Јован Василев од Б. остана рано без татко. Мајка му Стојна остана црна вдовица— сиња кукавица без нигде никого и ништо свое. Сета сермија што и ја остави Васил беше една плетена кошарка со слама покриена, една мала огратка и градинка околу неа и неколку прслици далеку во планината каде што пасеа зајаците.
Тој беше неподвижниот имот на Васил Јовановски Арнаутинот. A подвижниот беше уште ,„поголем”. Дванаесет овци осум кози, една крива магарица и пет-шест кокошки со еден петел во нив. Посатката пак в куќи не се „добројуваше”. Три смрекови столчиња, две каци, еден вршник, една кација, два котла, една софра и ноќвите за леб месење. A за постелите и рубата да не зборуваме. Невестинските два покривача, една сакма, гуна и неколку парталави преперници што ги сменуваше Васил секоја втора недела, немајќи гаќи за секоја преоблека.
Јадење пак остави Васил според народната песна:
Шикла сокница — полна пченица
Од глувче меше — полно со мавца
Од жаба нога — цела пастрма..
Што можеше тогаш Стојна друго да прави освен да се премажи?
Се премажи в село и го зеде со себе тригодишното Јоше, но очувот се погоди терсене карактер (како сите селски чорбаџии) и отворено и рече на Стојна:
„Не можам јас туѓа челад да гледам. Многу јаде твоето дете; те задржува од работата; ти само за него тегниш; моите си ги напуштила” дури еден ден отворено не и рече: „барај му го чарето нему, ако сакаш кај мене да го јадеш лебот. Инаку, барај сиго и ти чарето. Не ми треба мене жена што ќе ми ја запусти куќата.”
Стојна истури еден грст солзи по Васила. Сиромав, сиромав ама барем зборот му беше сладок и милоста меѓу нив со ништо не се плаќаше. Ама го прости господ пред време. Што да му прави сега на детето!? Да го истера ли надвор од дома или да се врати и таа во својата мила кошарка со него?
Плака Стојна и кука над својата зла судбина, и, како секоја мајка што се жртвува за чедото, и таа, уште на втората година по премажувањето, го напушти Веска и се врати во куќарката од Васила. Се врати и заживеа вдовички самотен живот. Сама се грижеше за куќата, за работата на малкуте нивчиша и градинчиња што и останаа од Васила; сама ораше, сама копаше, та” дури и овчарка прооди неколку зими дури да и потпркне Јошето. Кога ова ги наполни шесте години, Стојна веќе му ја предаде грижата за овците. Тргна Јошето овчар со децата од стрика му и уште првата пролет извади десет јагниња и шест јариња. Срцето и прваше на Стојна кога го гледаше својот малечок берокуќник како се грижи за јагнињата и јарињата; како ја тера магарицата товарена со вејки или порековици. A кога во деветтата година Јован се фати прв пат за рачица и ја тргна првата бразда во огратчето зад куќа, Стојна ги навири очите, се заврте спроти сонце, се прекрсти и со затаен здив си прошепна: „Сиот татко му Васил! Арнаутин ќе биде во работата”. Така го викаа селаните татко му на Јована — Арнаутин оти многу работеше како Арнаутин. А кога Јошето истото лето заврте и вител и го врза првиот сноп во истото тоа огратче во коешто пролетоска го фрли првиот заграб семе, мајка му веќе се издиши длабоко, ги растовари сите домаќински работи од својот грб му ги натовари на Јошето. Го држеше уште „ќесето”, но по две-три години и од таа беља куртули. Јошето почна само да продава, само да купува, само да ги крои работите и да ги врши. A со тоа веќе стана „ас домаќин”. А ги фати веќе тринаесетте години; завлезе во четиринаесетата.
Кога виде Стојна дека Јошето нејзино со убавина и со богатство не ќе може да прелаже девојка, се утеши со оваа друга негова добродетел:
„Со итрина тој маж ќе си прелаже невеста; со лага…” си мислеше таа и почна да му ја зацврстува таа добродетел:
„Не давај му се на никого да те лаже и да се мајтапи со тебе. Лажи ги ти другите и терај шеги со нив”, — му зборуваше секоја вечер и му ги раскажуваше сите приказни за Итер Пеја; особено оние каде што Пејо надмудрува.
„Петел да бидеш како Пеја, а не кокошка како сите ѓаци на Настрадин оџа,” му велеше кога му ја раскажуваше приказната како Итер Пејо и на Настрадина му подвалил и не снесол јајце како другите ученици, ами запеал како Петел. И кога Настрадин му рекол зошто не снесол јајце, ами пее како петел, Пејо му одговорил: „Зар во волку кокошки не треба еден петел?” Настрадин се насмевнал и разбрал дека ова дете не е како другите, та уште од малечок го засакал Пеја и доживоти го имал за пријател и еснаф во лагите и мудролиите.
И Јошето Арнаутово навистина во тој правец се разви. Ги научи сите селски трикови и марифетлаци. Научи одлично да свири на гајда, а уште поубаво на тамбура и со тоа веќе навистина помина во отменото друштво на времето. Кој знаеше да свири на тамбура, тој се сметаше за челебија, ага, бег, господин човек. Уште детиште пресрами оро да води на танец, да пее поарно од Митрета и Стојчета Куцовци што важеа како најдобри пеачи во цело Мариово; ги имитираше, речиси, сите животни, а особено кучињата, мачките и петлите та со нивните гласови правеше секаде разни шеги; ги плашеше девојчињата небарем куче ги здрмолило; ги будеше селските петли уште навечер, а во Сечка ги собираше мачките во некоја плевна, мјаукајќи како прав мачор. А научи и писмо во Чебренскиот манастир, та уште во седумнаесеттата своја година почна да пцала во црквата. Се изненадија луѓето на пријатниот и силен глас, а поп Тодор не можеше да најде зборови да го нафали неговиот нов пцалт — Јошето Арнаутово.
Сo сите овие особини Јошето Арнаутово веќе се нареди меѓу најбашта луѓе во Мариово’, почнувајќи од попот па надолу до чорбаџиите: Јована Сивета што имаше по илјада-две глави јарци и тргуваше дури со Каиро и Александрија, а веќе Атина, Истамбул и Солун му беа како дома да е; Јована Гуров од В. којшто долго време беше фарија кај битолскиот валија Абдул Ќаазим и цели дваесет години коџабашија, трговец; со шегаџијата и циркузантот Чала; со трговецот Мицета од Б. со Тошета Налев од Битола, со даскалот Дима, Бина, со Младена Чкулот од В. анџијата, со Џака, Васила од Д. и со други видни луѓе од сите села ка Мариово. А мудурот, јусбашијата и сите чауши и башчауши го викаа секогаш во нивното друштво да се развеселуваат со неговите вицеви и досетки што им ги кажуваше, пушејќи заедно со нив тутун, пиејќи ракија, јадејќи дебелите печени брави.
Поради овие негови особини почнаа и девојчињата во селото да го сметаат веќе во ергените.
„Грдо, грдо Јошето Арнаутово, ама ене го не, каде седи со мудурот, јузбашијата, со Ѓура, Сивета, даскалите и попот. Никакво чудо не е и тоа да стане поп или даскал. Гледате што убаво пее во црквата?” — се разговараа мајките на многу девојчиња и го редеа во ергените за нивните ќерки.
А Јошето почна да ги задева скоро сите девојчиња во селото. Прво со шаки, после и со вистински зборови кај сите натолче да го имаат предвид кога ќе, мислат на мажење .
„Убавина — за година”, им велеше на тие што му потфрлаа дека му е сплескана главата, шаплест носот и долги ушите. „Многу е полесно да ја дотераш главата однадвор отколку однатре”, им префрлаше тој на некои напрчени чорбаџиски ќерки што беа глупи како мисирки. „Нека е полна, та ако е грда”, им велеше и ги насамаруваше со некој од неговите вицеви, а тие си одеа засрамени дома да мислат што им рече грдото Арнаутче.
А од сиромаштијата Јошето ниту се плашеше, ниту, пак се срамеше. Нe се плашеше, бидејќи од работа не му се бегаше. А знаеше дека само со работа може да се излезе од неа. А не се срамеше, бидејќи не беше негова. Ја наследил татко му од деда му, но умрел млад, та не можел да излезе од неа. Да беше жив Васил, немаше да остане сиромав со неговата работа. Но таман се фати за работа и рече да ја истера, умре и му ја остави на синчето. Но тоа и се нагрби и почна полека, полека да ја пади од кај него. Со работа, со снаодливост ,ама веќе се осети дека нема да векува таа „ороспија” кај Арнаутчето. Тоа беше намегдан на сите; затоа и бабите почнаа да го редат во редот на зетовите за своите ќерки.
На еден панагир за прв пат се сретна Јошето во црквата со прочуениот мариовски итроманец и комедијаш Трајка Чала, и тоа во црквата на певницата. Не малку се изненади Чало кога го слушна убавиот баритон од грлото на едно, на вид сосема чурук детиште.
„Не остава господ никого без некој дар. Види го какво е алчак, а каков убав глас има. Ова се вели: да го затвориш и само да го слушаш, а да не го гледаш”, си помисли Чало во себеси и се пренесе назад за дваесет години во својата младост кога побегна со минхенскиот циркус да ги чува коњите од циркусот, но дарот што беше му го дал господ го направи токму циркуски уметник, та за тие дваесет години ја прокрстари цела Европа, ги изучи сите циркуски трикови и марифетлаци, но пак се врати во своето родно место В . да го затне своето дупче што зјаеше отворено со неговото раѓање. Така тој на селаните им ја објаснуваше желбата на човекот за неговиот роден крај.
,,Кога ќе се роди човек,” им велеше—„се отвора едно дупче во земјата и само тој може да го затне кога ќе умре. Затоа секој тегне пред смртта да се најде во родното место, за да си го затне своето дупче”. Затоа и тој по дваесетгодишно лутање се врати во родниот крај да не го изненади негде смртта, та да му остане дупчето незатнато. А тоа би значило вечно мачење на душата.
Се врати Чало во своето село и си ги донесе со себе сите циркуски вештини: одење по ортома, преслепување (хипноза), кловновски вештини еден кош, а лаги, шеги и шеретлуци — со товари.
— Да се нафатиме, ефенди, по една бела меџидија дека ќе голтнам десет црвени јајца и пак ќе ги вратам назад, — му предлагаше Чало на стариот мудур Арслан-беј на првиот Велигден по враќањето на сретселото пред педесетшеесет селани.
— Како ќе голтниш десет јајци, бе Чало, и пак ќе вратиш назад? — се инаетеше мудурот. — He можеш, жими вера, не можеш. Не терај мене да земам белата меџидија. Сиромав човек си.
— Ја ќе ја земеш, ја ќе ја земам, — се инаетеше и Чало и им намигаше на селаните да не се смеат. Тие почнаа да го дразнат бегот:
— He може, бег ефенди, не може! Така се петели Чало. Кај може човек да голтне десет јајца? И тоа црвени, нелупени? Тики дури пак да ги врати. Земи му ја белата меџидија…
— Ако не можам — ќе платам, бре! — се провикна налутено Чало и ја извади белата меџидија.
— Еве ја, бег ефенди. Ако не ги голтнам и вратам назад сите десет јајца, нека ти е алав.
Мудурот поттикнат повеќе од радозналост отколку за парите, се согласи ,та и тој извади една бела меџидија и му ја даде на коџабашијата.
— Дај и ти белата на коџабашијата да не пишманиш после облогот, — му рече и застана да гледа што ќе прави Чало со јајцата.
И Чало му ја даде белата меџидија на кметот, собра од луѓето што стоеја крај него десет црвени јајца и им ги покажа на сите. Ги изброи мудурот — токму десет.
— Гледајте сега сите, — им рече на присутните и почна да ги „голта” едно по едно. Кога го „голтна” и последното, му се обрна на мудурот:
— Шири шамијата, мудур ефенди!
Овој зеде една шамија од еден селанец и заедно со катипчето ја раширија. Чало почна да ги враќа јајцата, удирајќи се на секое иждригнување по врат. Едно, две, три, пет, седум, девет, десет. На очиглед на сите поврати токму десет јајца и токму оние што ги „голтна”
Се изнасмеаја селаните, се намурти мудурот, ама му ја даде белата меџидија.
По малку време дојде и мулазимчето од кашпата на орото и му се придружи на друштвото. My раскажа мудурот што му направи Чало, но тоа не поверува та се обложи со Чала на по два бели череци да пикне Чало десет јајца во едно шише оканиче штотуку беше го испразнил од виното.
Јок не можеш, јок можам, не можеш, можам, му ги зеде и нему двата черека, бидејќи јајцата влегоа во шишето така нелупени, црвени, и само тој — Чало можеше да ги извади.
Се обложи Чало со Рушит-чауш дека може да оди по ортома. Донесоа ортома и ја растегнаа на сретселото над главите на ораџиите и песнарките. Ја врзаа за јаболкницата на едниот крај и за црницата на другиот. Чало се качи на ортомата со една прачка в раце, ја јавна „магарицата” (така ја викаше Чало оваа точка од својата „програма”) и почна да ја тера, удирајќи со прачката пред него и зад него. По третото удирање рипна и застана на ортомата, поревајќи се лево и десно, но тргна напред. Ората, песните и гајдите престанаа и сите се зазурија во Чала, којшто дојде некако до средето од ортомата, токму над главите на гледачите. Тука почна да се ниша и „само што не падна” да смачка некого. Луѓето ги запреа здивовите, жените проврескаа кога Чало се нишаше, но сите се издишија кога тој, просто, ја претрча другата половина од ортомата, се фати за една гранка од црницата и почна да изведува разни гимнастички акробации. Целиот собир гледаше во него кога тој застана и силно викна:
—Гледајте, луѓе, колкава греда влечи петелон! — и им го покажа петелот од Цуцевци кој штотуку излегуваше од портата. Луѓето се здрвија на местата. Цуцевиот петел влечеше по себе една греда десет метри долга. Почнаа бабите да цукаат, мажите да се крстат, агите да се чудат: како може петел да влече онолкава греда?
Но во тоа време се зададе одозгора по улицата една млада невеста, го виде Чала на ортомата, а ги слушна и жените пред неа што зборуваа за петелот со гредата, та ја разбра работата. Се опули во петелот, којшто мирно си тргна по улицата надолу, па почна да вика на сиот глас — Mope ве преслепил Чало, чума да го удре; каква греда. Петелот сламка влече, — го рече ова и се опули во Чала. Но како што си одеше спокојна и сакаше да ја пречекори браздичката, во која течеше сосема малку вода, веднаш почна жената да се собува. Набрзина се собу боса, си ги кладе чевлите во чорапите, си ги наметна на вратот и со двете раце почна да си ја засучува кошулата. Сиот народ се заѕвери сега во неа, а таа си продолжи да се засучува се понагоре и понагоре додека не и се прогледа и папокот. Откако се засука почна полека да гази во браздичката, не обрнувајќи никакво внимание на смеите, викањата и плускањата на сите присутни на сретселото. Ја прегази браздичката, си ја спушти кошулата, се обу, и сакаше да продолжи надолу по улицата, но наеднаш и се сретнаа очите со Чаловите и таа ги погледна луѓето на чаирот што се виткаа од смеа; се фати за очи и прсна нагоре да бега. А Чало викна по неа:
— Сламка или греда влечи петелот, невесто Достоооо!
Што и направи Чало на Доста та што се засука на сретселото пред сите селски мажи, жени па и пред Турците, пред коишто ни лицето не го откриваше?
Кога пдоцна ја прашаа за ова, таа раскажуваше:
„Кога реков дека петелот влече сламка а не греда, се опулив во Чала. Од неговите очи светна нешто како молња и јас трепнав. А кога ги отворив очите, браздата што беше пред мене, беше се сторила една река таман до папок да ме фати. Затоа се собув и се засукав да ја прегазам реката не гледајќи никого околу мене. Кога ја „прегазив” пак се опулив во Чала, пак ми светнаа очите, пак трепнав, и кога видов што направив пред целиот народ, побегнав дома”.
Сиот народ што беше на сретселото се изнасмеа и се изначуди на Чаловите трикови, a Турците особено беа задоволни со последниот. И колку беа намуртени кога Чало ги преслепуваше и им ги земаше парите, сега го викнаа пак во нивното друштво и заметнаа нови вицови и шеретлаци. My порачаа друга оканица вино и му ги сторија алав парите што им ги зеде. Тој седна на едно столче, ја префрли едната нога на вратот, потоа другата; им мрда со ушите; го заврте носот на тилот, устата на челото; штрекна вода од папокот; заврза едно момче што стоеше близу до него и го развалка како пењушка низ чаирот; друго натера да си ги собуе гаќите да игра прескакулица без гаќи. Барем така им се гледаше на луѓето што се држеа за стомаци од смев. Се знае ли уште какви ли не циркуски трикови не изведе дури та распади сите млади жени да си одат дома да не гледаат во нив Турците.
А стариот мудур’ стално го дразнеше Чала:
— А Чало? Ќе дадам тебе цел лира ако натераш Дафикчето да засучит до палок. Да обложиме оти не можеш!
— He сакам, бег ефенди, не сакам. Та да сакам и тебе ќе те натерам да поминеш низ чаир без бечви. Само, што не го носи редот — не го правам, — одговараше Чало и правеше други пристојни шеги.
И штотуку им ја раскажуваше на агите својата последна шега, се зададе мртовечка процесија право низ сретселото. Умрел дедот Секула Богданов та на пат за „вечната куќа” го поминаа токму низ сретселото — низ оралиштето. Co неговата појава, т. е. со појавата на попот и мртовечкиот сандак по него носен од четворица луѓе, a последуван од пет-шест старици, гајдите за миг запреа и луѓето ги симнаа фесовите. Жените се одбрадија и сите се прекрстија. Направија пат да замине мртовецот и секој во себе се прости со стариот сиромашец и испустинец Секула и си помисли: „Види , види праведна душичка, сиромав дедо Секула. Си го прибра господ на денешен, сполај му нему.” Да умре човек на Велигден значи дека бил праведен на овој свет и душата ка таков човек оди право во рајот. Затоа сите на сретселото му заблазија на дедот Секула што се пресели од „вечна” во рајот.
И навистина дедот Секула на овој свет беше во „вечна”. Останат сам без нигде никого и ништо, проживеа седум-осумдесет години темен и тежок живот, та кога умре одвај се најдоа луѓе да го закопаат. И да не беше единствениот негов имот и сермија — магарето, за големо чудо ќе останеше долго време незакопан. Но тоа сврши работа. Ама ќе речете како магарето сврши работа? Еве како:
Наследникот на овој дедо – Секулов „имот”, далечен некој роднина, Трајко Митрев, и тој окапан вдовец, со пет-шест ситни дечиња, се најде во чудо кога му кажаа дека стрико му Секула умрел.
„Ај беља”, му се поплака на првиот комшија Јордана Мурџев. „Што се прави, ал стрико Јордане, ене го умрел дедот Секула.. .
— Умрел, Трајче, умрел бог да си го прости, што има да правиме. Сите ќе појдеме кај него. К блазе си му оти на денешен си умре! — му одговори дедот Јордан и длабоко издивна во знак на сочувство за покојникот.
— Ќе појдиме за појдување, туку јас се најдов сега во тесно. Сака да се закопа мртовецот.
— Сака, ами … !
— А за тоа треба сандак, па да се заколе нешто за душа, да се плате попот. Сето тоа арчови се.
— Арчови се, ами! He велам јас оти не се арчови. Ама затоа пак ти ќе го наследиш неговиот имот …
— Mope, ќе го наследам неговиот имот, стрико Јордане; што имот ќе наследам. Едно криво магаре …
—Толку — толку! Вели бериќет и на тоа . . .
— А бре, велам, оти да не велам. Господ да си го прости, тој ќе умреше кога да е, туку поарно беше да почекаше докај Петковден, кога ќе го соберевме бериќетот. Тогаш човек можеше и да продаде нешто, да фата: некоја пара. Вака, што ал правам јас сиромав? Ни паричка имам, ни пак има што да продадам!
Јордан уште повеќе го направи увилено лицето. Јасно му беше на што се спрема Трајко.
— Што да ти речам, бре внучко? Позајми од некого, па ќе толчиш глава потаму, ќе му ги враќаш.
— Да зајмам, ама кој има сега пари на Велигден? Ајде, дај ми ти некоја бела меџидија.. .
— Тиии! Кај ме најде пак мене. Одкаде накаде кај мене пари?
— Mope ми, ако немаш ти со триста овци, кој ќе има друг, туку чини себап. He ти гинат, ако сум сиромав; да го суредиме човекот, греота е. ..
— Немам, Тале жими здравје… — почна да се тегави Јордан, па како да се присети нешто, продолжи:
— Немам, Трајче, немам и јас готова пара, туку и јас ќе се позајмам од пријатели, нека се живи, ако сакаш да ми го продадеш магарето од дедот Секула. Ми треба едно добитче за по бачилото. Ете ако сакаш .. .
— Да ти го продадам, оти да не. Итака не ми треба мене. Доста ми е моето. Туку.. . колку ќе дадеш за него?
— Лесна работа, џанум! Ете јас ќе го закопам дедот Секула. Ќе нарачам сандак, ќе заколам брав, ќе го платам и се што се сака и ќе ти придадам… — тука дедот Јордан позастана со муабетот. Сигурно сметаше колку ќе фати закопот, а колку чини магарето за да ја рече сумата што ќе му ја придаде на Трајка.
На Трајка не му се чекаше, затоа веднаш го праша:
— Е, колку ќе придадеш де? Речи… — Ти колку велиш, а?
— Јас! Што jac. Што ќе речеш ти, на тоа нека биде. Колку е мунасип.
— Јас велам да ти придадам уште педесет гроша, половина лира. Ја бива ли?
Трајко почна да се тегави:
— Долу рече, стрико Јордане, долу. Што се педесет гроша, стопанка му …
— Како долу, Тале? Пари се денеска педесет гроша — половина лира еј!
