Ознака Битолско Мариово

Битолско Мариово се простира на површина од 333 км², што претставува 32 % од вкупната територија на Мариово. Овој предел се одликува со специфични природни особености, богата историја и бројни населби кои низ вековите развиле препознатлив начин на живот.
Селата од овој дел традиционално биле поврзани со Битола како најблизок градски центар, а до 2004 година биле дел од општината Старавина.
Денес овие села се дел од Општина Новаци.

Село Градешница

Градешница панорама

Селото Градешница, родното место на Итар Пејо е лоцирано по течението на Градешка река, чија што природна убавина го разубавува погледот кон селото кога се пристапува до него. Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри на…

Село Орле

orle-mariovo

Орле  се наоѓа во источниот, битолскиот дел на Мариово, на северозападната страна на територијата на Општината Новаци, а на падината на Селечка Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 830 метри. Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него…

Село Петалино

Петалино е наполно раселено пред 1953 година. Селото се наоѓа на територијата на Општината Новаци, од десната страна на Црна Река. Селото лежи на надморска височина од 800 метри, а атарот зазема простор од 7,7 км2. Во 1880 година е…

Село Ивени

Ивени се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, односно во битолскиот дел на Мариово и припаѓа на Општината Новаци. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од централното место Битола тоа е оддалечено околу 40 км. Селото…

Село Брник

selo brnik 03

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и…

Село Груништа

Груништа - село во Битолско Мариово

Село Груништа се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола.Во Груништа егзистираат две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното…

Село Будимирци

budimirci 02 pano

Будимирци се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Република Грција. Селска слава:  Преподобна…

Село Рапеш

Рапеш - село во Битолско Мариово

Рапеш се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, на источната падина на Селечка Планина, а на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него обработливото земјиште зазема…

Село Маково

Маково се наоѓа на крајниот дел на Битолското Поле, лоцирана, речиси на сртот на Селечка Планина, а во рамките на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. До него денес е изграден добар асфалтен…

Село Старавина

Старавина - родното село на Калеш Анѓа

Село Старавина некогаш центар на Општина Старавина е лоцирано на 50 км од Битола. Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера…

Село Зовиќ

Movie bridge Zovich village

Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 50 км од Битола. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост. Мостот е изграден 1955/56 г на…