Село Зовиќ

Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 50 км од Битола. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост.

Мостот е изграден 1955/56 г на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на еден локален селанец, кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот (постоечкиот) мост од мајсторот Џуладин од Струга.
 Воодушевен од убавината на мостот, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, сними дел од својот филм „Прашина“, токму на ова место.
Под мостот на една висока карпа е насликан светецот Свети Ѓорѓи, како еден вид на остаток од црквичето кое постоело таму.

Во село Зовиќ има две цркви.

Црквата Св. Никола е лоцирана во центарот на селото и е изградена 1862, претрпела големи оштетувања за време на Првата Светска Војна и е обновена 1927 година. Интересно за оваа црква е податокот дека нејзините ктитори, односно два од побогатите селани кои го помогнале нејзиното градење, се презентирани како светци на влезовите на црквата, што претставува вистинска реткост во овие краеви.

Црквата Свети Атанасиј е мала еднокорабна црква изградена надвор од селото во XVII век од кога се смета дека и селото постои на ова место.

Зовиќ е една од најпосетуваните локации во Мариово, и неодамна неколку куќи се обновени и истите се понудени за ноќевање на странски и домашни посетители.

Селска слава:   Митровден  – Свети Великомаченик Димитрија (8 Ноември)

Статистички информации

Зовиќ се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, а според просторот на атарот, разделена е на два дела, стара и нова населба. Така, атарот на Зовиќ I се допира со територијата на Општината Старавина, а атарот на Зовиќ II се допира со државната гранична линија со Република Грција. Припаѓа на Општината Старавина. Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри (се однесува за Зовиќ II). Од градот Битола населбата е оддалечена околу 52 км. Атарот на двата дела зафаќа голем простор од 22,3 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.287,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 644,8 ха, а на шумите 257,8 ха. Селото, во основа, има полјоделско – сточарска функција. Позначајни цркви се Св. Ап. Николај и Св. Вмч. Атанасиј Велики, како и храм Св. Николај Чудотворец (1868 година).

Број на жители по години:

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во

Име на селото

Бзовик

Дефтер бр. 4 од 1476/77

Хане

18

Неженети

2

Вдовици

 

Годиш. приход

943

Дефтер бр. 16 од1481/82

Хане

28

Неженети

 

Вдовици

2

Годиш. приход

1835

Дефтер бр. 73 од1519

Хане

50

Неженети

10

Вдовици

3

Годиш. приход

2627

Дефтер бр. 149 од 1528/29

Хане

57

Неженети

8

Вдовици

2

Годиш. приход

3620

Дефтер бр.232 од 1544/45

Хане

40

Неженети!

8

Вдовици

 

Годиш. приход

2110

 

 

Вкупно

Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Бошњаци

Останати

Зовиќ 1 43) (-) 1948

338

..

..

..

..

..

..

..

..

Зовиќ 1 43) (Старавина) 1953

356

356

0

0

0

0

0

0

0

Зовиќ 1 43) (Мариово) 1961

388

388

0

0

0

0

0

0

0

Зовиќ 1 43) (Битола) 1971

317

317

0

0

0

0

0

0

0

Зовиќ 1 43) (Битола) 1981

145

144

0

0

0

0

0

..

1

Зовиќ 1 43) (Битола) 1991

56

56

0

0

0

0

0

0

0

Зовиќ 1 43) (Битола) 1994

54

54

0

0

0

0

0

0

0

Зовиќ 1 (Старавина) 2002

31

31

0

0

0

0

0

0

0

Фуснота: 
Извор: Државен завод за статистика

{oziogallery 229}

Литература:
1. „ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА СЕЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“  ГЕОГРАФСКИ, ДЕМОГРАФСКИ, И АГРАРНИ ОБЕЛЕЖЈА
АВТОР: МИТКО ПАНОВ,  Скопје, 1998