— А бре, знам оти се пари, туку магарето чини најмалку сто и педесет гроша— тие се лира и пол…
— Их лира и пол. Нe го гледаш криво е, уште на зима ќе пцовиса …
— Mope не го ни боде. Навистина малку накривнува, ама здраво е како челик. И на кобили рипа; ќе ти изваде некоја маска …
— Арно, арно, внучко, туку и јас треба да се арчам. Нe ќе бидат само тие педесет гроша. Есапи го прво сандакот колку пари ќе фати; па бравот, попот в црква сака да се пушти некоја пара…
— Mope што сандак ќе правиш, баму бељата, за дедот Секула. Тој сиромав не беше висок ни метро и пол. За него треба сандаче, а не сандак…
— А бре, така е за тоа, Тале, туку другиот мастраф ќе крене, е еве го платено магарето и над две лири.
— Што е малку педесет гроша, малку е. Туку придај барем три бели меџидии — шеесет гроша, та види му го аирот; нека ти е живо. Ајде, пушти го срцето. Еснаф ти беше дедот Кушо; нека му е за душа …
Ќе биде — не бидува, најпосле дедот Јордан кандиса на шеесет гроша или три бели меџидии.
„Иако е скапо, нека му е за душа бравот на Секула, и така за него не давам готови пари; овцата ми го објагни,” си мислеше дедот Јордан.
— Аирлија нека е, — му рече на Трајка и му ја стисна подадената рака. — Ела кај мене да побарам некоја пара и да се напиеме.
Отидоа кај дедот Јордана. Бабата Проќа им изнесе столчиња во дворот под оревот, им го донесе пагурчето со ракија и тие си почнаа:
— Ајде аирлија да е саатот. Бог да ни го прости дедот Куле, — благослови прв дедот Јордан и тргна од пагурчето.
— Господ да си го прости. Арно му текна да умре, да се напиеме…
Се напија по некоја и друга ракија, си ги зеде Трајко трите бели меџидии и тргна да си оди. Одеднаш застана на портата и се заврте назад:
— Слушај, стрико Јордане! Јас пак се најдов во гајле.
— Што е пак сега, што ти е кусо? — го праша стариот Јордан.
— He ми е ништо кусо, туку се сетив уште за еден адет. Нели кога ќе умре човек треба некоја жена да го тажи?
— Треба, внучко, треба како не треба. Во голем грев ќе се фрлиш ако нема кој да го таже стрика ти Секула.
— Ами чаре? Ти ме знаеш дека немам женичка. А Миша ми е уште малечка, не може да ја сврши таа работа.
— Лебами, за тоа не знам што да ти речам. Умре бабата Ристана, та таа кутрата ќе ти свршеше работа.
— Ај беља што ме фати пак… !
— Да ја викнеме Проќа моја, — се сети старецот. — Белким ќе ни помогне.
Се врати Трајко пак под оревот, се напија уште по некоја голтка од пагурчето, ја викнаа бабата Проќа и и ја изнесоа маката на Трајка.
Таа ги плусна рацете:
— Тууу! Таа ли ви е маката? Еве јас ќе го истажам. И така Куле ми беше некој сватовчина …
— Ама, жено … — почна да се буни дедот Јордан. —Многу ќе денгубиш …
Кутри Трајко се препали:
— Аман, стрико Јордане, ти па господ. Ќе платам што е мунасип, само да се сврши работа.
— Е, така бива, Тале, бива…
— Колку пари ќе ми сакаш, стрино Проќе?
Бабата Проќа почна да се чуди и му си опули на дедот Јордана. Овој и направи ишарет со трите прсти од десната рака, а таа продолжи:
— Еве вака: ќе ми дадеш три бели меџидии… Трајко подзина:
— Бреееј! За тие пари јас ќе ревам цела недела.
— Mope, Тале, ќе ревиш, ама нема да го истажиш како што треба. И тоа не е тукутака, запни се — реви. И тука си има мајсторија …
— Ами чаре? Од каде мене толку пари? Да не се многу? Толку ли скапо е тоа пусто тажење?
— Како многу, црни внучко! Ти мислиш таа работа е лесна, а? И знаеш, ќе го истажам како татко да ми беше или брат. И тоа, ем на закопот, после ќe го истажам на шесте недели, па на полта година, па на годината за тие пари. И тоа какво тажење ќе му сторам. Кутрата баба Ристана земаше по дваесет-триесет гроша за тажење ама тоа неоти тажење беше?!.. . Да се скине човек во смеа, кога ја слушаше. A јас кога ќе викнам, на сите солзи ќе му протечат, — А во себе си додаде „низ ногавици”.
Се витка Трајко, се обидува да ја навдали цената, но бабата Проќа не попушти ни за грош, та виде-невиде, се согласи на шеесет гроша или три бели меџидии.
— Ајде пак нека е аирлија саатот, — викна дедот Јордан и го накрена пагурчето. Трајко ги извади парите и му ги подаде на старецот, но овој му ја покажа бабата Проќа, и таа си ги прибра.
Ете како сврши работа дедо-Секуловото Maгape да не го остави својот стопан незакопан, A бабата Проќа низ сред селото разлегаше со тажбата и навистина ги заслужи шеесетте гроша.
Мудурот и овој настан го искористи да го задене Чала. Откако си ја кладе Чало капата, се прекрсти и му рече на дедот Секула: „со здравје, и носи му здраво-живо на свети Петрета нека отвора и за мене” мудурот почна да го задева:
— Знаеш, Чало, како велиме ние кога умират некој од вашите?
— Откај знам! — му одговори кусо Чало и почна да се мисли на каков ли трик сака да го наведе мудурот. Овој се насмеа гласно, а уште погласно проговори да го слушнат сите околу Чала:
— Кога умрит некој од вашите ние велиме умре еден магаре што јававме на него.
Чало ги свеси веѓите, потемне малку, но се направи како да не го засега него ова прашање, та дури се насмевна за да не осети мудурот дека е навреден. Па му се обрна тој нему:
— А бре, мудур ефенди, и ние велиме некако кога умира некој од вашите, ама не се вели тоа овде пред вас со мулазимчето!. Ке ви падне тешко, та ќе си имаме расправија за ништо.
Мудурот, мулазимот и чаушот напнаа да им каже Чало што велат каурите кога замира Турчин.
Чало се тегави, ењави, ама кога мудурот сериозно запна да му каже, овој се согласи, но само нему да му шепне на ушето и тоа под клетва да не се налути, ниту пак да им каже на другите Турци околу него.
— Ќе ти шепнам, — му рече —, ама ако не фаќаш кусур’ како јас што не фаќам. Инаку, ќе те натерам да се соблечеш гол и да шеташ низ сретселово на очиглед на целиов народ, — му се закани Чало.
Мудурот се согласи, а Чало му шепна на ушето:
— А ние пак велиме кога ќе умре некој Турчин: „умре еден пес што не лачкаше”.
— Ух, анасени. .. ана! — опцу мудурот, плашејќи се да не го соблече Чало, не им кажа на другите турци, ами го напушти Чала и сретселото и си отиде во конакот да се одморува.
Та со овој и ваков Чала ое сретна Јошето Арнаутово на еден панаѓир во едно мариовско село и „стариот ѓавол” реши да го испроба малото ѓаволче во ѓаволштините па да го подучи. И уште тука во црквата почна:
Застана тој на левата певница и почна да ги пее наредните песни, ама не како што треба, ами малку од почетокот, прескокни ја чинеше средината и заврши со крајот.
Ова го забележа Јошето, му се опули еднаш-двапати; и ја заврте главата, а Чало низ песната му рече: „На чекор, Јоше, на чекор!” И Јошето веднаш ја разбра работата, та и тоа почна да прескака и цели песни. За миг се срвши службата, што многу чудно му стана на поп Тодора.
Чудно — не чудно попот го рече отпустот, им го честита Денот на богомолците и ги пушти да си одат дома.
Чало и Јошето како попови „помошници” во работата, го дочекаа да се соблече и да ги прибере поскурите, и, како што му е редот, Чало ја крена поповата торба на рамо, попот го покани и Јошето да му биде денеска гостин, и сите тројца и тропнаа на поповата ќерка — домаќинката — бидејќи попот немаше попадија. My умре пред да се запопи токму на денот свети Игнатија, ја дигнаа и неа на носила. Затоа поповата куќа остана на постарото дете од попот ,— ќерка му Велика.
Големо „искушение” претрпе таа година Тодор Стојчевски, манастирскиот ѓак на Чебренскиот манастир.
Да се жени, или да се попи? беше прашањето. А тој го сакаше и едното и другото. Да остане без жена, беше уште млад —одвај на триесет и пет-шест години — не му се оставаше. А да се жени — не ќе може да се запопи, бидејќи канонот не даваше преженет човек да биде посветен. Затоа Тодор се витка, се крши, се чуди и дума кое од двете да го избере. Да се прежени — ќе му одлета засекогаш поплакот, што беше ретка среќа за сиромав човек како што беше Тодор. Да бидеш поп по тоа време, значи да и речеш збогум на сиромаштијата, од која секој сиромав сака да се избави, па и Тодор, се разбира.
„Ја ако се запопам зар не ќе можам да најдам жена макар и потајно, потскришум, крадено што се вели?” си помисли во себе и слатко се насмевна кога си припомни дека не се за бадијала толку приказни за поповите со разни селанки; како оваа да речеме: „На некојси поп му умрела попадијата, a пo црквените канони не може поп да се прежени. Ваму, не бил уште толку стар да не му треба попадија, а и дечиња му останале за гледање, та решил да го замоли владиката да му дозволи да прибере некоја жена, макар и под друга некоја форма; да речеме, да ја пријави како слугинка, готвачка, перачка, домаќинка. Така нешто како што прават католичките попови. Си имаат „готвачки”, „перачки”, „слугинки”, од кои им се раѓаат и по тричетири деца, ама канонот е запазен; нема попот попадија.
Владиката, и тој млад како попчево, поразмислил малку и најпосле си го дал „благословот.”
— Ајде да направам еден себап заради децата, амѕа ќе гледаш да прибереш некоја постара, докај педесет години, да не паѓа ептен в очи на селаните.
My благодарил попот на „милосрдието” и си отишол дома. Си отишол и почнал да бара жена каква што му рече владиката. Барал, барал, ама никако да најде таква. И најпосле се решил на едно. Се решил и го направил. Место една од педесет години, тој зел две пo дваесет и пет. Едната за готвачка, другата за перачка.
Кога по неколку години го прашал владиката што направи по таа работа, попот му ја кажал вистината, правдајќи се дека не можел да најде една од педесет години, затоа зел две од по дваесет и пет, да го запази канонот.
Владиката сиот задоволен му рекол:
— Многу добро си направил, но не е право ти да имаш две, јас ниедна. Ќе ми ја дадеш мене едната, нели?
— А, кабул не го чинам, свети владико! He можам јас да го газам канонот и да тргам маки на тој век во пеколот, — му одговорил попот и си отишол кај готвачката и перачката…”
И кога му дојде на ум горнава приказна Тодор, ич не се помисли; се запопи.
„Ете, и јас како тој попец ќе направам. Како на вдовец со две деца владиката сигурно и мене ќе ми дозволи да приберам некоја попрекршена жена од педесет години нагоре. A јас таква не ќе најдам в село, та ќе си земам две по дваесет и пет и ете го канонот запазен. И волкот сит — и овците на број.”
Со таа надеж Тодор го прими свештеничкиот чин и стана поп на пет-шест села наоколу. Се разбира дека си ја нареди работичката од сите страни, само што не прибра дома, ни една од педесет, ни две по дваесет и пет. И зошто му беа дома кога му беа сите врати в село отворени? И баш кога мажите беа по работа в поле или планина, поп Тодор влегуваше каде што сакаше и каде што го сакаа. А тој гледаше да не го крши канонот. Ако не беше една од педесет, гледаше да бидат две од по дваесет и пет и шест, Пак педесет и нагоре; токму по канонот. А куќата имаше кој да ја гледа. Постарото дете му беше женско и веќе на четиринаесет – петнаесет години, та можеше (барем најосновните домаќински работи да ги врши дури да му настане помалото — машкото. Кога ќе настан,е ова, Тодор ќе го ожени, а девојчето ќе си го удоми — омажи. Поарен од овој план за поп Тодора не можеше ни божицата на мудроста — Атина — да измисли.
И поп Тодор си запопува по селата. Штом ќе му се досвршеше грашокот си ја земаше торбата со „алатите” (требникот, епитрахилот, крстот и босилковата китка), си го викаше глувиот Мицка (нарочно него го земаше да му ја носи торбата, a да не слуша што ќе пее или зборува по куќите) и си заредуваше од долниот крај на селото.
„Во Јорданје крешчајушчусја тебе господа, троическоје јависја поклоненије”, започнуваше поп Тодор во секоја куќа каде што наоѓаше некоја старица, дете или повеќе од домашните. А каде наоѓаше сами млади невести што му го „фаќаа” окото, Тодор почнуваше отприлика вака:
,,Ех што си бела, што си дебела, црвена, убава; што очи имаш, нозе, гради, бутови…” и се ка гласот од тропарот „Во Јорданије…”
Тука ги бараше и ги наоѓаше поп Тодор оние две од по дваесет и пет место една од педесет.
Сите млади жени од селата уште од првата година по запопувањето го разбраа што „добиче” е нивниот нов поп Тодор. Некои од понамузлиите избегнуваа секаква средба насамо со него, но имаше и такви (и тоа повеќето жени со такви) што им беше и им е пријатно да си „побластарат” со некој туѓ маж; да го исчешаат јазикот со некој сочен или солен збор. А ако некоја можеше тоа да го направи со попот, тоа веќе беше ретко задоволство и особена чест. Толку повеќе што Тодор беше многу личен маж, а како поп — просто икона, што се вели зборот. Поради таа негова убавина уште од првите дни на запопувањето жените го крстија „поп Апсика” и мераклијките затрчаа по него. Затоа на секој Сведен, особено Богојавление, Велигден, Илинден или друг некој селски панагир, кога сите домаќини и домаќинки одат в црква со разни поклони (јадења), сите мераклијки жени се врвеа со поскури и ракии кај попот што седеше на чело на трпезата пред црквата и, подавајќи му ја поскурата со сирење, месо, јајце, јаболко и други разни мезиња врз неа, му го подаваше и пагурчето со ракија и секоја со свои зборови, пријатни за попчето и за неа, настојуваше да се на пие од нејзината топла, блага, лута ракија.
И дури една го канеше: „Повели, попче, сркни: од ракичкава;” друга она „сркни” го заменуваше со „лизни”; трета ја препорачуваше дека нејзината е слатка, со мед запржена, уште топла; четврта го убедуваше дека со машата стиснала грутка шеќер врз неа; петта — дека само за него ја стискала и одвај ја достискала, оти мажот и бил многу стрвен, дерман немала од него, та одвај ја дочувала за да ја обиде, да се напие, да шмркне, да лизне младото попче Тодорче.
Други се редеа пред попчето со погачи и на свој јазик го нудеа: „скрши, штипни, касни, попче, од погачава; не стегај се, не срами се, обиди ја зошто си свештено лице и народен човек. Треба на сите да ни го правиш ќефот; и на богати и на сиромашки…
И не само жените што го „почитуваа” свештеникот Тодора Стојчевски и му носеа поскури, погачи и ракија, ами и мажите што седеа околу него на трпезата, па дури и од другата и третата трпеза, идеа и му носеа и тие од своето јадење и пиење.
„Повели, попче, олушти некое од јајцава, јаболкава; повели, попче земи, глодни некое копанче од пилево; повели, попче, омези се од краставицава ако е крива, сочна е; од црвенава пиперка; ‘рпни, попче, од расолецов;. Види што е кревок; ‘рпа како магарешки трн на пролет…”
И попчето земаше од секоја и секого. Шмркнуваше, лизнуваше, ги обидуваше сите ракии, сите погачи, сите мезиња. На Велигден лупеше црвени јајца; на Богојавление — црвени јаболка; на Спасовден — криви краставици; на Илинден — лубеници и дињи. И никогаш не забораваше да не го благослови. Се разбира и тој со свои „одбрани” зборови. Жените отприлика вака:
„Да си жива ќерко, снао, внуко! Да си жива. Господ да ми те радува со машко дете на рака, ластегарка по грб . .. Убави соништа да сонуваш; мека брада да помазниш и на јаве, не само на сон… А мажите: — Да си благословен — како овца под…. крава под… кобила под…. ги благошаваше поп Тодор кога му пристапуваа со „страхопочитание” и му велеа „благослови прче, јарче, чепишче”. Сите знаеја поп Тодор што чешит е и секој сакаше да му се приближи и да скрши по некој виц со него или на негова сметка. А и тој тоа го знаеше и се држеше за онаа евангелиска изрека: „со каква мера мерите — со таква ќе ви се врати.” И на сите им враќаше.
Со ваквиот свој карактер поп Тодор остави многу приказни да се прикажуваат за него и за неговите згоди и незгоди.
* * *
Колку било верно не може никој да тврди, но и денеска се прикажува низ селата дека поп Тодор настрадал една ноќ во соседното село Ж. И место да се најде во неделата изутрина во црквата да служи литургија, него го нашле селаните во дрмата во долот закршен во шипјето и заграден од сите страни од сите селски пци.
Некои ја објаснуваа вака таа работа: Дошол попецот по мракот в село и на гумната на крајот на селото нашол една сама невеста. Ја поздравил, ја пофатил за брадичката и ја прашал каде ќе спие ноќеска.
— Овдека, на гумново, — му одговорила враголесто невестата.
— Сама ќе бидеш? — ја прашал.
— Како што гледаш, сама . . . !
Си отишол попот кај некоја баба каде што одел секој пат на конак, си ја оставил торбата со „алатите”, се навечерал и се напил некое и друго грненце вино, па и рекол на домаќинката да му постели во дворот; да не го јадат дома болвите. Бабата му ја исполнила желбата и попчето си легнало. Си легнало, ама умот му останал во невестата на гумното; како ќе спие таа сама кутрата и што прави? Тоа што се прави во ваков случај. Околу полноќ станал и се завлечкал на гумното од невестата. Понаѕрнал лево, понаѕрнал десно, ја видел постелата и се довлекол до неа. Во темницата не можел да види колку души лежат под покровот, ами на „игбал” се припикнал под покров од десната страна. И кога ја спружил раката да ја погали невестата го грабнала една рака за брада и еден машки глас почнал да вика: „Бргуте, луѓе, арамиите дојдоа да ме пленат”. Попот ја дрпнал главата назад, ама половината брада останала во раката на тој што свикал. Летнал попецот надолу од гумното, се загнал по нeго мажот на невестата со пците; на гласот од овие се назагнале и се собрале сите селски пци и го поткачиле попот да го бркаат долу долот. Човекот потрчал малку надолу од гумното, се препнал од некој камен и се вратил, туткајќи ги пците да го бркаат „волкот”. Попот за да им куртули на пците да не го налегнат, се спикал во некои шипје трнје во долот. Но затоа пак пците изналегнале наоколу и цела ноќ лаеле и не го оставиле да излезе од шипјето. Така го нашле утрото селаните затресен во долот; ги распадиле пците и го извеле да им служи литургија. Им отслужил, ги причестил и им го одржал секојдневното слово: „Што кажува поп — слушајте, а што прави поп — не гледајте”.
Друга незгода беше му се случила на поп Апсика еднаш на друго место. Пак кај некоја од дваесет и пет. Се потплашило попчето да не го затечат само со невестата, та немајќи каде да се засолни беше рипнало во празната преграда на амбарот во којашто чорбаџијата си турал брашно. Навистина преградата била празна, ама подот и страниците сеуште биле, бели, та прпелкајќи се и триејќи, попчето беше се направило цел воденичар. А свекорот од невестата не заборавил да го побара и во таа преграда, та го измолкнал за брада сиот испрпелан во брашно и му го предал на еден заптија што беше го повикал да му ја заштити честа, бидејќи на попчето не му беше првпат ова идење кај чорбаџијата кога овој не беше дома. Невестата се правдаше пред свекра си дека си го чува намузот, но не може да го истера со сила. И за да се одмане попчето, ја нагласија работата со свекра и да го „скрие” таа во преградата од брашното, а тој — свекор и — го повика Селим-чауш со еден заптија и му го предаде. Го протера заптијата низ селото така брашнав и му го теслими на стариот мудур Арслан-беј којшто беше дошол од В. да пресуди некои тужби на самото место; да не ги вика луѓето во В. на судење. Се изнасмеаја селаните, а повеќе селанките кога го помина заптијата преку село; се изнасмеа и мудурот и сите што беа околу него; му зеде една лира џеза и му се закани да не оди кај невестата Јованка кога е сама, оти, ако го дотераат пак, ќе го казни со десет лири.
Од тој ден поп Тодор не стапна веќе кај Јованка ни по службена должност а камоли на ,,муабет”, како што ги викаше тој ваквите посети. Ама затоа пак таа и целата нејзина куќа останаа со години неблагословени од свештено лице и како за инает, почна се наопаку да им оди во куќата. Јованка се разболе, свекор и си ја лацна половината и заоди прекршен со два стапа под мишка; едниот вол си ја окрши ногата на права ледина, а магарето се кремниса од мелот.
— Ја фатија Јованка клетвите од поп Тодор, — си повторуваа жените по чешмата и реката и и препорачуваа да оди кај попот и да бара прочка од него за навредите. „Колку да е грешен тој, неговото пак се слуша од Горниот,” и велеа.
