Ознака Тиквешко (Кавадаречко) Мариово

Тиквешко (Кавадаречко) Мариово е најмалиот дел од регионот и зафаќа површина од 210 км², односно 20,3 % од вкупната територија на Мариово. Иако е територијално помало, ова подрачје има особено значење поради својата географска положба и историскиот развој.
Селата од овој предел гравитирале кон Кавадарци и Тиквешката Котлина, што влијаело врз нивниот економски и општествен развој. До 2004 година, најголемиот дел од тиквешкото Мариово бил организиран во рамките на општината Конопиште.
Денес овие села се дел од Општина Кавадарци.

Село Галиште

Галиште е веќе раселена населба, се наоѓа на крајот од југозападниот дел на територијата на Општината Кавадарци, чиј атар, во Мариовската област, се допира со територијата на Општината Витолиште. Селото е планинско, на надморска височина од 740 метри. Од градот…

Село Мајден

Мајден се наоѓа во областа Витачево, јужно од Кавадарци, а на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри. За него не постојат аграрни податоци, бидејќи не се води во катастарската евиденција. Број на жители…

Село Р’жаново

Р’жаново се наоѓа во високиот дел на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 990 метри. За оваа населба не е водена катастарска евиденција. Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Број на жители…

Село Клиново

Клиново  се наоѓа на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 770 метри. Атарот зазема голем простор од 76,8 км2. На него доминираат шумите на површина од 5.801 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 ха, а…

Село Рожден

Рожден се наоѓа на крајниот југозападен дел на територијата на Општината Конопиште, под источната падина на планината Козјак. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 81,9 км2. На него доминираат…