоеле резиденцијални и производни простории.
Покасно во IV век, вилата која се наоѓала на местото на црквата Св. Андонија, била трансформирана во ранохристијанска црква, остатоци од која можат да се забележат и денес. Постоечката црква Св. Андонија е изградена во осумдесеттите години на минатиот век.

Може да се каже дека природата била навистина дарежлива во ова мариовско село, кое со својата еколошки чиста околина надалеку е познато
по производите како што се Мариовското јагне, Биеното сирење и Мариовскиот мед.

Број на жители по години:

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија воИме на селотоГрадешница
Дефтер бр. 4 од 1476/77Хане100
Неженети9
Вдовици11
Годиш. приход12092
Дефтер бр. 16 од 1481/82Хане109
Неженети 
Вдовици 
Годиш. приход 
Дефтер бр. 73 од 1519Хане147
Неженети10
Вдовици10
Годиш. приход8414
Дефтер бр. 149 од 1528/29Хане141
Неженети20
Вдовици6
Годиш. приход7848
Дефтер бр.232 од 1544/45Хане33***
Неженети!7
Вдовици 
Годиш. приход4070

 

 ВкупноМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОстанати
Градешница (-) 19481 013................
Градешница (Старавина) 19531 0851 0850000000
Градешница (Мариово) 19611 0191 01600....2..1
Градешница (Битола) 19717707700000000
Градешница (Битола) 198168767900000..8
Градешница (Битола) 19911571570000000
Градешница (Битола) 19941151150000000
Градешница (Старавина) 200289880100000
Фуснота:
Извор: Државен завод за статистика