И Јованка почна да се мисли. Не да се мисли, ами да ги послуша „умните” совети на старите жени. А во прашање беа: нејзиното здравје и напредокот на целата куќа. Проклетството, анатемата фрлена од попот паѓаше на целата куќа и за чудо големо ќе се запусти ако не се исправи некако грешката. А кој можеше да ја исправи? Само тој што ја направи! Свекорот ја натера Јованка да го подмами попецот и таа нему му се нафрли сега да ја исправа таа „неправда”. А и самиот свекор го почувствува „гневот божји” врз неговиот грб. Затоа потклекна – попушти. „Со свештено лице навистина шеги не се терале”, си помисли прекршениот свекор и си ги зеде двете патерици, па му отиде в црква на попецот. Го дочека да ја пушти црквата и застана пред „царските двери”.
Тодор го виде и ја разбра работата.
„Аха! Ми го доведе свети Илија златен!” си помисли во себе и го скрои планот за одмазда. „Ќе се мирам со него само под два услови: да не ме брка од дом, и да ми ја плати лирата што ми ја зеде Арслан-беј.”
И се согласи свекорот. Уште тука, в црква, ја извади лирата и уште една франга до неа за срамот што го претрпе низ село; му бакна рака и го одведе од црква право кај него дома на ручек. Јованка стана и ги пречека пред врата. И таа му бакна рака и го замоли да и прости и да ја благослови. А поп Тодор „охотно” го излеа сиот свој благослов на анатемисаната куќа и животот тргаа да си тече и во неа како во сите селски куќи. И тргна наприет на куќата, ама и поп Тодор почна слободно да си влегува и излегува од неа и дење и ноќе. Јованка со ништо не можеше да му се оддолжи што и го поврати здравјето, а свекорот — што ја симна анатемата од куќата.
* *
Дошол еднаш во поп Тодоровото село и владиката од Битола на таканаречената „канонска визитација”, отслужил архиерејска литургија и по одржаното слово им соопшти на селаните да останат тие што имаат некоја мака од попот и поплака на него; да му ја кажат нему — на владиката — а тој ќе го поучи, поискара, па, лебами, може и да го казни, та дури и да го аргоса, ако има толку големи грешки.
Останале скоро сите богомолци и некои се испоплакале дека попот не си ја врши совесно работата — не ја тера службата по канонот: венчава со мртовечката книга; на закоп пее свадбински песни; на крштење — оние од литија за додоле; на литургија чита молитви за „многочадие” и „плодородае” итн. итн. Со овие тужби излегоа пред владиката оние неколку души што се разбираа од црквените канони меѓу кои и самиот попов пцалт Арнаутчето.
Другите се поплакаа дека попот многу пари им зема за венчање, крштење, закоп и други свештенодејствија што им ги вршеше попот. Но најголемите и најмногубројните поплаки беа оние за неговиот неморален живот.
„Дерман немаат жените дома од него”, беше општата тужба.
А покрај овие и толку тужби се јави пред владиката и бабата Цвета Куцова со една необична тужба. (Како да беа малку другите.)
— Јас — рече — ќе ти се поплачам на попчето наше, свети владико, што тоа не иде навреме в црква. Ниеден ден јас не сум го затекла него пред мене да ја отворил црквата, ами јас чекам со саати пред врата дури тој да се наспие на сабајле.
П Тодор ги слушаше сите тужби, бидејќи владиката така ја нареди работата. Го затвори него во големиот долап зад него да слуша, a селаните да не го гледаат. Ги чу убаво сите селани што рекоа и не му падна криво и тешко, бидејќи сите си имаа по некоја мака и си ја кажаа пред неговиот старешина. Си имаа, значи, право да се пожалат. Ама кога ја слушна необичната тужба од бабата Цвета, цревата зовреа во него.
Си отидоа селаните, а владиката го изведе попот од долапот и почна да го суди и тефтиши:
— Слушаше! што зборуваа против тебе? —го праша и почна да му се заканува дека ќе го избриче ако е верно сето тоа.
— Нешто има и верно, ама повеќе се плускотници, свети владико, — му одговори попот мирно и почна да приведува против докази:
— Оти си ја вршам службата совесно и по сите канони нека послужат овие факти:
— Што сум венчал, можеби нешто се развенчало, ти дошло тебе таму, та и ти си видел некоја вајдица од тоа; што сум крстил, можеби се има потурчено некој; ама најди ти да се вратил некој што сум го закопал, тогаш обричи ме слободно довечера.
— Плускотници, траскотници, да си го пособереш умот ако не сакаш да те аргосам. Ако продолжиш вака, навистина ќе те избричам, та ќе пасиш; говеда како што пасеше порано . ..
— Евет, свети владико; ќе си го пособерам колку што можам. — смирено му одговори попецот и му ја бакна полата од расото.
— И да знаеш, за сиве овие тужби ќе и платиш џеза на митрополијата пет лири да те оставам да попуваш . ..
„Тука е работата”, си помисли попот и пак мирно му одговори:
— Me фатил такцирот; ќе платам, што ќе правам! — воздивна и уште на часот го одврза ќесето и му ги даде петте лири црквени пари што ги зеде вчера за продаденото жито што ..го собра на Денот од селаните.
Владиката си ги тури парите в џеб, го посоветува уште малку, но сега поблаго, го благослови и му ги прости досегашните грешки и го поведе со него да му светат масло на болниот чорбаџија Чачот, откаде сите тројца попови добија по бела меџидија, а владиката цела лира. Се наручаа сите кај Чачот и владиката си отиде во друго село.
Остана поп Тодор јадосан и кимен на тужителите што го тужија. За парите немаше што да се жала, бидејќи беа црквени. Па, на сите тужители и не им се налути. Некои повеќе, некои помалку си имаа право. Ама што мака имаше бабата Цвета што го тужи? Кој ѓавол ја тераше и ја тера да доаѓа толку рано в црква?
— Е, нејзе морам да и се одмаздам, па мајка да ми е, а не богомолка!” си рече попот во себе откако си отиде владиката.
И го зачека денот на одмаздата.
Бабата Цвета секоја недела, секој празник прва беше в црква. Неколку неделини поп Тодор станува рано, но кога идеше во црквата, ја наоѓаше бабата пред врата.
,Де ми те суредам јас тебе, туку чекај”, си мрмна една неделина кога влезе во црквениот двор и ја виде каде клечи пред црквената врата и се крсти, правејќи го секое крстење длабоки метании. И се приближи, и рече добро утро и ја заговори:
— Знаеш што, бабо Цвето … ?
Таа седна на гробот од стариот поп Петрета (којшто беше закопан крај црквеката врата) и ги фрли очите во попот, а овој продолжи.
—… ми дојде ноќеска на сон свети Арангел и ми рече да ти кажам да се спремаш. Во недела на сред литургија ќе слезе тој во црквата и ќе те земе вака жива кај господ. Ти со твојата божевност и правина си заслужила жива во рајот да одиш. Разбра?
Бабата Цвета се исплаши отпрвин кога и го наспомна свети Арангел и си помисли дека ќе дојде да и ја земе душата. а тоа значи дека ќе умре. Но кога и рече дека жива ќе оди во рајот, се израдува и! цела недела оди од роднина до роднина да се прости, и да им каже оти ќе си оди жива во рајот. Се разбира дека повеќе од роднините се дошикаа во што ќе биде работата, но ја пуштија да се радува.
Попот пак уште во саботата навечер по „вечерната” го натера притропот да донесе еден кош што си вадеше во него слама за добиците и му објасни што мисли да прави утре со бабата Цвета. Го спуштија полијелејот што беше на средето во црквата, го извадија него и го врзаа кошот на неговото место. Отиде притропот во олтарот откаде што на чекрк се спушташе и се дигаше полијелејот, ја собра ортомата и кошот се дигна до под таван на црквата.
Утрото, таман на сред литургијата, попот излезе пред „царските двери” и им соопшти на богомолците дека сега, кога тоа ќе рече: „свјатаја-свјатих” ќе слезе свети Арангел и ќе ја понесе бабата Цвета жива кај господ.
И навистина, штом го пушти својот глас: „свјатаја”, кошот почна полека да слегнува. Богомолците почнаа да се крстат, а повеќе да се смеат тивко. Кога попот го рече и вториот збор „свјатих” — кошот веќе беше на подот, а попот, онака облечен во богослужбените одежди, отиде кај бабата Цвета, ја фати за рака и ја одведе до кошот. Потоа и бакна рака и и помогна да влезе во него.
Бабата сета блажена што ќе оди жива во рајот, им мавна на сите со рака, им рече: седете ми со здравје; „ќе ве чекам ако дојде некој во рајот” и веќе кошот почна полека да се дига нагоре. Попот ги скрсти рацете и почна да ја моли бабата да не го заборави кога ќе излезе пред господ.
Се дига кошот полека, се дига, а попот застана пред вратата на олтарот со дигнати скрстени раце и со најголемо страхопочитание, во верски занес, со молитви и издишки ја гледаше бабата Цвета како оди жива во рајот. И луѓето не ги симињаа погледите од кошот; се крстеа и шепотеа разни молитви, цукајќи и чудејќи се на невиденото чудо — жив човек да оди на небото —. Така полека кошот отиде до самиот таван на црквекото кубе каде што беше насликан Хритос со раширени раце и бабата му дојде баш во прегратката. На луѓето им се стори дека сега ќе ја прегрне Христос и ќе ја однесе преку покривачот право во рајот. Арно ама, таман’ да излезе преку покривач, наеднаш се скина ортомата што го држеше кошот и овој сосе баба бапна на сред црква.
Спиште бабата сета содробена од паѓањето, се раскикотија сите богомолци и избегаа надвор да можат слободно да се смеат, а поп Тодор отиде кај кошот и сосема мирно ја праша:
— Го виде рајот, бабо Цвето… ?
Бабата простенка, офна длабоко, но се исправи некако, излезе од кошот и само два збора му проговори:
— Ако ме видиш уште еднаш в црква да ме .. .
— не го дорече последниот збор, бидејќи не знаеше што да рече. Дали да ја обеси за јазик; да ја пише на ѕидот или нешто друго, но не беше ни потребно тоа .Од тој ден бабата Цвета, не само што не стапна в црква, ами и не помина крај неа. И кога ја носеше патот тадева, вртеше сосема по други улици.
Неоти само овие незгоди му се случија на пол Тодор? Се знае ли и се пишува ли тоа што им се случило на поповите, особено ако е некој млад а без попадија? Кој не ги знае многуте приказни за нив? Колку, колку такви има што се прикажуваат! A се прикажуваат оти се случиле случките. На пример: да не се случила таа случка, немаше и да се прикажува приказната: „Сен папаз — бен папаз”; или онаа: „Вот харашо —вот харашо”, па „Момокот и попот,, „Се лутиш ли, попе” и т.н. и т.н. Да не ги редам сите приказни за поповите, оти нема и пет вакви тевтери да стигнат. Ги пишав овие неколку незгоди што му се случија на поп Тодора наш кај кого што ќе бидат гости денеска Чало и Јошето Арнаутово што ги поведе попот од црква како негови помошници во утрешната негова работа. И, не само што му помагаа одутрина, ами поп Тодор секој Петковден му беше гостин на Арнаутчето, а секој Спасовден — на Чала. И по таа линија го носеше редот да ги покани, макар што тие и без покана ќе му појдеа Чало на пиење и јадење, а Јошето — и да ја види убавата попова ќерка Велика; да си ги покаже пред неа сите свои духовни квалитети: да посвири со гајда и тамбура; да ги испее сите песни што ги знае; да разговара со Чала и попот „пословички”; да го испее тропарот од свети Илија; а, што е најважно, да ги искаже сите досетки и вицеви што ги знае. Да слушне и види Велика што остар ум се крие во тоа несвидно тело, та белки од таа страна ќе го засака. А поп Тодор одамна веќе овие работи ги знаеше и немаше ништо против да се ороди со младата вдовица Стојна, на која не еднаш и имаше тропнато на малата врата, ама оваа не му отвори.
„Кога би се составиле, истер-истемес, ќе ми отвориш, сваќе!” си мислеше попецот и затоа со задоволство и особено внимание се однесуваше секогаш и секаде кон нејзиното Јоше. А тоа и го заслужуваше тоа внимание со својата бистрина и сите духовни квалитети. Само грдотијата ги загрижуваше обајцата. Дали Велика ќе се согласи да го земе грдото Арнаутче?
Му остана малку криво кога го слушна и него да го тужи кај владиката дека попот не ги врши работите по каноните, но не можеше да го мрази како бабата Цвета. „Сигурно си мисли да ме замени во енуријата”, си помисли поп Тодор. Но гласејќи ја работата да му ја даде Велика, немаше ништо против да се запопи Јошето и да го наследи, бидејќи неговото друго дете — Ѓоре — не покажуваше никаква дарба за наука, та ако не земе зет подучен, отиде поплакот во друга куќа. А тоа би значело да се врати во неговата пак онаа „ороспија” — сиромаштијата.
Кога влегоа дома кај поп Тодора, куќата веќе беше полна со гости. Рековме дека тој секаде одеше, затоа и од секаде му идеа. Веселник беше поп Тодор, ама и домаќин, а уште повеќе гостољубив. Вистинска славјанска душа, што се вели зборот. Оти пак да не биде домаќин кога пет села работеа за него? Без градини, собираше по двесте-триста оки грав; без булук, собираше по двесте-триста руна волна, сто и педесет оки маст и урда; на Водици собираше по сто оки сланина; за Велигден — по пет-шест стотини јајца, а на Митровден — по педесет-шеесет товари жито.
Само од кожите од јагнињата што му ги носеа на Ѓурѓовден в црква да ги препее првите курбани, фаќаше по две-три лири, а веќе од крстено, венчано, закоп и Други услуги, му се собираа и по педесет жолти годишно, со коишто попецот многу умно работеше. Некои давале на заем; со мамеле, со други тргуваше повешто од секој Евреин. Ги наоѓаше луѓето во „тесно”, купуваше од нив евтино, а после го продаваше по двојни и тројни цени. Така ги множеше парите и селаните веруваа дека не е подолу од пет-шест стотини парчиња жолти. Па и тој самиот „не вилеше бога”, не се криеше како што правеа другите чорбаџии во Турско: имал-немал, кукај и навредувај го господ. Поп Тодор отворено зборуваше: „Имам, бре, ми дал господ. Никому не сум му ги зел насила или сум му ги украл. Будала дал — итар зел,” им велеше кога го прашаа дали има некоја пара да им позајми.
— Имам и ќе ти дадам, ама тапијата од оградата, лозјето, градината, па дури и од куќата на некого и. . . сенетот за парите, т. е. признаница со услов: по бел черек на парче месечно, што значеше 120% лихва. И земаа луѓето кога беа во „тесно”. Штом некој не ги враќаше на „меѓата” во (срокот) попот ги носеше сенетот и тапијата во мудурлакот и должникот мораше да ги врати парите и трошоците или пак да се прости со заложениот имот којшто обично чинеше пет и десет пати повеќе од долгот. Сите тоа го знаеја, та не чекаа да дојде работата до уќуматот, ами гледаа и пред време да се спасат од бедата, А тој секогаш им велеше:
— Не земајте, бре, да не плаќате? Или… кога пијам кр’, кр, кр, а кога плаќам тр, тр, тр.. . Е, како ти беше слатко кога пиеше, ќе ти биде сега горко кога мораш да плаќаш. — И не му се лутеа. Дури и му благодареа што ги сосуваше кога беа во „тесно”. А тој,- со особено внимание ги меркаше тие што беа во „тесно” и ја фрлаше пред нив јадицата за да ја налапаат. И ретко кој не ја налапуваше. Дури и сам мајсторски ги втеруваше многумина во „тесно”. Се готви човек за радост. Ќе жени син, брат, внук да речеме. Ама нема доста пари за мастрафот, а треба да смета и за поповото. Оти тој пред да тргне за венчавка секогаш нагласуваше: „што е попово — да е готово”, а тоа се рече: две, три, пет лири; колку ќе му дојде на јазикот; според „кумишот” на домаќинот. И ако ги нема на рака да му ги даде, попот не става да венча. А ваму човекот ја одвел невестата пред црква. Може ли невенчана да ја води дома? Ниту било, ни ќе биде таков резил да нема свекорот пари за попот, та да влегува снаата без божји благослов во новиот дом. Во таков случај на прво место тука се воловите, маската, некоја маторица со пет-шест прасиња или десетина овци – кози. А ако ништо од ова нема бриши, тогаш секако има некоја тапија ако ништо од друго, тоа од куќата сигурно…. сенетчето на десет парчиња по бел черек мамеле на месец. Ете ја свршена работата!
Редок беше случај, а за одбележување е дека имаше и такви кога поп Тодор отстапуваше од ова свое правило’: „што е попово— да е готово” и тоа на некој од своите најинтимни и блиски пријатели од неговото минато со коишто во тоа време беше еснаф по богатството — сиромав.
Од таквите тој не само што не бараше, ами дури им потфрлаше по некоја лира за другите трошоци за да се стори работа; да се прожени и тој сиромав, каде што на попот пак ќе му биде отворена вратата и дење, и ноќе. . . Тука беше дури и претерано дарежлив, но со своја особена сметка.
И не само со заемот и свештеничките услуги што си ги молзеше поп Тодор своите „овчички”, како што та викаше селаните, ами во секој случај гледаше да не му го јадат лебот залудно, та дури и сега на Денов гледаше од секој гостин да исчепка по нешто, макар што е гостин. Затоа пред да седне гостинот на трпезата, попот, без да се стега му наредуваше:
— Ајде, Мице, оди клукни некое дрво да не ни студи; ајде, Пеце, оди извади слама за добиците да не трпат ноќеска; ти, невесто Петро, оди, црпни некоја кофа вода од Попова да се најде; ти ова, ти она сработи да ја извадиш вечерата и пијачката вечер. Никого не оставаше „Јалов” да седне на трпезата и да јаде кај него арам леб.
Тие што беа сиромаси, ги тераше нешто да подработат. А тие што беа чорбаџии, веднаш ги закаструваше:
— Знаеш што, нунко Јоване! Пазарив два чифта волови – ангели, ама не ми довтасуваат пет-шест лири пари, та ако е кабил да ми позајмиш дури да ги сместам воловите, — му велеше и на овој Илинден на нунка му Јована Сивев по поздравот кога го најде дома седнат веќе на трпезата. И овој секогаш му даваше, иако знаеше дека не му требаат. Од Ѓура Јованов зеде десетина, од Налета, Данабаша, Мисирлијата, Мицета и други „дебели” пријатели — дваесетина, триесет, ако не и педесет и сите ги раздаде по селаните со по бел черек лихва на месец, а на позајмувачите не им плати ни грош. Тие го сосаа за пријателство, а тој ги држа нивните пари по пет-шест месеци, некои и по година, та и на нив спечали дваесетина – триесет лири преку лихвата.
Таков беше поп Тодор. Со селаните си играше мајтап и ги вртеше каде и како што сакаше тој, а и тие него каде што можеа, ама со луѓето од власта не се ни обидуваше да прави некои шмеќарлаци.— Секоја власт е од бога, — им велеше на селаните и ги учеше да ја почитуваат, а и самиот тој беше пример за тоа почитување макар да беше иноверска таа власт.
Штом ќе се појавеше некој човек од власта в село, попот не пропушташе да не го викне кај него на конак. Ги честеше издебело разните заптии, колџии, шумари, чауши, башчауши, мифетиши, беглиџии, авалеџии и спаији. А веќе стариот мудур не го оставаше да преноќева на друга куќа кога одеше во неговото село. Откако го казни со една лира за невестата Јованка станаа присни пријатели и мудурот тука се чувствуваше најсигурен и најрасположен, та кршеше и тој разни вицови и досетки со попот. „Сен ми-лет-баша бен милет-баша” (Ти народен главатар — јас народен главатар) му велеше стариот стамболлија на попот и го тераше да му раскажува од неговите солени доживувања, на кои мудурот слатко се смееше.
Од нив не бараше поп Тодор никаква работа, ниту пак пари на заем. Но затоа пак не плаќаше никакви такси за (објави) за дрва, за паша, никаков данок ни намет; носеше пушка и пиштоли без гаткакво тескере; пушеше слободно качак тутун и никој не го задеваше. Сите го знаеја поп Апсика и му оддаваа чест со познатите зборови: „многу ти години, папаз ефенди”. Тој ги отпоздравуваше пак со нивните зборови: „на сиџим, синко”, Тие се смееја и одеа, повикани од него, дома му и се гоштаваа издебело.
Со вака наредени работи поп Тодор почна да го тропа ќемерот со илјади парчиња жолти А кога има човек илјади лири опашани на половината, се плаши ли од некого? Сигурно сите ќе речете дека нема да се плаши. Нема,” ама и имало да видите! Поп Тодор се плашеше од еден човек во градот — од архиерејскиот намесник или протата што го викаа подоцна. Ни од владиката толку не се тресеше, отколку од тој ѓаволски прота. Владиката идеше еднаш годишно или на двете години, а протата имаше секој ден работа со поповите и ги знаеше кој колку тежи; кој што работи и што знае, та по таа причина протата знаеше дека поп Тодор не беше писмен воопшто. Знаеше по малку да чита на црквените книги, а повеќе и напамет пееше како црно-горскиот поп Миќуна. А за писмо… од едно: Тодор Стојческии, други букви не знаеше ни да пишува ни да чита. Затоа секогаш протата си имаше маки додека добие некој извештај од поп Тодора за да може да му поднесе на владиката за целата околија. Не еднаш го викаше лично попот за да та добие бараните сведенија, бидејќи на писмените ургенции Тодор ни главата не ја вртеше, не пак да одговори. Што ќе ја врти кога не знаеше што е тоа ургенција и што се бара со неа.
Кога го викаше протата кај него да га дава бараните сведенија, се пазареа. Тој — протата да ги напише тие сведенија, а поп Тодор да му плати, толку и толку пари. Co тоа протата сакаше да го принуди поп Тодора да научи барем толку да пишува и да чита колку што му требаше за најобичната администрација. Но дури беа во прашање пари, на попот окото не му трепнуваше. Плаќаше колку што му бараше протата, дури и го честеше со ручеци и пијачки по крчмите и си одеше в село испратен со протината насмевка. Ho и протата се погоди од истиот чешит — шегаџија — та на едно идење не сакаше за пари да му го пишува извештајот што требаше поп Тодор да му го поднесе.
