Село Старавина

Село Старавина некогаш центар на Општина Старавина е лоцирано на 50 км од Битола.

Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера и да не се предаде на прилепскиот кадија.

Калеш Анѓа била заробена на подмолен начин и нејзиното спасување од домот на кадијата, на некој начин претставува вовед во организирано востание против Отоманската империја или т.н. „Мариовска буна“(1564/65 г).
Населението во Мариово и пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат тврдината Пешта(2), лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода. Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.

Постојат докази дека тврдината Пешта постоела уште од времето на античките македонски кралеви. По Мариовската буна таа ја изгубила својата оригинална намена и била оставена на забот на времето. Денес разрушена, во голема мера и поради бомбардирањето во текот на Првата светска војна, таа останува како нем сведок за бурното минато на овие простори.

Селска Слава: Голема Богородица (28 Август)

Број на жители по години:

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во

Име на селото

Старавина

Дефтер бр. 4 од 1476/77

Хане

Пресметано заедно со с. Градешница

Неженети

Вдовици

Годиш. приход

Дефтер бр. 16 од 1481/82

Хане

38

Неженети

 

Вдовици

 

Годиш. приход

1208

Дефтер бр. 73 од 1519

Хане

80

Неженети

14

Вдовици

5

Годиш. приход

4156

Дефтер бр. 149 од 1528/29

Хане

77

Неженети

8

Вдовици

 

Годиш. приход

6929

Дефтер бр.232 од 1544/45

Хане

63

Неженети!

9

Вдовици

 

Годиш. приход

2190

Вкупно

Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Бошњаци

Останати

Старавина (-) 1948

666

..

..

..

..

..

..

..

..

Старавина (Старавина) 1953

741

718

0

5

0

0

13

..

5

Старавина (Мариово) 1961

655

649

0

0

..

..

5

..

1

Старавина (Битола) 1971

405

405

0

0

0

0

0

0

0

Старавина (Битола) 1981

217

214

0

0

0

0

1

..

2

Старавина (Битола) 1991

43

42

0

0

0

0

1

0

0

Старавина (Битола) 1994

26

26

0

0

0

0

0

0

0

Старавина (Старавина) 2002

23

22

0

0

0

0

1

0

0

Фуснота: 
Извор: Државен завод за статистика