Св. Спас – Манастир Чебрен

Црквата св. Спас во близина на манастирскиот комплекс Чебрен е мала еднокорабна црква ( 6,30 х 4,30 м.) со полукружна апсида на исток и влез во наосот на запад .

Градена е од обичен речен камен со врзиво од варов малтер. Внатрешноста е поделена со дрвена олтарна преграда  на два дела .

Сите четири ѕидови од наосот и олтарниот простор се живописани во фреско техника.

Според досегашните сознанија и стручната литература фреските се датирани во 16 век.
Нивната сочувана површина изнесува околу 60м2.