—Ако ја прекопаш бавчана во црвенион двор, ќе ти го напишам извештајот; ако не, ќе те предложам на владиката да те распопи како неписмен, — му се закани најсериозно протата. Попот бара писари во Прилеп да му го напишат тој ѓаволски извештај, плаќа на два-тројца, ама протата не го прими, изговарајќи се дека не чинат; не се од поп напишани, ами од мирјанско лице не се благословени за да ги прати на владиката. Остана единствен спас да не биде распопен, да ја прекопа црквената бавча. Му предложи да фати аргати но протата седна и почна да го пишува предлогот до владиката за неговото распопување.
И … виде – невиде, поп Тодор го слече кусалето, ја грабна копачката и и влезе на бавчата да ја копа по летната горештина. Се испоти целиот жива вода и си мрмна:
,,Виде, попче оти и волкот змија го клукна? Co илјада лири во кемерот те натера да се потиш.”
Копа поп Тодор цел ден до ужина, кога протата го викна во канцеларијата и му кажа дека извештајот е готов, та и тој нема веќе нужда да копа. Го прискара и го посоветува и тој како владиката, го натера да се потпише на извештајот и го пушти да си оди в село со строга наредба да научи да пишува и да чита, ако не сака да го предложи за аргос.(проклетство во овој случај распопување)
Си отиде, ама од тој ден така се заплаши од протата, што немаше ноќ да не го сонува и се како го пишува предлогот за неговото распопување. Затоа се тресеше и на јаве, и на соне од протата. А како што знаеме, работите на поп Тодора в село не му беа така чисти и бистри да не можеше владиката да му најде маана за распопување. Доста му беше само да му ја прикаче заповед која попот ја кршеше секој ден, па да му ја обричи брадата. А веќе за „симонија” беше печен.
Но што ти велат: „волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува”. И поп Тодор така. Место да се стаписа и да ги кае старите гревови, тој паѓаше во нови такви и потешки.
Ланскиот Спасовден помина Ѓуро од В. и го наговори поп Тодора да одат нагости кај поп Пројчета во К. К-ци го прават панаѓир Спасовден. Се кандиса поп Тодор со истата цел со која и Ѓуро киниса: да купат некоја овца, коза, говедо, јагне, jape сега по пролетва, што ќе излезе касмет, и да видат по некоја убава млада невеста од другите мариовски села.
Ги јавнаа коњите, ги поведоа загарите по нив, пушките пред нив и му се истресоа на поп Пројчета уште првата вечер на Спасовден.
Ги пречека поп Пројче како што се пречекуваат присни пријатели и први луѓе од соседните села. Ѓуро како трговец и „голем” човек што има врски дури со битолскиот валија, а попот — на прво место како свој колега — поп — а исто така како виден трговец и познат итроманец низ Мариово. Ги кладе на чело на софрата и овие се распиштолија сред дваесетина гости и гостинки од разни села и почнаа со своите „мудрованија”. Едно кажи Ѓуро; дуплирај го попот, ама се некако очите на обајцата навртени во невестата Благуна од П.
Пија, прикажуваа, шеретуваа, попеаја некое време во придружба на поп Пројчевата тамбура. Им се придружи и самиот поп Пројче со по некоја и друга лакрдија, па дојде време и за вечера. По чаршискиот ред што владее по Мариово, младите невести, иако се гостинки, треба да турат вода на рацете на машките, та и невестата Благуња се истопори со ѓумот и леѓенот и почна прво од поп Тодора како свештено лице од гостите. Попецот и се зазури во очите, клепна сосема потајно но со неговото лево, ама Благуња ја заврте главата и помина да му тура вода на Ѓура. Овој успеа и да ја нагази на десната нога, и се опули и тој како попот, и намигна малку повеќе, но таа си ја тргна веднаш ногата, а на намигањето ги свеси веѓите и се намурти. И попот и Ѓуро разбраа дека невестата Благуња не е дојдена кај вујка си Пројчета по тие работи.
Помина вечерата; се напија по некоја чашка и винце и се стори „мунасип” да се спие. Нели пустите куќи по Мариово беа од едно одделение, се изнаредија машките на машкиот кат, жените —. на женскиот. Како за инает, невестата Благуња си легна со свекрва и под огниште во засебна постелка. Таа нејзина постапка им влеа надеж на попот и Ѓура и тие изјавија желба да си легнат на долниот крај на машката постела.
— Сигурно се согласи што се оддели сама со свекрва и, — му велеше Ѓуро на попот кога излегоа да ги нахранат загарите во дворот и да им турат трева на коњите што беа врзани за плетот.
— Ај, боже поможи и денешен свети Спас, — се издиши и попот со извесна надеж.
Си влегоа дома и си легааа најздола во машката постела, завивајќи се, место со покривач, со своите сакми.
И таман се утишија гостите, се угаси и последното пламенче во огништето, Ѓуро се завлечка до постелата од невестата Благуња. Посегна под покровот и ја фати за стапалото од левата нога. Оваа изгледа очекуваше нешто слично од попот и Ѓура, не беше заспана и не се изненади или да се уплаши во сонот, ами мирно, полека се исправи до половина во постелата и со тивок шепот му преговори.
— Кој да си, оди, легни си, да не го земам бардаков од над перница, да ти ја скршам главата и да те направам резил пред волку свет, — и си легна на перницата, подвиткувајќи се убаво со покривачот.
Ѓуро се стаписа и се врати назад во неговата постела по истиот пат, лазејќи.
Попот одвај го дочека и тивко го праша:
— Што рече, бре! Нејќе? Ѓyро веднаш ја скрои примката:
— Тебе те сака. Вакви како тебе — ми рече — јас имам секој ден ако сакам, ама за поп сум изгорена. Тие се ретки. Речи му нему ако сака…
А поп Тодор и не дочека да доврши Ѓуро. Се свлечка и тој како овега пред малку, а Ѓуро веќе га зеде сакмите и пушките и ја фати вратата; почна да ја отсурмува; ја отвори полека, полека.
Попот се добра до постелата од невестата Благуња и посегна да ја фати за нога, но место неа, ја фати глувата свекрва. Оваа спиште, ама и бардакот од над перница полета во темницата. Се слушна остар женски глас:
— Ами кога ти реков, бре магаре, да си седиш мадро, што не ме послуша? — и тропна од главата на попот, а Ѓуро извика, отворајќи ја вратата:
— По мене, попе, ако сакаш да ја довардиш брадата, — и ја здрашти низ врата. Попот го слушна, та и тој ја најде вратата, излезе и го најде Ѓура каде ги одврзува коњите и загарите. Ги свлечкаа за огламници и набрзина се изгубија долу долот во темницата.
Пискотниците од жените ги разбудија гостите, запалија набрзина видело и ја видоа празна Ѓуровата и поповата постела. Невестата Благуња им, раскажа што и се случи, се изнасмеаа сите, a поп Пројчета измагариса Ѓура и попот и го распали огнот, бидејќи и првите петли веќе се огласија од пондилата.
Ѓуро и попот патем се раскараа. Попот се навреди што го наведе на тој трик и реши да го застрела со пушката. Но овој се оправда со поповата грешка што ја фати свекрвата за нога, a не невестата Благуња и на тоа се сврши. Прејдоа на Расим – беговиот мост и за ручек веќе беа во Б. каде што исто беше Спасовден панаѓир. Кондисаа и тука кај чорбаџи Чашулка, ама сега со друг ум оти Чашулко беше од нивниот табур, та не можеа да сучат пред него мустаќ како пред поп Пројчета.
Си влезе поп Тодор дома, ги виде дојдените гости, се поздрави со секого, кршејќи по својот обичај по некој сочен – солен виц на нивна сметка. По него влегоа Чало и Арнаутчето, се поздравија и тие како со познати луѓе и пријатели и веќе изнаседнаа на трпезата, која домаќинот беше ја поставил уште спроти Денот.
Во седнувањето попот забележа некаква тревога во гостите. Седнуваа некои накиселени, други и премногу расположени, дури и насмеани, раскикотени. Попот ја разбра работата. Тие што седнаа на чело и близу до челото, беа насмеани, а тие што останаа подолу, беа накиселени. А сите беа „бендене” — видни луѓе од сите деветнаесет мариовски села и небарем беа на некаков конгрес, сите села беа застапени кај поп Тодора со некој свој претставник. Како такви, на сите им припаѓаше челното место. He беше можно да се подредат по својата положба и така да се наредат на трпезата по својата стојност и величие, како и пријателство, блискост и родбински односи на домаќинот. Ако беше зборот за роднини, никој не му беше „ни род, ни поможи бог” на поп Тодора. Но затоа пак сите му беа одлични пријатели и тоа подеднакво блиски и далечни. По таа причина никој немаше очебијни доказателства за некакви привилегии кај попот, па ни во седењето на трпезата како гости. Затоа попот реши и ова прашање да го постави на демократски принцип. Го викна настрана Чала и се посоветува со него што да направи за да бидат сите гости расположени и задоволни. А Чало веднаш го реши прашањето. Напиша на дваесетина ливчиња толку броеви, почнувајќи со бројот 2, 3, 4, 5,… . Првиот број — 1 го остави за домаќинот. My ги тури во фесот на Арнаутчето, а самиот им објасни на гостите зошто го прави ова домаќинот. Рече дека сите сме му мили гости и не сака никој од нас да биде навреден од друг во неговата куќа. Секој ќе седне на она место што ќе го добие од фесот на Јошето. Ги повика сите да станат и да си земат по едно ливче од Арнаутчето, коешто застана под огништето. Се понамуртија сега тие што беа фатиле почелни места, ама затоа пак се разведрија тие што беа подолу и беа повеќе. Се заредија сите и зедоа по едно ливче, та изнаседнаа секој на она место што им го покажаа ливчињата. На Арнаутчето му остана најчесното место — број 2, а Чало го извлече број 3 така што и тука правдата победи, та поповите „помошници” и на трпезата се најдоа крај попот; Чало одлево, а Јошето оддесно.
Сите се разведрија и се расположија. Седна попот на чело на софрата, а Велика веќе почна со првото честење — кафето. Попот го зеде филџанот и ги поздрави гостите по сите адети на домаќин. Секому во кусо му наспомна за врските што го држат нивното пријателство и другарство и вкупно ги благослови со неговиот благослов: „да си благословен — како овца под овен”. Co тој благослов и виц ја отвори веселбата во куќата, а Велика зареди со адетите — ракијата и мезињата. Се разврзаа муабети за разни настани и дoживувaњa, случки. Ѓуро ја раскажа ланската случка со невестата Благуња кај поп Пројчета, Чало — со невестата во В. што се засука до папук; со мудурот и црвените јајца и тн. и тн. дури нункото Сиве не ја дигна чашата и како нунко почна и тој да благошава:
— Ајде, добро го затековме домаќинот Свети Илија да не има во реката (место во раката)
Кај што сме јале, пците лаеле Кај што сме пиле, волците виле Каде пушките обесувале, да рече господ златен
Ѓупците тапаните обесувале
Во куќава ни дар ни бериќет
Сето море матеница
За домаќинов да не се најде лажица
Да му е жива стоката во главата и грбот
Мир и милост — пир и пилос меѓу нас и него
Братска љубов — со ластегарките по грб
Кој ќе пие — нека спие
Кој не пие — нека се убие
Денеска овде, утре кај Тодора, другиден кај попот.
Ако му е арно пак нека не вика ….
Сите аминуваа само попот потскришум се чешаше „кај што не го јаде” и ги повторуваше благословите од нункото Сивета со едно долго” „Амин, амин, куме, од твоја уста вo божји уши; амин, амин да ми ти е сурова уста… и да ми ти даде господ тебе што ми сакаш мене. Амин, амин, куме, да си ми жив до дните; од дните — на пците. Лај, куме, лај да не влезат други волци во трлово, та овие веќе колку да лаеш нема да ги истераш; те знаат оти не касаш ако лаеш толку…”
Се изредија благослови од сите. Ѓуро му ги благослови на пои „овчичките” — младите селски невести.
— Побргу да ти се измркаат, попче, и да ти се објагнат да фатиш некоја пара. Гледај, пушти им ги бравите навреме, да се објагнат совреме, да ги извадиш јагнињата од зимата.
Тоше Нале му го благослови дуќанот и калфите во нето — црквата и светците; Митре Куцов му ја испеа песната: „Питајте го попето — чие . .. вино опето” брат му на Митрета —Стојче Куцов — песната: „Купила си попадија прасе да си пасе”; Данабаш му ги благослови брадите на попот и му пожела да му пораснат поголеми за да има за што да се држат луѓето и жените кога ќе дојде редот да ги благошава; даскалот Димо Гулушот му отпцала неколку педагошки прилики за поведението: да не задева стари жени по селото; да не влегува кај младите апансас и несигурен, оти може да му се случи некоја инка со врела вода; да се варди повеќе од вдовиците отколку од женетите; да не оди сам кај воденичарот Ватралката оти тој не гледа кој го донесол житото (машко или женско) ами бара да му се плати уемот . .. и тн. и тн. дури дојде редот и на Чала да благослови.
— Како свештено лице јас попчево ќе го благословам со библиските благослови со желба еден да не го умине, — рече, стана, го симна фесот, ја крена чашата се прекрсти и почна:
—Буди благословен јакоже Ребека и Сара многочадием. ..
По благословите и доброто пиење започнаа свирките и песните. Скоро сите гости ги донесоа своите тамбури и почна плукањето на бургиите да закиснат за да се нагласат. И поп Тодор имаше тамбура. И тоа сам тој си ја направи од една голема лејка, но затоа пак и врза дебели тељови та толку многу пиштеше, што сите дури ги заглушуваше. А тој знаеше само една песна да свири на неа: „Три пилци пеат во градинчето…” Co таа почнуваше, со неа завршуваше. Ама затоа пак му ја даваше на Јошето Арнаутово (што уште немаше своја тамбура) и тоа со најголема вештина ги движеше прстите по пердињата и ги свиреше сите севдалински и патриотски песни, почнувајќи од тропарот на свети Илија па до оние од Толе Паша: „Нешто ќе те прашам, бабо, право да ми кажеш” и „Не плачи, мајко, не жалај, мори, не жалај …” Сиве ја пееше својата омилена песна: „Мори пијан идам од града, Велико, мори, сретнав моме в ливада.. . “; Тоше —: „Отруј се отруј, Митро мори, зошто да си жива … “; Чало — „Петлите пеат ми се осамна, пуштај ме тенко Тоде да станам. Пуштај ме рудо јагне да сјодам”; даскалот Димо и неговиот колега Бино и тука школски песни пееја: „Скоро, мамо скоро, слушам твојто слово. Облечи ме скоро, мамо, да бидам готово .. . “Од врх Пирин планина, очаен глас се чуе. Македонија плаче . .. “; Куцовци пак — се знае: „Питајте го попето, чие . .. вино опето” „Купила си попадија прасе да си пасе. .. ” И не случајно секој почнуваше со својата песна. Секој си имаше свои дертови и низ песната си ги искажуваше своите чувства. Ете на пример Јошето беше младо и бујно, та откако ќе го испееше тропарот (редот беше таков) веднаш поминуваше на патриотските песни. Кум Сиве ја пееше песната во чест на својата љубовница Велика Бездерова што ја држеше на кулата десетина години и после му ја даде на момокот Петко Бездерст, та ги задржа и двајцата момоци кај себе; Тоше ја пееше својата песна во спомен на својата Дулчинеа Митра што не му се предаде колку да опскака по неа, та од инает и извади песна со која ја тераше да се отруе што оди боса на жетва, со срп на рамо, дете во раце, нозе испукани, уста изгорени. Но таа и тука му одговори: Оди си по патот, лудо море, мене не задевај. Оди си по патот — крши си го вратот…” Чало ја пееше песната од тенкото Тоде, бидејќи жена му се викаше Тода, та Чало дури и манастир измисли на нејзиното име. И кога една есен немаше работа, ни парички, тој зеде една икона од жена, префрли едно рало чорапи преку, рамо, еден ќемер, една кадела волна и отиде во Бегништа на Богородица да пишува за новиот манастир свети Тодор. Кога го прашаа каде е тој манастир, тој им рече дека тој манастир е нов, тој — Чало — го подигнал на највисокиот рид во Мариово и толку е висок што само тој се качува на него. А никаков манастир Чало не подигна, ами жената му беше висока и за неа тој пиша и собра неколку рала чорапи, ќемери, кадела и стотина-двесте оки вино и ракија од бегништани, им ги продаде пак на селаните и се врати со петишест лири пари да ја помине зимата. Ете за неа Чало пееше и сега на Илинден кај поп Тодора и му се закануваше да не го лаже умот попот да се качи на неговиот манастир оти дури тогаш ќе го расипат побратимството. А на попецот му се ујдисуваа некако имињата Тодор и Тодорка, та ако му паднеше некако наколај не би се чудел и да се поткаче, ако беше толку висок Чаловиот манастир.
Во ваква расположба, со свирење, пеење и пиење куќата кај поп Тодора се цепеше, та дури и саѓите паѓаа од викотници. Шишињата со ракија фрчеа од рака нарака, мисурките ги полнеше Велика со сирење, пиперки, домати, а попот не престануваше да ги кани гостите: — Повелете, каснете срце ве јало; напите се — веда ве испила, да испукате од неа; кај ве донесе тој натемаго, ме запустивте да ви се запусти името и семето, да рече господ златен и денешен, свети Илија…
Ho гостите ja гледаа пијачката и мезето, а за слушање воопшто не им се слушаше што брбореше попот. Се напиваа, си каснуваа без да му се плашат на клетвите.
— He идат до нас тие, не. — Ги тешеше Чало. — Во брадата му застануваат. Ич не плашете им се; кркајте вие. Ако фаќаат клетвите, прво мене ќе ме фатат; јас сум најблиску до него.
Но нели е панаѓир, не можат да бидат раат од други гости. Навистина доста му беа овие осумнаесетмина на попот, дури и многу му беа, ама кој го праша?
И таман овие беа на највисоката точка на расположбата, ене ги други тропнаа на вратата. Довтаса една група ракиџии. Солидни и познати домаќини. Се измешале и тие од неколку села. Водачот му е добар пријател на попот, добро ја познава куќата, а и тој е добар домаќин кого што попот секој панаѓир добро го „врши”. Тој и сам имаше намера да го посети попот со целата тајфа, но го нашле некаде други пријатели, нека се живи, и го дигнале од трпезата да им го умножи друштвото. А и тој дојде да се види со сите пријатели, та ги остави децата со бабата на постојаниот конак, кај ќерка му, и киниса со ракиџииве, па ете, ќе се види и со својот стар пријател поп Тодора.
Тропа со стапот на вратата и не чека одговор — влегува. По него влегуваат: кој ќе ги знае кои се и колку? Главно е дека такво друштво не е без гајдаџија, којшто обично ода меѓу првите. Влегуваат еден по еден.
Еден долгач ја удри главата од рамот на вратата и се поврати назад, се понаведна и влезе.
Оној што одеше по него го бутна напред и го опомена да не расте толку висок, та да ги крши со главата туѓите рамови. Првите веќе изнаседнаа колку што можеа да најдат места, а некои се уште на портата. Еден младич прави патем акробации. My се качил на друг на рамењата и така одат патем. Друг другар им се „разболел” кај ште беа пред малку. Ги овргалил очите и се здрвил. Дружината не може да го остави. Затоа еден појак го кренал на грб и каде го носи. Поминувачите ги благошаваат: „Ајде да рече господ довек вака да се носите кркач”. Овој што јаваше го слушна овој благослов и одговори јасно и гласно: „Амин.” Ама затоа го клукна змија. Сите мислеа дека е „накиснат” та го носеа на грб, a со овој „амин” сам се издаде дека се преправа и косачот наеднаш го бапна наземи, а кога овој се придигна и сосема исправен тргна да оди, сега оној што го носеше дотука го јавна да му го врати носењето што го носи толку време. Се започна борење, давеше меѓу нив. Смеи и шаки се прават насекаде и од се.
Водачот веќе и кафето го испи, а последниот од друштвото одвај втаса да влезе. Кој ќе му најде толку столчиња? Секој седнува каде што ќе најде место и на што ќе му се згоди. Некој седнал како седнал; друг клечи покрај него, носите добро тргаат од отнатите шишиња. Тоа е главно. Таква е нивната сорта од гости – ракиџии. А кај попот некако се чувствуваат најслободни. Знаат дека има нешто и нивно во тоа што го пијат и јадат. Попчето и од нив има по нешто молзнато, бидејќи сите се негови „овчички”. И на нивните села тој попува, па ред е да скубнат и тие од него нешто. Поправо да повратат нешто од она што го молзнал тој од нив.
Секоја сорта или категорија гости си има и свој начин за веселба. А има, лебами, во Мариово доста гостински категории. И на гости се оди- со извесна цел. Уште кога се спремаат за на гости се познаваат од која категорија се. На пример: Ако оди свекорот со снаата, па и со бабата, тоа е домаќинска категорија. Ќе ја водат невестата кај мајка и; ќе се видат старите сватовштини и домаќински ќе се наразговараат за стоката, за седбата, за луѓето и животот во двете куќи:
Ако одат дедото и бабата сами на гости, без синови, снаи, ќерки и внучиња, таа ти е опроштајна категорија. Да се видат за последен пат со браќа, братучеди, сестри и друга блиска роднина, оти којзнае дали ќе го дочекаат свети Илија, свети Атанасија, Петковден, Спасовден до година;
Ако оди дедото сам без баба, таа ти е пијанска категорија. Оди да се напие слободно далеку од бабата да не му ги брои голтките ракиичка и винце и да се начури вистински тутунчок кај разни роднини и пријатели. Ергени и моми одат ли на гости, се знае — женидбена категорија. Сакаат децата да вкусат од забранетото јаболко и да влезат во „ќелеш тевтер” како што го викаше поп Тодор тевтерот каде се запишуваа венчавките.
