Сокол (1.822 м.н.в) – врв на Ниџе Планина

Сокол (1.822 m) е еден од врвовите на Ниџе планина, сместен длабоко во регионот Мариово на самата македонско-грчка граница.
Ниџе планина (во Грција - Όρος Βόρας, Voras) се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија и преку нејзиниот срт води државната граница со Република Грција.