Вдовец и вдовица најарно поминуваа на гости. Тие бараа и наоѓаа закрпи да го крпат својот искинат живот. Таа е крпачка категорија.
Гајдаџиите, ораџиите, песнаџиите, борачите, скокачите, сите тије си имаат своја категорија и цел, и одат на гости да си ги покажат своите вештини пред гостите од деветнаесетте мариовски села.
Сега кај попот се најдоа гости само од прва категорија, со исклучок на некои ергенчиња што дојдоа да ја видат убавата домаќинка поповата ќерка Велика. Но тие беа малку и посрамежливи, та попот немаше мака од нив.
Седнаа како седнаа и куќата се наполни од огништето до јаслите. Еден веќе го налегнале во јаслите и го врзале со ортомата од поповото магаре да не крева врева. Полека, полека се смирува и почнува да ‘рчи. Ни острите штипки — заушки не можат да го разбудат, макар да му ги дупнаа двете уши. Ќе осети кога ќе се поистрезни.
Гајдаџијата и овде доста добро тргна од поповата комињарка, но нему не му пречи толку колку на другите гости. Постојано дува во гајдата та алкохолот место во главата, оди во гајдата. Затоа тој беше најтрезвен од сите, а доби некаков страшен глас та запна да свири и да пее и сите други ги заглуши.
Какви песни ќе се пеат тоа не е предвидено во „програмата.” Се разбира весели како што е оваа на пример:
Невесто црвен трендафил, џанум
Сношти си дојдов од гурбет
И тебе мана ти најдов
Што ти е соба послана, џанум,
Зошто ти шише ракија
Стојане, море, стопане, џанум
Вчера ми Турци дојдоа
Кај нас на конак паднаа
Затоа ми соба послана, џанум
Затоа ми шише ракија.
Невесто црвен трендафил, џанум
Ај тоа да ти верувал
Кој ти е оној зад врата, млада,
Co сива сакма на рамо.
Стојане море стопане, џанум
Лагите се досвршија, џанум,
Прави ми што ќе ми правиш.
При последните зборови сите му честитаат на Стојана што ја фатил невестата со побратимот. Алав да му е маштината што не можела да го излаже и да му скрие како толку многу други нејзини другачки што го прават. Во тоа име сите тегаат од шишињата и надаваат друга врескотница:
Винце ле винце,
Гроздово зрнце
Кој те тебе пие
Без невеста спие
Кој те тебе сака
Без гаќи скака
Кој те тебе љуби, винце
Капата си губи
Кој те тебе ита
Се пo светот скита
Кој те тебе шмрка
Ластегарки крка.
Тука гостите ги порастрлкаа грбовите да се уверат да не заигра навистина од некаде некоја ластегарка. Но окуражени дека се почитани гости продолжуваат:
Mope вино голо
Ми продаде воло
Мене еденјот
На брата ми двата
На брата ми двата, винце,
На стрика куќата
На стрина вурката..’…
„Урааа! Ајде, ајде, ајдееее” грми од сите страни та саѓите паѓаат од гредите во мисурките со мезето.
Ракиџиите божем сакаат да станат, ама не им се остава веселбата
Чало почна да шеретува на големо
— Ќе ви кажам, — вели — една нова песна.
— Да ја чуеме, да ја чуеме, — повикаа сите и си ја најдоа маната да поседат кај попот.
— Добро, — вели :Чало. — Сега вие сите ќе викате: Има, има, има . ..
И сите почнаа да викаат: Има, има, има. . . Запинаат луѓето, тропаат со рацете и нозете. Има па има.
А Чало се запна да вика: Нема, нема, нема .. .
Педесет души викаат има, еден вика нема. Настана препирка со песна: има, нема, дури некое време не се сети еден што викаше има да го праша Чала што нема.
— Ами што има што запинате вие толку души? — го праша Чало овега место да му одговори што нема.
Видоа дека Чало е прав. Нека кажат тие што има, ќе им каже тој што нема.
Се изнасмеаја сите, се изредија пак со шишињата. Всушност, затоа и беше ова викање — да се извади пијачката. Само со седење и молчење и попот не дава ракија и вино.
И почнаа пак да се готват за одење. Станаа како што дојдоа сосе гајдаџијата и во дворот се фатија да играат, да ја одработат и последната попова ракија. Гајдата пишти, орото се вие од арно-поарно.
Во тоа време Чало остана послободен и се спреми за нови шеги. На оној што остана во јаслите му кладе заушки; еден вид штипалки што се прават кога ќе се насечи зелено дрвце на средето до половина, па ќе се прекрши полека, та на насеченото место ќе распука и ќе се расцепи до срце. После ќе се изострат двата краја и кога ќе се кладе меѓу нив ушето или носот и ќе се испуштат острите краишта, така лошо стега што к мртов може да стане, но не и пијан каков што беше овој попов гостин. Сакаше Чало да му кладе и запалена цигара во устата, но се уплаши да не ја запали куќата, Го замоли домаќинот да не му забележува ако претера во шегите, но домаќинот не се меша во гостинските работи како гостите што не се мешаат во неговите. Тој е должен да носи пиење и јадење, а гостите сами нека си наоѓаат разоноди. Ако некому не му чинат, тој си знае; нека не оди со такво друштво.
И ете, со такво одобрение Чало стана, излезе во дворот и се фати на опашката од орото. Малку се подржа одѕади, па отрча на танецот — го поведе тој орото. На ѓајдаџијата му залепи еден бел черек на челото, и овој дува во гајдата та ќе се расцепи и тој, и гајдата. Оро на големо. Ракијата ги крена и најстарите
По малку време го заврте танецот некако во ќошот од дворот и еден по еден се изгуби целиот танец, освен танцувачот Чало, некои од опашката и гајдаџијата.
Бре што беше, бре како беше, кај отидоа ораџиите? Се утврди дека во ќошот од дворот имал попот дупка од вар, а за празникот го дигнал капакот да ја позабеле куќата и така го оставил на празно, та Чало ги наведе скоро сите на дупката и тие, еден врз друг ја наполнија дупката. Се валкаа внатре, се мачеа да излезат и сите се варосаа. Најпосле станаа еден по еден и излегоа варосани. И се лутеа, и се колнеа, a повеќе се смееја, гледајќи се така испрпелани — бели. Пак Чало им предложи да отидат на блис-кото рекче, да се измијат. А во себе си мислеше со тса да ги истера од дворот и да ја затвори портата. He, џанум, не ги лаже уште еднаш Чало.
Така извалкани, се позабришаа со раце, го истресоа покрупниот вар и кал, си влегоа пак дома и се наредија околу трпезата.
Чало пак сака да ги занимава со нешто, оти, ако, не играат, не пеат, тие ќе пијат. А скоро сите се пијани.
— Ајде, — вели — ајде! Тоа беше што беше; ќе му бидеме касмет на дедот поп вечер, туку да попееме уште малку дури да втаса ручекот.
А на гости се руча на мракот, a се вечера кога ќе пеат петлите или кога ќе забели зората. He е ред да се руча и вечера кога му е времето, оти гостите ќе помислат дека домаќинот нејќе да му се пие ракијата, та им дал рано вечера што би било за потценување.
Затоа и Чало почна да им бара разоноди. Навистина пак може да ги излаже, но сега не може да ги нафрла во никаква дупка со вар кога седат крај трпезата. Затоа кандисаа што им предложи. И Чало почна да си ги кажува своите циркуски вештини. Им мрда носот ушите; го заврте носот на тилот; штрекна вода од папукот; оди на раце со нагоре глава, па ја врза ортомата од поповото магаре од една града на друга и направи „магарица”. Се качи на неа и почна да продава разни ситници — прематарија.
Гледајќи го Чала пијаните луѓе се обидуваа и тие да одат по ортомата како него, но штом се качуваа од едната страна, се препрчуваа на другата, та се враќаа на трпезата со крвави носеви, изместени вратови или шинати нозе, раце. Речиси сите се изредија на „магарицата” и сите седнаа содробени од паѓањето.
Чало пак не ги оставаше мирно да седат. — Ете, — му рече на најблискиот што седеше до него. — Ти, побратиме, ќе викаш колку што можеш на дебело: Зуј, зуј, зуј .. .; на друг му даде повисок тон да вика: Бим, бим, бим.. . ; на трет — уште подебело: Бам, бам, бам . .. ; на четврт — бум, бум бум … а на една група тенори им рече да викаат: клип, клип, клип… и так-гук, так-тук …
Леле мајко кога почнаа да си ги вршат сите своите улоги, би помислил човек дека се наоѓа во московската катедрала и ги слуша големите и многубројни камбани. А оние клип и так-тук го имитираа дрвеното клепало, без кое и најголемите катедрали не можат да им служат на Христовите празници. И само што ги ускладија овие живи камбани своите звукови, Чало викна колку грло што го држеше:
„Всјакое дихание да хвалит господа. Хвалите господа с небес; хвалите јего во вишњих. Тебје иодобајет пјесан богу”. И ги настави сите хвалитни стихири од осми глас со ред.
Слушачите без да сакаат почнаа да се крстат. Околу дворот се насобраа жени, деца и постари луѓе домашни и гости. А нашиот прота, како што го крстија Чала, отслужи служба божија и ги ослободи своите пријатели од пријатната должност.
И си останаа сите кај попот до мрак.
Што ќе прави сиромав поп Тодор; каде ќе ги смести ноќеска сите? He се нервираше за јадење и пиење. Тој пригоди за денешен па и стомина да дојдат, ама каде ќе ги кладе да легнат; што ќе им постеле, со што ќе ги покрие? А ете, и Чало не успеа да ги натера да си одат.
Викаа, пееја, пиеја и најпосле по мракот се донесе и ручекот. Каснаа по некој залак и друг и се истркалкаа на местата каде што седеа. Некои од потрезвените ги фаќаа пијаните за нозе и ги испружуваа под трпезата. Се изнаредија од билото до јаслите како сардели во кутија. Оној што го оставија во јаслите најубаво си помина; нему му беше најшироко. Само заушките долго го штипеа, но пак не можеше лесно да се разбуди.
Откако се сместија кој на постелата, кој на рогузината, некој и на гола земја, се јави сега тешкотија околу покривањето. Навистина летно време, топло, но луѓето поднапиени, се плаши попот да не изнесат зло од неговата куќа, да не настинат.
Дури имаше покрови фрли со ред до некаде; кога се свршија покровите, почна да фрла сакми, гуни, шајаци, елечиња, па и своето кусале што му служеше за мантија им го фрли на двајца. Најпосле останаа двајца без никаква покривка. Да не бидат без ништо, им фрли попот по едно рало чорапи на очите барем кога ќе се разбудат да видат дека сепак биле покриени.
Чало им дрпна на сите едно: „Со свјатими упокој”, ги препеа да не се свампират ноќеска, па и тој отиде кај поповиот комшија Стевана да се одмори и да се спреми за утрешните шеретлуци.
Неоти пак само кај попот имаше толку гости! Попот си имаше пријатели од својот еснаф, другите селани си имаа пријатели и роднини од својот бичим. И, се разбира, дека секој си оди таму каде што му е местото и каде што ќе го примат со задоволство.
Затоа и кај Џака не беше потивко отколку кај попот. Навистина не беа Џаковите гости толку многу колку поповите и не така „бендене” одбор како поповите, но тоа не пречеше тие да си се веселат исто така како поповите ако не и уште повесело. И Џако беше еден од мариовските шегаџии и мајтапчии. Тој немаше одено со никаков циркус никаде подалеку од Прилеп и Битола; ретко до Лерин или Кавадарци, но и толку доста му беше да може да ги развеселува своите гости. на Денешен. И ене го каде ги развеселува уште поарно од Чала поповите.
И Џако знаеше да свири на тамбура. И тоа убаво да свири а не како поп Тодора, Сивета и Ѓура. Имаше особена страст да ги крши тамбурите. И тоа зошто? Просто напросто уживаше во тоа.
Бил во млади години заљубен во некоја си Бојана, чорбаџичка ќерка. Џако тогаш почнал да учи да свири на тамбура и првата песна што ја научил да ја свири била онаа:
„Учи ме мајко, карај ме,
Како да земам Бојана …
И штом Џако ќе го изговорел името „Бојана” ја удирал тамбурата одземи и допазар донесувал од Битола друга нова за да ја искрши и неа во текот на неделата кога ќе ја запее Бојанината песна.
Сиромав беше Џако. Го запомнив и јас. Сиромав, ама ојнак, веселник, шегаџија, мајтапчија, може да се рече дека со ништо не заостануваше од Чала, Сивета, Ѓура и другите попови „бендене” гости. Само во сиромаштијата беше „пофарк” од нив. Но таа не му пречеше да биде домаќин.
He ја зеде саканата Бојана (и поарно за него што не ја зеде), ами се ожени со едно сиромашно девојче од комшиите — Бисера.
„Гол за гол се зедовме”, велеше по стари години. „Бисер е Бисера моја”, стално се фалеше со својата бабичка Бисера. И навистина се погодија обајцата со табиетите.
„Има-нема, стопанка му”, велеа обајцата кога ставаше збор за имовиште и сермија. He се јадосуваа што немало ова, немало она. Главно Нако го вадеше лебот и тамбурата секоја недела со крбли и каци што ги носеше секој вторник во Битола или Лерин. Носеше оттаму по едно шиниче пченица и јадеа со Бисера и децата чист леб на пук на чорбаџиите што ја продаваа пченицата, а јадеа ‘ржан или царевен леб.
И сега на Денешен ене го се распиштолил Џако како цело Мариово да е негов чифлиг. Пијат гостите тиквешка комињарка трипати поарна и полута од поповата самоварна; вино — такуѓере. И оти да не пијат? Уште спроти Денот дојдоа кај Џака четворица тиквешани со четири маски и две магариња пијачка и го растоварија кај Џака. Го растоварија и му го оставија на „бог душа” да го продава Џако, а тие да тераат гости. И Џако си наточи колку што му требаше нему од сите дванаесет меови по две-три-пет оки од мев; им шибна двојно вода и до капка им ја продаде сета пијачка на Селаните. Co тоа си осигури пијачка за себе, а и на стопаните им даде за по десет оки пијачка повеќе пари. Тие ја разбраа работата кога почна да ги чести Џако; ја познаа пијачката оти е од нивната, но што имаше да му забележат кога тој и нив ги ќарува со по некоја бела меџидија?
А и со мезињата Џако не паѓаше подолу од попот и другите чорбаџии. Што беше за купување од пазар: шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, локуми, Џако донесе од се помалку. Купи и една-две оки сирење, една-две лубеници и дињи, го закла и последното шилеже, а бабата Бисера намеси погачи цел шиник брашно што го донесе во неделата пред Денот.
Затоа сега Џако со светнато лице го тераше свети Илија, свиреше на тамбурата цврсто, но гледаше да не ја запее Бојанината песна, оти тоа би значело да остане без тамбура баш на Денов. Свиреше Џако и пееше со сиот глас, а гостите го придружуваа во песната и го послушуваа кога ги канеше:
— Повелете, повелете, пријатели; напиете се од ракичката. Нека се живи пријатели, не жалејте го Џака; му дал господ од се по малку, — и погледнуваше во тиквешанките, па и викаше на бабата Бисера:
— Жено мори! донеси една лубеница да пресечиме со гостите.
Жената ја носеше лубеницата, но Џако ја клоцаше со ногата и викаше:
— Друга, друга донеси; кај ја најде оваа. Бисера ја земаше лубеницата и ја изнесуваше, a по малку се враќаше пак со неа. Џако и таа ја клоцаше и бараше друга, трета, четврта . . . дури не се запираше на петтата. А оти беше само една лубеница, тоа гостите не можеа да знаат. Тие мислеа дека Џако донесол цел товар лубеници за Денот.
Донесе Бисера една-две ваганки сирење, a
Џако и се развика:
— He од ова, мори утко, не. Донеси од прчаното, од помекото.
Бисера ги враќаше ваганките со сирењето), го промешуваше од една во друга и пак го носеше пред гостите. Тие јадеа и добија впечаток дека Џако има сијасет каци со секакви сирењиња, мазои и урди. А Џако немаше никакво прчано, никакво мркано сирење. Купи од комшијата Милоша две оки и со него го истера Денот. Ама кој го правеше Џака домаќин и чорбаџија? Се разбира, бабата Бисера. Затоа тој и се фалеше со неа. Помина со неа, ене го, шеесет и повеќе години и ниедно бело влакно нема. Забите сите ги чува и уште води танец на орото секогаш со бабата Бисера до него. He само оро што водеше Џако, ами уште играше клис, бишка, долга магарица; рипаше прескакулица и тринога со децата, а старците — неговите врсници дерман немаа од него на секој собор. Штом се прибираше Џако до некоја група старци што се разговараа и пушеа на лулињата мирно, веднаш како штркот да влегуваше во нив. Сите се размрдуваа, се тресеа нешто, го пцуеја Џака, го фаќаа два-тројца да го борат и се заметнуваше шега. Што им правеше Џако на тие старци не може да се доброи. Некого боцкаше со трн одзади, на друг му пушташе во ушето жар од лулето; на трет — грутка снег во вратот ако беше зимно време; четврт удираше по жили и го ставаше да седне во вирчето вода зад него; им кршеше јајца во вратот, елем, ако ништо друго, им туткаше силно во ушите. Тие што носеа бради најмногу страдаа од Џака. Се гледаше да го грабне за брада и да го води старецот кај што сака тој.
Тиквешаните останаа првиот ден кај Џака. Пијат, јадат и се чудат.
— Ем ни ja платија, ем му а испиме. — вели еден на друг. — Каква ќе биде виа работа? А Џако ги кани: „Повелете, повелете како во своја куќа од своја мака”, а сам зел едно шише и дури гостите пијат, тој ја тура ракијата во огништето, во пепелта. Го забележи Бисера и му се наврека што ја тура ракијата но тој одговори:
— Ајде, жено, ајде, нека е за душа на умрените. Зар овие што ја пијат ќе ја платат, та оваа ќе отиде за бадијала. Нека се живи пријатели… — и пак погледнуваше во тиквешаните.
Еден од тиквешаните го надушил качето со пиперките што ги стави Бисера за Денот и го изнесол да не слегува домаќинката секој час во земникот да носи мезиња. Пијат, јадат мушавере прават, што би рекла народната песна. Ама се седи ли на Денешен без гајда во такво друштво? А рековме дека и Џако свиреше на гајда и на тамбура. Тамбурата беше повеќе господска свирка, та и на Џака му се присака да посвири со гајдата. Ја побара од Бисера и оваа веднаш му ја донесе, а Џако ја надува.
Друштвото, вакво какво што беше одвај дочека да писне гајда и штом Џако го засвире „тешкото” сите изнарипаа и се фатија на танец. Еден од тиквешаните се фати напред. Ги тресе тенките гаќи, го извива орото сред куќата околу огништето, го пушти и долни крај, пак се врати горе по катиштата и почна по тактот на гајдата да прави некакви скокови — клекни — стани, клекни — стани, викајќи:
„Друс, баго мата, друс. А бре, де бре, a гope, а долу, друс бре улиња, друс, уште еднаш, два три”. Сите по неговата команда клекнуваа, стануваа, тропаа со нозете додека сите го сложија скакањето и сите наеднаш „друс” ама тогаш и гредите под нив „друс” и целото друштво се најде во визбата. За миг се најдоа сите долу еден врз друг, а танцувачот тиквешанец, како прв на танецот се најде најздола.
И дури тој стенкаше оздола, другите се смееја и се наместуваа да ја одржат „Полчишката кула” која се правеше од луѓе еден врз друг како овие Џакови гости сега што ја направија без да сакаат.
He му беше лесно на оној што го крепеше целото ова друштво на својот грб, но кога веќе се најде во таа положба, сe крепе и да нејќе.
Ни Џако не помина поарно од тиквешанецот. Падна некако незгодно’ со задникот во еден сандак. Двете нозе ги дигна нагоре, а гајдата не ја пушта. Ја прицнал, та пишти ли пишти сиромашката.
Така се сврши и оваа сцена кај Џака со „Полчишката кула”.
Еден по еден станаа од „кулата” и ги ослободија тие под себе, додека најпосле дојде редот и на тиквешанецот што го водеше орото. Кога стана, го позатрлка грбот да ги понамести ребрата и си промрмори за себе:
— Тих, баго мата, ама јунак човек сум, бре улиња. Да не бе јас на танецот немаше вака лесно да слеземе одозгора. Ајде, баго мата, да одиме на орото.
Кои беа за ракија, визита и видување ги видовме кај попот, Џака, Лута, Дрмончета и други куќи. Направија визити, се видоа и се напија колку што можеа.
Навистина кај Лута не беше како кај попот и Џака, па ни кај Дрмончета. Луто заправо не беше посиромав од Џака, ама Лутовица се погоди „лутица”, та иако влезеше по некој пријател, гледаше што побргу да излезе да не и го гледа киселиот сурат и намуртените муцки.
Џако и Луто беа врсници, ама Луто изгледаше триесет години постар од Џака токму заради карактерот на Лутовица. Дури Џако се фалеше со Бисера, Луто пиштеше од својата „лутица” што секој ден го клукаше и му го труеше животот, та уште совреме (на триесетте години) му ги исчука забите и му ја обеле косата. Оцрне Луто, отемне и заб не обеле за своите четириесет години колку што ја имаше крај себе оваа своја лутица.
И Луто се обиде на неколкупати да ја испроба својата жена како Џако, но кога тој и велеше: „друга лубеница донеси, а не оваа”, таа му се нафрлуваше со најбезобразни зборови и го правеше резил пред луѓето. Отприлика вака му одговараше лутовица:
— Кога ќе донесеш ти друга, тогаш и јас. Зар слеп си оти џема веќе сирење во качето та што запињаш да донесам уште; ракијата се сврши, мажу, речи им на луѓето да се пособерат малку во пиењето.
А кога денеска не помогнаа сите овие нејзини опомени и некои Лутови пријатели, знаејќи ја каква е, за инает останаа да пијат подолго, Лутовица ги натера да излезат без да сакаат. Отиде надвор и ја наполни футата божем деланки да го распали огнот, а во средето на деланките засипа една низалка суви лути пиперки и ги истури на жарот во огништето. Кога се зачурија деланките, се зачурија и пиперките, та во куќата не можеше да се диши. Станаа луѓето и просто избегаа за да не се задушат од лутите суви пиперки. Се разбира дека Лутовица го доби од Лута заслуженото, но во тој гнев тој старееше и остаре пред време, додека Џако со својата Бисер – Бисерка се помлад изгледаше.
Дрмонче пак беше од „скапаните”. Живееше во една ѕидиница со половина покривач и без еден шил. Лете – зиме ветерот си вееше низ неа, а Дрмонче ги чукаше гламните на огнот, лажејќи се дека му е топло крај црните суровици што пиштеа на малкуте жарчиња под нив. Но и кај таков домаќин на Денешен имаше гости. Гости од неговата сорта, сиромаси пријатели, другари кај коишто и тој на нивните Денови одеше. И не само што имаше гости ами дури и песни се слушаа и во неговата ѕидиница. Пагурчето и тука фрчеше одрака нарака, грнето со грав клокотеше, а, лебами, и Дрмончевица меси погачи и булиња, макар да беа ‘ржани; уште поубаво се носеа со грашокот и лутите пиперки што му се родија во малкото градинче зад куќа. И Дрмончевите гости се наручаа убаво од лутиот грашок и пиперки, та и тие излегоа на сре тселото да земат учество во орото и другите игри што се изведуваа на Денот.
Орото почнува уште од утрината. Рековме дека има разни сорти гости. Ораџиите Друго и не ги интересира на панаѓирот, освен орото. Гајдаџиите — исто така. И ене го гајдаџијата Стојко Катин од В. уште пред осум часот ја надул гајдата на една страна и собрал околу себе група гости и домашни, се разбира млади ергени и девојки, и го повеле првиот танец. На друга страна други негови еснафи, гости и домаќини, исто така ги спремаат гајдите, а околу нив се собрале ораџиите.
Како гајдаџии, така и ораџии се исполни срет селото. Секој гајдаџија ја спремил својата гајда за Денешен. He е шега работа. Цело Мариово треба да си го каже своето мислење за секого.
Петко од М. нарочно го закла најголемиот прч што го имаше за да изгледа неговата гајда најголема, покрај тоа што клепарката, брчалото, па дури и дулецот беа од чиста коска и нашарени со триста пулејки. Ама пак не можеше да ја добие првата награда, бидејќи Стојко беше ја разбрал работата, та место јарец, тој го закла телето од Пулка и го надмудри Петка. И не само што беше поголема Стојковата гајда од Петковата, ами тој беше мајстор гајдаџија, та беше ја направил да пишти „до небо да се слуша”.
И ене ги сега каде се натсвируваат.
Додека Петко се гордее со својата шарена гајда, Катин не му дава „око да отвори” да писне.
Штом Петко ја надуваше гајдата и сакаше да и посвири на некоја девојка, Катин ги намамуваше селските ергени и почнуваше да им свири се на „горните”, па кога ќе писнеше таа пуста гајда, се заглушуваше наоколу, така што Петковата ни танчарката не можеше да ја слушне, а камоли другите ораџики.
И така Петко и оваа година остана на второ место. Сам призна дека не свири поарно од Катин, но се надеваше дека украсот на неговата гајда ќе му донесе поголема слава и уважение сред многуте ораџики на кои им свиреше. He му беше криво што беше гајдата на Катин поголема, но од каде, пустињата, толку пишти?
А Стојко само се дуеше и се насладуваше што и оваа година го потисна својот стар противник Петка, којшто за оваа работа дојде дури од далечното М. Цел ден, сиромав, патува и пак не успеа во натпреварот со Катин.
Можеби ќе се запраша некој: зошто им е ова првенство? He е тоа без значење.
Петко беше ерген. И тоа стар ерген. Одамна втаса, та дури и претера за женење, бидејќи ги помина дваесетипетте. А која во Мариово ќе се омажи за таков стар брав кога има јагниња од осумнаесет години?
Од неговото село Петко и не мислеше да бара девојка. Едно поради староста, а друго и поради сиромаштија. Од неа и остана тој досега неженет. Затоа не оставаше ни еден селски панаѓир по Мариово да не појде, белким некоја што не го знае, ќе се излаже да му добега.
He беше грд како Арнаутчето, да речеме. Може да се каже дури и убав беше Петко. Ама пустите години беа тешки. Таа беше најголемата пречка што го сопињаше. Испуштил кога му било времето, и сега каде си ја толче главата. He може да најде мома.
И оваа година се обиде да излаже некоја со гајдата и со песните; а добро и играше Петко, ама оној проклетник Катин не му даде око да отвори со тоа пусто негово гајдиште. Ене го. Излегол на орото и ја надул гајдата. Дарко го повел танецот, до него лудиот Дајлан, по Дајлана — Ѓуровци. Колку ли се? Петина браќа, шест први братучеди — цело Чочово бачило. Кога ќе се фатат тие на оро, тешко му на гајдаџијата, а уште потешко на тие што гледаат. Особено моминските рува страдаат ако е кално времето.
Дарко го опнал фустанот со сто и дваесет бочници; ѕиврите му ги покриле колениците, a јанинските опинци со буфките на врвовите светат на жешкото сонце. Млад, здрав, променет не може да биде поубаво, ги исполнува сите услови да рипа и да ги гази девојчињата. Го води танецот и се врти како чигра. Пустиот му фустан се шири како шатор. Сите гостинки му завидуваа и заблазуваа.
Оние што го познаваа со шепот го величаа, а оние што не го познаваа — распрашуваа кој ли е оној делија.
He само Дарко, но целиот танец се претвори во шатори.
Опашката ја држи еден од Ѓуровци. Тој постојано се врти, ама нема фустан ни широка кошула да развее во вртењето, ами опнал некакви тесни шалвари, нешто како градски панталони. Затоа жените со потценување го гледаа.
— Пусти, Ѓуро, пусти! Што се вртиш кога си како драг. Колку да се вртиш нема фустанот да ти се рашири, му потфрлаше Дафина Мокрина, гледајќи во танцувачот Дарка, кој беше салам натокмен по мариовски.
А Ѓуро се порасклоцуваше, кога ќе поминеше крај нив, та и една капка кал ако имаше, сите ги попрскуваше.
И така. Дури танецот од Дарковци, Дајлановци и Ѓуровци се вртеше, Катин дуеше во гајдиштето и тераше се на горните прсти, а таа пиштеше, та до небо се слушаше. Како да сакаше и старите светци да ги разигра.
Едно што ораџиите таква сербес свирка сакаа, а друго и најважно беше да се заглуши Петковата гајда, со која тој и свиреше на една гостинка.
Дува Петко, сиромав, ушите му ѕвонат и мисли белким со дувањето ќе ја натпишти Катиновата гајда. Колку да не може, ете се лаже.
Гостинката често го погледнуваше, а Петко само што не ја нагазуваше. И се наднесуваше над лицето, свиреше и во самиот дулец, подигруваше и сам по тактот на гајдата, и го допираше брчалото до самите бујни гради небарем не гледа што прави и се топеше од милина.
„Белким ќе ја излаже тој натемаго?”, си мислеше Петко и потскришум и намигнуваше да види на што ред е гостинката.
И навистина на овој панаѓир Петко си сврши работа. Гостинката го бендиса во свирката и тој, отаде одоваде, се најде вечерта таму кај оној домаќин каде што беше денешната ораџика на гости. Го весели Петко целото друштво со свирка и песна, и тоа сега само со својата гајда, бидејќи не беше тука Катин да му пречи како денеска на сретселото на орото. Свирејќи и пеејќи, толку и cе бендиса на момата и маќеа и, та успеа да ја прелаже и по Денот и тој се прожени.
И Стојко Катин не остана подолу од Петка. И неговата гајда си ја достигна целта кај друга гостинка, та обајцата соперници по Денот се оженија и по девет месеци и татковци станаа. Такво е; тоа бачило таква маст вади…
** *
Гостите кај поп Тодора заседнаа и цел ден не излегоа од дома. Велика ги послужи со кафето, ракијата и мезињата и попот ја ослободи од понатамошната домаќинска должност. Едно, знаеше што значи да врзиш дома младо живинче на таков ден, а друго, сакаше да биде на раат целото друштво да не се стега никој дека има женска челад. А должноста на домаќин си ја зеде Чало со Арнаутчето и уште неколку гости од посиромасите. Попот им кажа каде што се наоѓа и тие почнаа да служат како што му е редот.
Затоа Велика се натокми со сите момински накити и се спреми за на оро.
Го промени и Ѓорета што можеше најубаво и го испрати него напред.
Ho Ѓоре требаше да ја види даскаловата ќерка Јана со која почна уште од петнаесеттата своја година да шеретува макар да беше таа постара од него цели две години.
Кај даскалот Бина пак служеше сиромашното момче Васил Гелевски, околу кого што се завртка поповата единица Велика. Затоа Ѓоре сега застана на даскаловото плетче небарем Васила да го чека.
Васил немаше што да се променува и дотерува. Тој немаше, ни фустан како Дарка, ни широка кошула како Дајлана, но не носеше ни тесни шалвари како Ѓура Гуровски. Една кошула со пет шест бочнички, ќурдија со оптоки а не со гајтани како Ѓуровата и Дарковата, волнени гаќи и обични чорапи без никакви шарки на нив. Нови му беа само опинците „ќоселе” и капата што му ги купи даскалот за Денот.
Но таа скромна облека го правеше многу поупадлив, бидејќи девојчињата не го загледуваа во рувото, но во неговото бело црвено лице и кршната става.
Јана не беше сама домаќинка на глава како што беше Велика Попова; уште и беше жива мајка и, та беше уште рано — рано нагиздена. Но не и се одеше сама, без Велика на орото, а од друга страна и таа го чекаше поповиот „ерген” Ѓорета.
Затоа, кога го виде преку прозорецот, го замоли татка си да го ослободи Васила да и посвири’ на орото. Оти момците слуги не можат да излезат и на празник без дозвола од чорбаџијата. Таков беше адетот. Ако сакаат и в година да најдат место за главување, треба за се нешто да го прашаат чорбаџијата, та дури и за на оро дали можат да одат.
И ене ги, Васил и Јана излегоа, го најдоа Ѓорета на плотчето со полни пазуви круши, Се поздрави со Васила и срамежливо ја погледна Јана. Оваа, како постара од него, имаше поголема слобода, та го праша:
— Камо ја Велика, бре фудул! — Така го викаше, бидејќи тој никогаш не започнуваше започнуваше разговор со неа… He дека тој беше фудул и нејќеше да и преговори прв, но се нешто го стегаше во грлото. Но кога таа прва започнуваше, тој одговараше на прашањата, поцрвенувајќи до уши. *
— Ете ја, остана да се дотерува. Вие момите да е кабил и рогови да си кладиле, — и одговори кусо.
— Mope, нашите моми и така се убави, зар не? — се замеша Васил, покажувајќи му ја со окото својата чорбаџика Јана.
— Така им се чини, та убави како .. . сакаше да рече Ѓоре: ,,како оние во пештерите” и му ја покажа пак тој Велика која се зададе од ќошот на Сребриновскиот плет и слушна што проговори тој.
— Што, бре, што? — праша таа од неколку чекори скраја. — Што зборувате вие тројцата за некаква убавина?
— Тоа де; Васил вели дека вие и ненаружани сте биле убави, ама јас му реков дека не сте убави, — се окуражи сега Ѓоре и смело и погледна на Јана во очите.
— О, ох! Па вие сте ми многу убави кливтевци едни, — продолжи Велика и веќе се сретна со Јана, која тргна кон неа, та се фатија за рака.
— Ајде, ајде. Ајде да одиме на орото да поиграме и да видиме таму некој убав, та ние сите сме си: „еден дигни — друг трати”, си го даде својот суд Јана за сите четворица.
Ѓоре го фати Васила за рака и така тргна нашата четворка нагоре по Сребреното уличе штрачорејќи како страчиња штотуку излетнале од седелото.
Ѓоре го поптурна Васила до Велика небарем се сопна. Васил му го врати и го поттурна до Јана само и само некако да им се допирнат алиштата, ако не можат рацете или телата.
Јана го искара Васила, Велика — Ѓорета, но сите четворица чувствуваа милина што се заедно.
Ѓоре се окуражи и и ја зеде босилковата китка на Јана од рацете, ја помириса и пак и ја врати.
— Охо, хо! Што убаво мирисала момина китка!!! — си мрмна и по два чекора и ја откина китката на Велика и му ја поднесе под нос на Васила:
— Мирисни, бре, и ти од момина китка; што си се здрвил како брчало од гајда?
Васил помириса, но Велика му ја грабна на Ѓорета од раката и токму кај што мирисаше Васил и таа ја помириса. И се стори дека сега китката многу попријатно и некако поинаку мириса од преѓеска.
Така поттурнувајќи еден друг ето дојдоа до оралиштето.
Гледачите веќе беа изнаседнале и со љубопитство ги гледаа новите посетители.
— Види, види, ослепела, поповата и даскалова мома ка се наружиле, и вели Мита Чолакова на Стојна Гегова; и двете моми за мажење што гиздењето на малите девојчиња ги дразнеше, мислејќи дека ќе бидат засенчени.
— Mope ми, што ги боде да не се наружаат кога ги храни и газди цело село, — одговори Стојна и ја заврте главата на другата страна во знак на протест и завист.
— Види, па и онај шебекот попов се присливосал со нив. Уште гаќите не може да си ги врзе асално, па опнал фустани, везени ќурдии, шарени чорапи …
— Се прави со сила ерген, туку има да лапа муви дури да стане ерген како што треба, — пак префрли Стојна божем не сакаше ни разговор да прави за овие, недостојни за неа, моми и ергени.
А и едната и другата потајно си мечтаеја можат ли некако да станат попови снаи?
Но тие беа само празни мечти. Ене ја Јана веќе го фатила метеризот и само нејзината пушка може да го застрела ова попово кунатче.
На Васила, Мита и Стојна не му се ни опулија.
Та такви како Васила, поправо како Василовиот татко — сиромаси и колпоскапци — во селото има колку да сакаат Мита и Стојна. Марифетот е да појдат кај попот или даскалот; на раат да си го поминат животецот, та за со мотиката и српот на рамо, колку сакаш места има во селото.
Арно ама, ете, кај попот ги истурка Јана Даскалова, а кај даскалот Митра Сребрева уште лани влезе, та немаше што да разговараат по тоа прашање. Затоа и Стојна ја вртеше главата настрана.
Уште со навлегувањето во орото Васил ја наду гајдата, а Јана и стори ред на Велика да го води танецот.
„Нема чаре, золва ќе биде, мора да и се прави киселиот”, — си мислеше Јана во себе кота и го отстапи местото на Велика. И оваа го поведе танецот.
За миг за Јана се нафаќаа други девојчиња и танецот тргна сред игралиштето.
Ѓоре остана сам пред Мита и Стојна и овие го исползуваа случајот да го заденат младото попово ергенче „0што не може асално ни гаќите да си ги врзе”.
— Оти не се фатиш и ти, бре Ѓорго, да поиграш со момите? — му потфрли Мита, знаејќи дека ќе им се смеат на оние моми до коишто би се фатил ерген да игра. Така беше тогаш; шарено оро не се играше оти се фаќаа и Турците до жените ако видеа оро од мажи и жени.
— Mope, фати се, фати се, мило; ти си уште максамче, кој ќе ти забележи, го повтори сега Стојна она што го рече Мита со еден додаток „максамче” со којшто сакаше да го потсети Ѓурета дека е уште дете недостојно за нејзиното внимание.
— Оти.. . ? Зар пак не можам да се фатам? — одговори Ѓоре.
— Оти пак да не се фатиш? Ете сестра ти го води орото; Јанка ти е твоја, оти да не се фатиш. Ако си будала, не фаќај се, — му потфрли пак Стојна и ја прегрна Мита со левата рака, та извикнаа обете јасно и гласно во знак на задоволство што ја открија вистината кај Ѓорета и Јана.
Ѓоре поцрвене, но одговори:
— Ете моја е, мори златни, што ќе ми правите, де да ве видам? И баш за ваш инает — ќе се фатам, а де?
— Еве ве, сестричко златна! Ни пет, ни шест, си признава дека Јанка е негова. А ти, Мишко, мисли си дека гаќите не може да си ги врзе, — и рече Стојна на Мита така гласно што Ѓоре ги слушна.
Додека се водеше овој разговор, Велика го доведе танецот од каде што тргна и токму пред Ѓорета дојде. Овој им се опули право во очите на старите моми Мита и Стојна и влезе меѓу Велика и Јана во танецот.
Мислејќи да се фаќа некоја нивна другачка, овие ги пуштија рацете и Ѓоре ги фати едната за левата, другата за десната рака. Но кога, на два чекора напред го видоа дека не е девојче, се растревожија. Велика го искара што се фатил до неа, Јана поцрвене како жар, но тој ги стискаше и двете раце а не сакаше да се пушти. Јана го греши орото, а таа што играше до неа од другата страна ја искара да се поправи. Да го прекинат орото не сакаа, бидејќи само еднаш завртоа, те Велика продолжи со едно фалење на Ѓорета:
— Ќе видиш кога ќе му кажам вечер на татко.
— Кажала не кажала, и јас сакам да поиграм со вас, —одговори Ѓоре и го исправи танецот со Јана по него, знаејќи дека татко му уште ќе го пофали што тргнал по неговиот пат уште co Bpеме.
— Аха, хааааа —ииииии хи! — се слушнаа пак гласовите од Мита и Стојна. И колку танецот од Велика одеше кон другиот крај на оралиштето, ова: „аха, ха — ииии хи” се се прошируваше.
— Гледајте, жени, во девојчињата се фатило едно машко, — се чудеа гледачите и гледачките.
— Mope ми како не и е срам на даскалова ќерка да го држи за раце она попово шебече, срам да ја јаде! — велеше бабата Кала Шалева. — Да се фати некој до Мена моја, главата со столов ќе му ја расцепам овде на сред оралиште.
— Мори оти пак да не се фати, Кало? Неоти ќе ја изеде дека ќе се фати! одговараше понапредната Неда Сивевска, којашто исто имаше ќерка врсничка на Јана. — Јас, право да ти кажам, ич не и бранам на Доца моја; кого си го сака — нека си го земе. Па на овие попови — даскалови не треба да им забележува човек. Еснаф луѓе се, та ако се посватат, лошо ли ќе им биде
— Мори, златна Недо, златна. Кој им пречи да не се посватуваат? Туку. . . денеска овој до Јана, утре другиот до Доца твоја што велиш, другиден до Мена моја и еве ти го букуреш во селото! Јас дури сум жива не сакам да ми се смеат еснафките, — заврши бабата Шалевица строго решена да не дозволи ни на еден ерген од селото да се фати до Мена нејзина додека е во нејзината куќа.
— Секој си е сајбија на главата негова и на челадта, — го заврши и Неда разговоров кој што се водеше кај сите мајки што гледаа дека меѓу девојчиња се фатило едно ергенче и тоа на сретселото, ка орото. Да беше на некоја свадба, првиче, меѓу роднини, кое како. Ами на сред село и до јабанџија, па уште и до такво што иде предвид да се омажи за него! Тоа досега се немаше, ни чуено, ни видено во Мариово.
Велика го заврте танецот уште еднаш и го замолија Ѓорета обете со Јана да се пушти ако не сака да им го расипи орото.
Се разбира дека Ѓоре им ја исполни желбата, се пушти и ги покани да се фатат и тие на неговиот танец. Но тоа би било ептен резил. Девојка во машки танец, не и гинеше смеата: „машкаракамара, бик Стојна”. Така им викаа на тие моми што се мешаа со машките. A пo која ќе се викнеше вакво нешто, се знаеше нејзиното; остануваше извикана до животи.
_ И токму орото се растресе од разни Дарковци Дајлановци, Ѓуровци, Велики и Јани и Џако со своите гости тргна со надуена гајда.. Свири и викна патема да пее колку грло што го држеше. A неговиот глас беше познат во сите мариовски села. Свири Џако и пee, а гостите го придружуваат. Барем така тие мислат, оти тоа што се слушаше малку личеше на песна. Во занес Џако се сети за своите млади години, па и за неговата прва љубов — за Бојана. Ги постегна брчалата, ја поујдиса гајдата како да ја спремаше за некаква свеченост и ја викна својата омилена песна: „Учи ме мајко, карај ме… Како да земам Бојана. .. ” и високо извикна: Иииии — их!? И само што го изговори Бојаниното име и она иииих!? ја удри гајдата одземи и колку што можеше скокна и рипна на неа. Тежок над седумдесет оки, а покрај тоа и силниот скок гајдата не можеше да го издржи, ами пукна како меур од крмнак и направи една грмотевица небарем бомба пукна.
Друштвото се потплаши, позастана, но кога виде што направи домаќинот, Џако почна да се смее, но му стана криво што мора да оди на оро без гајда. Сепак излегоа кога Катин свиреше, a Дарковци и Ѓуровци играа. Се послужија со нивната свирка и се фатија на нивниот танец, се разбира тиквешанецот пак напред, a Ѓypo на опашка, та танецот доби два стожера со шалвари.
Од другата страна на сретселото дедото Бургија ги изведува своите гости. Домаќин човек, честит, богат и дружевен и тој. Често оди на гости, затоа и му идат и добро го „вршат”. Се собрале и кај него од сите страни. Особено негови пријатели и врсници — старци. Тој оди напред, потпирајќи се на дреновата патерица, a по него брчи гајдата и пријателите се шегуваат и шенлучат. Попладне е па се забележува на нивните лица веселба со пијачката.
Макар сите да се стари, го тераат домаќинот да поведе танец. Тој се оптега, се ењави, но кога сите навалија, трга, ама патерицата не ја пушта од рацете. Кога се појави тој со својот танец, гледачите се потргнаа назад. Само едно купче девојчиња и невести останаа на сред оралиштето.
Дедото Бургија го тргна танецот токму низ ова купче и прозбори:
— Бегајте, моми, да не ве изгазат ергените.
На оваа негова забелешка сите прснаа’ во смев, а опашкарот му потфрли на танчарот со некаков стих како да беше го чул од Елин Пелин:
„А бре, старче, гурелавче, Зошто одиш низ момите Како бел прч низ козите…”
Момите и невестите се закикотија и сите го погледнаа танчарот.
И навистина нашиот танчар токму личеше на бел прч низ козите, бидејќи целиот беше бел наG главата.
Го заврте еднаш танецот и кога виде како скакаат и се вртат Дарковци, Дајлановци, Ѓуровци со тиквешанецот на танец, се обиде и тој со своите другари да направи некоја од тие „акробации”, но штом еднаш клекнаа, повеќе од половината од танецот не можеа да станат. Самиот танчар се послужи со патерицата, се исправи и им помогна на другите „ергенчиња” да станат.
Се направи смеа. Се смееја децата, се смееја жени, мажи, а најмногу бабите.
Оние, што дедото Бургија во млади години ги беше задевал, почнаа да му напомнуваат некои доживувања од тоа време.
Бабата Митра Ѓорговска му вели:
— Мислиш ти, свату, да си оној пред педесет години кога ги бркаше девојчињата, а? Помина тоа, поминаааа! И јас би сакала да се врати, ама на! — и си го удри левиот лакт со десната рака.
Најпосле и тоа се сврши. Колку за просо да се роди заиграа и бабите со Митра на танец и веќе фати сенката од ридот.
Тогаш почнуваше најинтересниот дел од денешните настани. Почнуваше борењето меѓу гостите и домаќините. Се фаќаа прво дечишта од десетина дванаесет години и победителот бучеше сред обрачот гледачи коишто веднаш се собираа околу нив да го видат резултатот. По правило на победителот му водеа постар противник и појак за да падне првиот победител, а на вториот, третиот . .. петтиот и тн. му водеа се постар и поголем, та дотеруваа и до најјаките мажи да се обидат. Натпреварот се состоеше во тоа, кој ќе остане оваа година победител — домаќините или гостите.
Паѓаа гости, паѓаа домаќини, но крајниот резултат секоја година, секој Илинден беше победата на домаќините. Ниеден гостин не можеше да го кутне Џака. Кога веќе некој од гостите не можеше да биде совладан од друг домаќин. Џако ја слекуваше ќурдијата и не чекаше да го тераат да се бори. My пристапуваше на победителот — гостин; ги засукуваш ракавите до над лакти и пред целиот собир бараше од противникот да се изјасни, да си го даде зборот дека нема да го бараат домашните ако го отепа во борењето.
Гледајќи го така голем, борачите се исплашуваа и му поминуваа под рака во знак на признание дека се победени. И така домаќините остануваа победители. Ако пак некој од гостите се осмелеше да се фати со Џака да се бори, другите го бескуражеа, плашејќи го дека еј сега ќе го наметне на колк и ќе го отепа, та таквиот борач потклекнуваше и се олабавуваше и сам да го кутне Џако со полесно, отколку да го отепа.
Се случуваше по некој да ја опипа Џаковата сила и да оцени дека не е толку јак Џако и се позаинатуваше да се бори. Во таков случај Џако имаше еден необично вешт трик за да го натера противникот на „капитулација”. Гледаше да го фати некако за учкур, та, или да му го скине, или лак да му го одврзе. А бидејќи мариовците не косеа тогаш две рала гаќи, т. е. гаќи и панталони, ами само едно рало гаќи на голо месо, тоа во секој случај, било да му го кинеше гаќникот било да му го одврзуваше, на човекот гаѓите му навртуваа под колена, тој се посрамуваше, a лебами, и се сопињаше од гаќите и мораше да клекне, за да не го разоткрие Џако пред целиот свет на оралиштето.
По „капитулацијата” на гостите во борењето се заметнуваа другите натпревари: фрлање камен, скакање од место, тринога, долга магарица и тн. но тука Џако ги оставаше домаќините да се обидат, па иако победат гостите, тие беа слаби победи во споредба со борењето.
Така се завршуваа сите три дена на Илинден, Спасовден, Митровден, Петковден и ред други панагири во цело Мариово.
Поп Тодоровите гости не излегоа првиот ден на оро. Се послужија со гајдата на ракиџиите што дојдоа и останаа кај попот и на спиење. Co таа гајда вечерта посвире и Јошето Арнаутово, па и Велика поигра до самиот поп — татко и, но некое особено внимание не му обрна на гајдаџијата, ниту пак на некое друго ергенче што беа кај попот. По се изгледаше дека веќе ја имаше некаде на друго место „обесена пушката”. He изгледаше, ами јасно беше како бел ден дека Велика Попова се сака со даскаловиот момок Васила. Тоа се забележа уште минатата зима на Водици, а особено пролетоска на стригот.
Почетокот на нејзината љубов — на стригот… и на Богојавление.
По смртта на мајка и, Велика си ја зеде грижата на домаќинка. Почна да си ги брка сите домашни работи. Переше, готвеше ручек — вечера, ги пречекуваше и ги испраќаше многубројните посетители и посетителки на попот, што се зачестија барајќи го да им сврши некоја душе брижничка работа. Од Тешките домаќински работи Велика _ немаше мака. Неволјата ја научи во своите петнаесет шеснаесет години да биде вистинска домаќинка. Знаеше пристојно да ја измете и суреди куќата, да спреми ручек, да меси и испече, да испере, та научи дури и кошули и гаќи да му шие на Ѓорета од дебелото платно што го ткаеше сама.
Бидејќи веќе и годинки понаполни (влезе веќе во осумнаесттата) и снагата и набуја. На образите и се појави црвенило, нозете и рацете и се понаполнија, а градите покажаа знаци на женственост. Co еден збор речено, се замоми. Beќе и најдобрите домаќини почнаа да мислат на неа кога правеа разговор со своите баби која да ја земат за синот за снаа.
Селските ергени, (оние што пред две три години не ни знаеја дека постои девојче на некојси манастирски ѓак), почнаа да ја бројат во редот на селските моми и со задоволство разговараа за неа, сакајќи секој од нив да биде попов зет.
И кога се започнуваше разговор меѓу некој ерген и некоја баба што се занимаваше со стројниклак, овој веднаш ја потсетуваше на познатата песна.
„Мори стројник ќе те пратам, бабо мори
Мошне на далеку
Дури во Јанино, бабо мори
У тој попо Јанета, бабо мори
За попова ќерка
И бабата веднаш знаеше кај мава овој пријетел.
На некого му велеше: „Обриши се, синко; тука ни чорбаџи Беренџе не ќе може да влезе, не пак ти голо овчариште”, друг тешеше дека девојчето е уште малечко и за бадијала ќе го чека, ит.н.
Но ни Велика сега не беше рамнодушна спрема околината. Свеста дека таа е сега попова ќерка и ја подигна женската суета и егоизмот се покажа кај неа.
Како секое младо девојче гледаше што поубаво да се облече, да се измие, да се начешла и ситно да ги заплете своите црни, како жужел, коси, бидејќи беше попова ќерка, беше срамота да носи опинци. Затоа секогаш одеше со чевли. Најпосле не остана рамнодушна и спрема ергените, како оние лично или преку други што и се умилкуваа, така и спрема оние и што не мислеа за неа. He што не сакаа да мислат, но затоа што се чувствуваа недостојни за таква висока чест.
Набргу се забележа дека на Велика и го фатило окото селскиот ерген Васил Копринаров; еден од оние што најмалку се надеваше на ваква среќа.
На еден стриг случајно се погодија Василовите овци кај истиот ќаа Трајка, кај кого што беа и овците на поп Тодора.
Бидејќи стригот на село е еден редок празник — еднаш во годината — тоа тој ден се собираат кај ќаата сите оние сопственици на овците што ќе ги пасе летоска чорбаџијата, и се прави цел џумбус од веселби.
Старците седат околу поставената софра, која е преполна со јадење и пиење. Тука се тепсии со месо — капами — со ориз, бонгур и зелје, кисело и благо млеко со пченица и шеќер, сирење старо и ново, погачи, зелници:, мазници, разни пити и се она што може да се изнесе на софра. Од пијачка најмногу се употребува вино и ракија.
Младите ги фаќаат една по една овците, им ги врзуваат сите четири нозе со нарочна врвца — подваза — и ги кутињаат на грб за да им го симнат свиленото руно за десетина петнаесет минути, од кое пак невестите ќе испредат танки кистови и убави шајаци за гаќи, гунки, сакми, или ќе ткаат черги, вреќи, покрови и веленца за ќерките и снаите.
Малите деца се шеткаат низ булукот, јаваат некој голем брав дури некој од постарите не ги искара, а лебами, и не ги пронатепа.
Невестите и девојчињата стојат крај стригарите и чекаат овие да ја довршат работата со една овца и да го приберат руното, да го здиплат убаво и да го кладат во кошот што е донесен за таа цел. Одат до софрата и носат по некое шише ракија, та ги честат стригарите да им ја закрепнат снагата во тешката работа. He е шака. Co обични ножици треба да остриже секој стригар триесет, четириесет, па и шеесет овци до пладнина, оти попладнина пак ќе дојдат козите на ред.
He е редок случај тој ден некој од стригарите добро и да се ќевледиса, да се поднапие, та мошне тешко прави разлика меѓу волната и кожата на овцата, така што не една овца ќе видите облеана со крв кога ќе ја одврзе и пушти стригарот. Но тоа ништо не е страшно. Нивната опробана медицина за три четири дена ќе ја излекува како ништо да не било. Тука е ќупот со катранот којшто служи за бележење на секоја острижена овца, а во вакви „трагични” случки се намачкува и пресечената рана со катран, и така за тоа веќе не се води сметка, и нема зошто…
Тој ден беше и Велика со татка си и брата си. Навистина и поп Тодор немаше богзнае колку многу овци за стрижење, но дојде и тој повеќе за разонода, па и да се напие и касне, а најмногу да им направи ќеф на децата. Ѓоре требаше да остриже неколку овци, оти попот не го носеше редот да стриже. Но едно што Ѓоре беше уште малечок и слаб, а друго поради изабените ножици, остана последен во работата. Сите ги привршуваа своите работи, а тој не беше уште ни на половината.
Кога видоа другите дека заради него ќе треба да чекаат со пуштањето на овците (а тоа би го задоцнило стрижењето на козите) решија да му помогнат на Ѓорета. И така, еден од оние што ќе му помогне, беше и Васил Копринаров, син на сиромашниот селанец Богдана.
Бидејќи Богдан имаше малку овци, Васил ги остриже пред сите и му се понуди на Ѓорета да му помогне, но место Ѓоре, Велика му одговори и му го покажа белегот по којшто Васил можеше да ги најде поповите овци.
Васил се изгуби во булукот и набргу се врати со еден голем брав кого што така лесно го носеше што се зачуди Велика. Го кутна наземи, и дури Ѓоре би го мачел половина, па можеби и цел час за да го врзе, Васил за миг го спетла и уште побргу го оголе, небарем со машина го стрижеше. Го одврза, го пушти и и го покажа на Велика руното да го прибере. Тој пак се изгуби и довлече друга овца, по неа трета, четврта, така што тој остриже три четврти од поповите овци, додека слабиот Ѓоре одвај една четвртина. Ова на Велика многу и се бендиса. Ова ергенче што одвај година две беше постаро од неа, така е вешто и брзо, а покрај тоа, така скромно, та ни еднаш не ја погледа в очи.
За првпат нешто и ги разволнува градите, така што одвај се задржа да не издивне длабоко1. Кога и ги покажуваше руната да ги прибира избегаваше да и се пули во очите. А исто така го избегаваше и нејзиниот поглед. Но на два три чекора откако ќе се поиставеше, таа небарем си ја бришеше потта од челото, тој крадешком ја гледаше како го носи руното, како го клава во кошот, како се наведува та и се гледаа црвените жилички на ножињата под кусото везано кошулче. Но ни на памет не му идеше дека таа може да го израдува барем со поглед, а веќе да се омажи за него — беше залудно и да мисли. My беше мило што таа стоеше тука крај него додека ги стрижеше нивните овци и тоа му ја вудвоваше вештината и му даваше сила со необична брзина да ја врши работата.
Напротив, ни Велика не остана рамнодушна спрема него. Го исползува случајот кога тој сакаше да стане, таа намерно му ја нагази кошулата, та кога оптегаа за да се исправи, потклекна назад и седна на нејзината нога. Таа, како да се возбуди од ова, малку се уплаши и се навали на неговото рамо за да не падне врз него. И едниот и другиот сега за првпат си погледаа во очите. Жар избиваше и од едните и од другите. Како излив на чувствата, обајцата се насмевнаа. И … осетија дека има нешто меѓу нив.
Половината работа се заврши. Поп Тодор го благослови ручекот и, откако младите каснаа на брза рака и стоејќи, ги пуштија овците од дворот на чорбаџи Трајка со голема веселба.
Најмладата снаа Бојана со шарена нова торба на рамото, опашана со огојка и друго зеленило, трчаше пред острижениот булук. На портата постарата снаа Јова ги прскаше овците со крстена вода, а Петко, Бојаниното момче, најмладиот Трајков син, сееше пепел со решетото врз овците, така што правот се дигаше високо како магла. Ѓоре, ползувајќи се со поповото име, ги грабна поповите пиштоли и испука два грмежа над овците. Овие се исплашија и напнаа кон излезот, а од портата надвор почнаа да бегаат колку што можат и не можат. Жени, мажи, деца, девојки викаа одѕади да се крева што поголема ѓурунтија за да се плашат овците и што посилно да бегаат низ селото.
На портата Бојана сите ги попрска со вода, а Петко сее ли сее пепел над нивните глави небарем ќе ги тера на покајание за нивните гревови, како што правел пророк Еремија во старо време со Евреите за да не паднат во Вавилонското ропство.
На излегувањето на портата Васил и Велика се најдоа едно крај друго. Магнет ги привлекуваше. И во таа бутканица излегоа заедно прицнати еднододруго. Бојана и нив ги попрска, a Петко ги запраши со пепел.
Овој беше прв случај така блиску да се најдат еден до друг. Мравки ги полазија обајцата; образите им зацрвенеа, а устите им се здрвија. Само потскришум пак се погледнаа, и, бидејќи ниеден не можеше да издржи, ги наведнаа главите, излегоа на улицата и се загнаа да та бркаат овците.
На враќањето кога требаше да се разделат, Велика се окуражи и го праша Васила дали ќе дојде да му помогне на Ѓорета во стрижењето на козите.
Тој потврди со главата и отиде да се измие од потта и пепелта и да се одмори од претпладнинската работа.
По пладнина за младите е многу попријатно на овој празник. Самата работа е позанимлива, та и оние што не ја сакаат многу работата, се фаќаат за ножици и се обидуваат да си го покажат мајсторилакот.
Козите се стрижат стоејќи, а не лежејќи како овците. Причината за ова е таа што козите ги обдарила природата со рогови, та можат да се врзат за некоја греда, за некоја гранка од некое дрво; еден држи за рогови, а друг им ја стриже острата козина, правејќи правилни линии по грбот и ребрата на животното.
Значи спремањето на козите за стрижење се врши на овој начин:
Секој домаќин кога ќе дојде кај ќаата на стриг, си понесува по една ортома (обично оние што им служат за товарање на добиците). Таа ортома се врзува за некоја греда или гранка и на долниот крај се прави клучка, се провираат козјите рогови во неа и добро се стегаат, а после се поткрева животното високо и се заврзува ортомата така што предните нозе ќе му висат, а ќе стои само на задните. Кога ќе остане само на задните нозе, тоа тешко може да мрда, а за тоа време стригот ќе си ја врши слободно неговата работа.
Друга причина што е поручек попријатно е таа, што ги нема старите. Обично откако ќе се испратат овците, старите одат да се поодморат, а младите остануваат сами да ги стрижат козите. Дури тогаш може да се види вистинското блаженство на заљубените девојчиња и овчарчиња. Затоа и Велика го замоли Васила да дојде поручек и да му помогне на Ѓорета. И ете тој и вети. Их, ама ќе се нагледаат колку што сакаат! Ако не во очите, барем во грбовите, вратовите, косите!
Вака размислувајќи, Велика си дојде дома каде што го најде татка си со стариот Мицка, којшто го донесе кошот со волната.
Го сместија кошот во предниот земник и поп Тодор си ја посла рогузината на сонцето крај ѕидот и легна да се одмори, а на Ѓорета и Велика им нареди да одат кај чорбаџијата Трајка и да продолжат со стригот.
Да не отиде онака сета испепелавена, налепена со пот, Велика набрзина се изми се зачешла се огледа и седна малку да здивне од трчањето.
Ѓоре непара се дотеруваше уште беше малечок, но кога почна потта помешана со прав да го јаде си фрли неколку капки вода на лицето и си го истрлка вратот.
Во тој момент се слушнаа големите ѕвонци од чорбаџи Трајковите кози.
Во дворот, покрај четири пет стотини кози се најдоа и дваесет триесет млади луѓе. Тие беа скоро сите синовите и снаите и ќерките на сите стопани на козите што ова лето ќе ги пасе чорбаџи Трајковиот син Петко. Од старите дојдоа само неколку души што немаа кој да ги замени.
И работата почна.
Сите греди под тремот беа зафатени уште пред пладнина.
Бидејќи Василовиот татко имаше само пет шест кози, Васил и рече на Велика да ги остриже тој сам првин нивните кози, но затоа да му ги даде Ѓоре нивните нови крклизи, кои поп Тодор добро ги беше наточил за да не му се мачи Ѓоре како пред пладнина со изабените ножици.
И сега, кога ги имаше поповите ножици — крклизи — ги стрижеше поповите кози, а покрај тоа Велика беше крај него; сета работа беше погодена.
Додека тој ги влечеше една по една поповите кози, зад него почнаа шаките. Некој му ја остригол на прчот и брадата, та го нагрдил живинчето. Другите го караа што го расипал прчот, а тој објаснуваше дека нигде не било напишано прчевите да носат бради.
— Ако мораат, — вели — поповите да носат бради, не мораат моите прчеви . ..
Паѓаа и други шаки за сметка на попот, но Васил сето тоа го примаше само со воздишка. My беше незгодно отворено да застане на страната од попот, да го брани.
Сите знаеја дека Васил ги стриже поповите кози за пари, а кога би почнал да го брани, тогаш би се наѕрело и нешто друго. Тогаш уште повеќе би го исмеале, и овде, и попосле секаде каде би го виделе селските ергени.
Ги влечкаше Васил една по една козите, ги бесеше безмилосно и ги пушташе острижени, голи додека и последната не ја оголе.
Потоа требаше неговите да ги стриже. И почна.
Гледа, Велика уште не си оди макар да си ја сврши работата.
Ѓоре ја крена и ја однесе вреќата со козината, а таа уште стоеше крај ортомата каде што требаше да ги стрижи Васил неговите пет шест кози.
Кога ја доведе првата негова коза да ја обесува, Велика му помогна, но не му проговори ни збор; единствено што ги осети нејзините ишарети на своите раце. ‘ °’гш yiBiI 301
Виде дека таа не си оди, та се реши тој да и проговори макар што и да било. Се исправи си ја избриша потта од челото и одвај изусти
— Зар уште не си одиш? — и се наведна да работи.
Таа му се насмевна и сосем јасно му одговори:
— Ами кој ќе ти ја собира козината кога од твоите нема никој овде? ЈЈ BCPY1VI
Од Василовите и немаше кој да дојде, сестра немаше, а маќеа му беше болна. Само тој и татко му беа за работа дома.
И така. Велика ја сврши и таа работа и за првпат почувствува милина крај овој младич нејзин врсник, што и беше толку близок, па сепак ги делеше непреодна провалија.
Та зар може таа и да помисли на мажење уште за три четири години дури Ѓоре не наврши шест седумнаесет и не стигне за женење.
Од друга страна знаеше дека таткому на Васил бараше девојче за Васила. За чекање не можеше да биде ни збор, та веќе дали ќе ја даде попот на такво сиромашно место, на тоа прашање имаше лек.
Сепак инстинктивно чувствуваше дека ќе има расправии околу оваа работа, но не ќе бидат сите пречки непремостиви.
За првото прашање се тешеше со тоа што Васил е сиромав та тешко ќе најде девојка да се ожени. А од друга страна Ѓоре напредуваше нормално и можеа да го оженат уште на шеснаесетте години и нејзе ќе и се отвореше патот. Тоа пак што татко и нема да ја даде на такво сиромашно место каков што беше Васил не ја тревожеше многу. Ако не ја даде со добро, таа ќе побегне и работата ќе се сврши како што сака таа.
Во гледањето еден со друг — бргу им помина времето.
Васил бргу ги остриже неговите кози, Велика ја собра козината во вреќичето и во самата вечерна мугра се разделија. Едно „со здравје” ја запечати нивната наивна љубов и од тој ден не престанаа да мислат еден на друг.
Штом им се даваше можност со погледите се милуваа и си даваа надеж за иднина.
Васил одолжуваше со женењето. Кога татко му еднаш му рече дали би се оженил со едикоја си девојка десет години постара од него, тој со гнасење откажа и да го слуша до крај.
Попосле кога се запознаа поарно, почесто се видуваа, исползувајќи секој згоден случај. Било да се враќаше Васил од работа, или да одеше, a Велика носеше вода од чешмата, застануваа на патот и на брза рака си прозборуваа по некој збор колку да не се заборават.
За некакво отворено изјавување! на љубов, ни едниот, ни другиот и не помислуваа и немаа зборови. Доста им беше што се гледаа и што разговараа кога можеа да се видат.
Еднаш летото кога попови вршеа пченица на патот помина Васил со полна торба кајсии. Бидејќи беше и самиот поп на гумното, на Васила му беше непријатно да започне разговор направо со Велика но му се обрна лично на попот и му рече добар ден. Попот му одговори љубезно, а малиот Стевчо (внуче од сестра на попот) којшто случајно се најде тогаш на гумното, му се приближи на Васила и ја пипна торбата. Кога забележа дека овој носи нешто за јадеше, а ги намириса дека се кајсии, го кандиса Васила да ја симне торбата и да му даде, та се излага, го клукна змија, да го рече она што не требаше ни сам да го знае:
— Дај ми, Василе, троа кајсии, ако сакаш да ти ја дадам Велика, — но така гласно го рече што, и Велика, и попот многу убаво го слушнаа.
За тие зборови доби што бараше, но не кајсии, ами лопатата по задник што и беше на Велика в раце. А Васил поцрвене до уши и му даде од кајсиите. Велика не се приближи до Васила, ниту пак тој имаше смелост да ја покани со кајсии по онака обелоденетата вистина од страна на малиот Стевча.
Поп Тодор се направи дека не слушна, но од тој ден се пробуди и кај него радозналост.
„Може малиот Стевчо има право кога му ја дава Велика на Васила? Може Велика е за мажење, или близу до мажење?” И почна да мисли кого ќе го доведе в куќи кога Велика ќе си оди како што му е редот.
Тогаш да ги оставиме Велика и Васил да се сакаат, а да поминиме на поповите планови по речената вистина од лигавиот Стевча.
***
Co вршењето веќе беа при крајот бидејќи итака поп Тодор немаше многу седба за вршење. Свои волови не држеше, работници немаше за полски работи, но сепак сееше по некое и друго кило пченица, оти тоа што му го даваа селаните беше речиси сето ‘рж, та попот беше принуден ,или да купува пченица, или пак да сее помалку колку за своја душа.
И така тоа одеше од година на година па и оваа кога Васил удри на поповите вршачи.
По прибирањето на седбата настапија студените есени дни и во селото стана поживо.
Попов Ѓоре секој ден одеше со другарчињата в планина по дрва со поповиот коњ. Влезе веќе во петнаесеттата година и ветуваше работен, но некако ограничен младич. Се обиде поп Тодор да го учи писмо, ама неколку години поминаа Ѓоре што научуваше денеска, утре го забораваше. Го прати една две години и кај Чала во В. ама и овој се откажа од него и му го врати на попот со длабоко жалење дека не може од него ништо да на прави. „Учи, учи — тиква бучи”, му рече отворено Чало на поп Тодор. Се изнажала попот што не ќе може да го направи својот Ѓоре поп, ама немаше што да прави: толку делил тој сполај му. Се утеши што му е детето здраво и го подврза барем дрва со коњот да бере, та за наследник на поплакот ќе гледа да земе некој за Велика домазет, макар што има син.
Но повеќето селани не знаеја дека попов Ѓоре нема да стане поп, та имаа желба да се сосватат со попот; барем дури ќe биде жив поп Тодор да им проживеат ќерки им на раат во поповата куќа.
Други пак што имаа синови за женење имаа исто така желба да се сосватат со попот; да доведат в куќи попова ќерка. По таа причина Велика стана омилена меѓу своите другачки. Некои што ја посакуваа за снаа, а повеќе од нив сакаа тие нејзе да и бедат снаи за Ѓорета. Но оти беше предмет ка општо внимание, тоа беше очигледно насекаде.
И поп Тодор тоа го гледаше; му беше мило, и почна отворено со неа да води разговор по овие прашања.
— Вецо мори, — и велеше — ти! имаш толку другачки. Која велиш да ја земеме за Ѓорета? гледаш? Тој веќе порасна. Уште една година и можеме да го жениме!
Велика овие зборови ја радуваа. Ако го жени татко и Ѓорета, ќе ја омажи и неа. Ете го и нејзиниот идеал исполнет. Ќе се земат со Васила. Во тоа не се сомневаше. Затоа таа веднаш и го даваше својот суд и мислење за секое девојче во селото што идеше предвид да биде попова снаа.
И на Велика, и на попот им падна в очи ќерка му на даскалот — Јана. Убаво и е името, убаво девојчето, чесно и угледно семејство. Навистина сиромав беше даскалот, но еснаф човек. Девојката е учена на скромен, но човечки живот и знае она што го има да го пригоди како што приличи во една попова куќа.
А и Ѓоpe почна да ce буди.
Кога Велика минатата недела беше по круши со другарките, тука беше и Јана, Горе случајно се најде близу до нив и го викнаа да им натресе круши. Кога се качуваше и слегуваше од крушата уште малку што не падна гледајќи во Јана. Но не ја гледаше за бадијала. Таа сета ѓаволски насмеана беше му намигнала уште кога го молеа да им натресе круши. И да не беше тоа намигнување, којзнае дали ќе се качеше. И тука се разбуди, и кај едниот, и кај другиот радозналост.
Ова на Велика не и откина од острото око, и кога беа на разделување, ја задржа Јана и доверливо и шепна:
— А, така ти на брата ми, a? Co левото. .. да ти испрсне, да рече господ! Ајде, ајде; гледам оти ќе ме бакнуваш во образ и ќе ме викаш сестрице Велико!
Јана не поцрвене пред другарка си, но призна. А кога разбра од Велика оти и попот ја има предвид, си отиде сета среќна. И оттогаш не одеше на чешмата дури не ја дочека Велика. Велика и кажуваше што зборувале сношти за неа и каде е Ѓope.
Од друга страна, да биде пријателството уште поцврсто, таа зима Васил се глави момок кај даскалот. И за она што и кажуваше Велика на Јана за Ѓорета, толку добиваше таа од Јана за Васил.
Велика не пропушташе момент да не му раскаже на татка си што мисли Јана, дека го сака Ѓорета, а попот припремаше терен кај даскалот.
Тие и така беа добри пријатели; како поп и даскал. Секоја вечер си постојуваа на даскаловото плетче и ги отпоздравуваа сите селани што се враќаа од работа. Разговараа за сешто, но ниеден не го засегнуваше ова прашање, макар што обајцата чувствуваа дека им е потребен некој видлив знак да го зацврстат своето пријателство. Можноста им беше тука, дома. Тука беше Ѓоре, тука беше Јана. И што има поарно од тоа? Попот жени син; даскалот мажи ќерка. Обајцата чесни луѓе, угледни по професија, еснаф луѓе. Се беше погодено, само се чекаше на Ѓоревото полнолетство — петнаесет години.
Никакво чудо не беше што беше Јана две години постара од него. Така треба. Малечок зет нема да земе уште помалечка невеста? Вака, таа ќе го поткрепи дури тој да поодрасне и после еве ти домаќин.
Сета работа се одвиваше добро и по планот на обајцата. И даскалови, и попови си живееја среќен и задоволен живот. Зимните празници ги поминаа во среќа и задоволство со одлично рас положение.
Дојде Божиќ и помина; дојде Нова Година па и Водици — Богојавление.
Додека луѓето на Богојавление ги носеа светците да ги „измијат” на Николовиот јаз Горе Река, момите и невестите се дотеруваа која поубава и понагаздена и накитена да излезе и да присуствува на водокрст, од каде што ce донесе барденце со крстена вода за да се најде преку целата година. Знаете како е. Се разболува дете, паѓа на очи убава невеста, момче, добитче, та со што ќе го лекува домаќинот ако нема богојавленска крстена вода да го попрска?
Ce разбира дека на овој празник паѓаа в очи Велика и Јана кои што одеа под рака. Обете еднакво облечени во кошулите „Шарените со убаво накитени саѓии со долги алови кистови измешани со срма, со дебели појаси навиткани околу танките половини, прегачите со широки тељови, море алови чорапи и на крајот, и двете со ластикини чевли по последната мода. На главите убави бели извезани тулбени, гуни со гајтани на терзија шиени. А од сребрените накити не фалеше ниеден. Скопци, павти, скопец со синџири наресени со сребрени гровчиња; решмиња со алтилаци и карагрошеви; колани на срмени подвески нанижани со бели меџидии и бели череци. Co еден збор „наружани — како маски опковани”.
Службата брзо се сврши, бидејќи и тука ,Чало одеше на чекор. Сите отидоа и го целиваа крстот и раката на поп Тодора, а тој со познатата песна „во Јорданје крешчајушчусја тебе господи” ги благословуваше сите и ги прскаше со босилковата китка од крстената вода, удирајќи секого по теме.
Дојде редот и на нив двете. Прва се приближи Велика, а потоа Јана. Под благиот поглед на попот Јана ја осети љубовта на својот иден родител. Срцето и се исполни со радост и од милина и заигра. Го целива крстот и раката со длабока почит и се тргна назад да и направи место на таа што идеше по неа, па ја побара Велика. Оваа пак, во мешаницата се истави назад и со очи ја бараше Јана. Кога, пред неа и се испречија Ѓоре и Васил. Тие носеа по една икона, и, откако ги „измија” ги оставија на ѕидот од Николовото лозје и со очи ги побараа своите мили и драги.
Васил, макар што беше момок кај даскалот, одеше под рака со Ѓорета, на кого што пак му чинеше чест, иако уште малечок, да оди така пријателски и другарски со бендене ерген каков што беше Васил.
Бидејќи Горе и беше брат, Велика не се притеснуваше да застане со нив, а Васил како Ѓорев другар беше „само” заради него крај Велика.
Потоа дојде и Јана и се направи четворка. Брат и сестра — момок и чорбаџика; што има тука сомнително?
Но сите четворица ги обвиваше и ги галеше една искрена детинска љубов.
Дури поп Тодор ги благослови сите верни богомолци и ги прочита сите молитви, оваа наша четворка се гледаше едно со друго, штрачорејќи неврзани зборови како врапците на поповата голема цреша.
Васила пак го измолија да посвири денеска со гајдата на срет селото, а Велика и Јана да поиграат. Јана како чорбаџика дури му го нареди ова, но Васил во тој момент малку ја слушаше нејзината наредба отколку Великината молба и потајните намигнувања.
Ѓоре пак, си ја зеде грижата да ја претресе поповата торба и да дрпне некое јаболко, што не го смотал малиот Стевчо, та да има со што да го платат гајдаџијата, ако го викне случајно даскалот Васила од орото. Ѓоре се заколна дека ќе му ги откине на Стевча, не само поповите, ами и оние од неговото торбенце што го носеше овој секогаш на вратот, и ќе ги исполни нивните желби. А за себе си додаде „нејзината — Јанината желба”.
Ах, таа Јана … !
Зар има нешто што не би исполнил Горе за Јана и Васил за Велика? Нема, нема!
И така, двете девојчиња двата дена — Богојавление и Водици, по цел ден нога не подвија од играње, а Васил се расцепи од дуење во гајдата да ги задоволи нивните желби, т. е. желбата на поповата ќерка Велика, која не сакаше да крие дека е заљубена во него.
***
Како што гледате, се оддалечивме од главната тема и место да ви раскажувам за мариовскиот панаѓир, јас поминав на раскажување за стригови и други празници, но ќе молам за прочка, оти и ова раскажување беше во врска со поповата ќерка Велика, која на Арнаутчето и другите ергенчиња што беа кај попот првата вечер на Илинден, не им покажа никакво внимание како на ергени. А зошто? Од двеве раскажувања јасен е одговорот: затоа што ја „обесила пушката” кај даскаловиот момок Васила.
На вториот ден растанаа гостите уште рано, отидоа на реката, се измија образ, и, оние што останаа сношти случајно на спиење кај попот, се фатија за очи и просто побегнаа, засрамени што се одделиле од своите жени или деца, та останале кај попот на вечера и спиење. Оние пак што беа салам понови гости како Чала, Арнаутчето, кум Сиве, Ѓуро и други, се вратија кај попот да покаснат од она што остана — ако остана.
За леб не беше проблем кај попот. Пред Денот „крена” сто и осумдесет панагии по куќите и зеде сто и осумдесет „булиња” секое најмалку по полока, тие беа деведесет — сто оки леб. И тоа каков леб. Само од пченично брашно — чист леб.
Па и за манџи попот не беше оскуден. Грав насобра од селото токму пред Денот, пиперки, домати, лук, кромид имаше во изобилие од градината; маст и сирење имаше од овчичките, а и маторицата му се опраси пролетоска шест прасиња, та двете попот ги спреми за свети Илија што го има во „реката” според Сивевиот благослов. Ракија, вино, киселина имаше од лозјенцето, така што немаше за ништо да се обѕрне а да не најде. Само што сето тоа требаше да се приготви за да се стави пред луѓето — гостите. За тоа требаше да се грижи ќерка му Велика со помошта на помалото попово дете Ѓорета.
За првата вечер поп Тодор и сам и помогна на Велика. Наполни еден котел од дванаесет оки што го викаат месарник, оти во него топлат вода за месење, грав и го надроби половината прасе во него. Друг таков наполни со зелка и другата половина од прасето. Зелка и едно шилеже, a зеде десетина оки и говедско месо, та Велика направи и три четири тепции со овчо месо, а потурок (јавнија) од говедското со пиперки, домати, компири, кромид и друг зеленчук што се тура во такви манџи.
И што му требаше уште? Леб имаше, манџи — четири, ракија — бурилото од сто оки беше полно, вино — бочвата од пет шестотини оки исто така. Нека идат гости колку што сакаат; окото не му трепнуваше на попот од таа страна. Сета мака и беља беше кој да ги двори, кој да ги служи, бидејќи неговите гости беа само мажи. Никој не дојде со некоја жена да ја запрегне попот во домаќинската работа како што им правеше на мажите. Иако дојдеше некој од роднините, идеше само на видување, а никако да остане постојано кај попот, зашто сите знаеја што гости има попот, та жените бегаа како од оган.
Наготви попот вечера толку манџи и сметаше дека барем двата дена од празников ќе ги помине со нив, ама сношти се собраа над четириесет души, и, речиси, којзнае дали остана нешто каловина на дното од котлите и тепсиите. И тоа што остана сношти, еве ги сега ќе го поручаат вчерашните осумнаесет попови стални гости.
Се вратија од реката и Чало го обеси котелот со дванаесет оки ракија. Виде дека Велика и Ѓope не можат да го дворат како тој што сака, та се растрча сам. Ги најде каде се булињата и сношните манџи и ја нареди трпезата како што ја најде вчера кога дојде со попот од црква. Ги покани другарите да си ги заземат своите места и почнаа со Арнаутчето да ги служат со блага ракија.
— Чесна испаднала невестата кај Бургиови, чесна. Повелете по една блага ракија, — почна да ги чести Чало своите другари и пријатели и ја зеде улогата на домаќинка.
— Кога не се жени попот да има попадија да не служи, ќе служам јас денеска, — им рече и ја накрена винската чаша полна со блага ракија за честа на Бургиовата невеста.
Поп Тодор ги остави да ја топлат ракијата со мислата дека ќе се напијат по некоја ракија и друга, ќе покаснат и ќе се разодат по други куќи Така си мислеше попот. Си помина тој на редот. Еден ручек, една вечера и спиење, ете, нека биде и појадокот негов. Толку се тера гости. Не е само неговата куќа во селото? Затоа кога тргна за в црква на сите вкуп им рече: „до видување” и „в година повесели — со гаќите растресени”. He можеше да се воздржи, а да не посее семе од шеги. А тоа после никнуваше, растеше, зрееше.
— До видување, до видување, туку побргу иди си да кажеш што ќе готвиме за ручек, — ги испрати Чало попот и Јошето, кое отиде да му пцала в црква. Го испрати и не го дочека да се врати да каже што ќе готват за ручек. Ги изгреба сите котли и тепсии и им ги даде манџите на гостите да појадат та ги нареди и грнињата со вино и трпезата. И овие запукаа да јадат и пијат како гости, а Чало не престанува да ги кани:
— Повелете, пријатели, повелете, браќа, како во своја куќа. He жалајте го поп Тодора, му дал господ, и вино, и ракија и секаква сермија. Домаќин е поп Тодор. Само едно е за жалање што нема попадија да ве чести. Затоа, еве, јас ќе ја одменам да не биде срамен попот, да не речете дека немаше кој да ве почести кај поп Тодора.
И ја одмени Чало попадијата. Ја подбра Велика со него во визба да му го каже месото, маста, расолот, пиперките, доматите, сирењето и се друго што му требаше, та се распиштоли тој како вистинска домаќинка — попадија. Наточи вино, ракија; насече месо, расол, компири, ги наполни пак котлите и латвиците и ги стави на огништето да вријат. Велика и Ѓорета ги ослободи од секаква должност.
— Ти си мома и денеска ќе одиш со брата ти на оро; јас ќе бидам домаќинка денеска кај вас.
— А таа и не чекаше друго. Дури да си дојде попот од црква се промени „како за на оро” и штом попот си дојде, Чало го кандиса да ги пушти децата до орото, толку повеќе што самото оралиште беше пред поповата порта.
— Ако ни притреба Веца, ќе ја викнеме. Зошто да не си поигра и таа кога не ни треба дома? Еве, јас ќе турам вино — ракија; ќе носам мезиња, па и манџите ќе ги приготвам за ручек. — му рече Чало на попот и просто ги напади двете деца низ врата. Виде невиде и попот се согласи. Го стави Чало пред свршен чин.
,,И денеска ќе ме вршат! — си помисли поп Тодор во себе и додаде: „Кој што сторил — Ќе најде”, вели народната поговорка. И јас арно ги вршам, ама и тие не ми оставаат’ должни”. И се помири со положбата во која најмногу Чало го насади. „Нека е само со помин”, си мрмна под нос. „Болест. Еднаш иде во годината, само нека е со помин. Ќе им дојде и ним црн петок; тогаш пак поп Тодор ќе знае да си одмазди за сево ова”.
И со таа утеха си седна на своето сношно место и почна да му заповеда на Чала како на вистинска домаќинка.
„Чекај барем да го испотам од работа, та ме насамари тој што ме насамари.”
— Донеси, Трајко, ова, донеси она, ова, она, ова, та дури жар на лулето го натера да му подава десетина пати. А Трајко се растрча и поарно од секоја домаќинка ги служеше и гостите и попот.
Кога виде дека работите го наваксаа, си го зеде Арнаутчето за помошник и се навреме приготви. Ги запржи манџите, та дури и тепсии капами направи. Препашаа со Јошето по еден скутник од Велика и го поставија ручекот .
Попот го благослови „јастието и питието” со свои благослови:
„Кој ќе касне — да цркне од него, отров и пелин да му се стори; на нозе пет дена да не може да си застане”, ама гостите се накркаа убаво убаво и никој, ни цркна, ни пукна ни пак отров и пелин му се стори. Се накркаа и продолжија да си пијат од убавото попово винце.
По ручекот поп Тодор понаговори да не сакаат да излезат до орото, но тие како под команда сите гркнаа:
— Арно ни е нам овде. Кој сака, нека бара поарно.
Така рекоа, ама пак поповиот предлог ги подбуди на оро.
— Ајде, Јоше, излези ти сега до оралиштето и викни го гајдаџијата Катин нека Дојде со гајдата. Речи му: „стрико Чало те вика кај попот”.
Попот почна да си ја мазни брадата.
— Ај а реката да појдеш, — си мрмна за себе. „Дури сега не ставаат ни до вечера”. Но ништо не рече.
Јошето излезе од портата и го виде Катин каде свири на еден танец од пет шеснаесет мажи. My мавна со главата, тој дојде и Јован му кажа што му рече Чало. Дојде и танчарот пред гајдаџијата, та Катин во кусо му ја пренесе пораката малку поизменета:
— He вика поп Тодор на визита, — му рече и веќе влезе во портата не престанувајќи да го свири орото што го играа луѓето. По него танчарот го внесе целиот танец во поповиот двор и го продолжи орото со уште поголемо темпо.
Чало се појави на вратата и кога го виде танецот, за миг изнесе четири грниња вино и почна да ги служи играчите. Навлегоа во дворот и половината сеирџии што беа на орото, та ова се пресели сега од оралиштето — во поповиот двор. Излегоа и поповите гости од дома секој со грнето в раце и Ѓуро се фати на танец. Од петнаесет души, танецот се направи триесет и пет. Се наполни дворот со луѓе, небарем попот свадба прави, а не панаѓир.
А Чало со Арнаутчето само влегува и излегува од визбата со полни грниња вино.
Едно време се фати и тој до Ѓура да игра, a Јошето го натера да им свири.
Попот поседе дома сам, но и него го србеше реброто, та си зеде еден стол и излезе, седна под тремот да го гледа орото во неговиот широк двор.
My наздравуваа тие што пиеја. А пиеја сега сите, не само гостите. Грнињата со вино залутаа во народот, та и сите селани се изнапија, секој благошавајќи: „И за радост, дедо попе, и за радост да пиеме.”
Овие благослови му наметнаа на Чала една мисла:
— Да му ја побараме на попот Велика за Арнаутчево? — им шепна на Ѓура и кум Сивета. — И така му го испивме виното и ракијата, барем да се види некоја работа.
— Аџаба ќе ја даде? — прашаа во еден глас Сиве и Ѓуро.
— Што ќе прави кога ќе му се товариме сите. И нема да биде лаган. Детето е само за него. Нека си го задржи домазет дури да си го ожени машкото, па после… зар нема да му направи некоја куќурка, да му купи ѕевгарче, товарче, па, лебами, може и да го направи наследник на еноријата, да си го запопи, бидејќи неговото не изучи за да го наследи. Ќе видите дека обајцата ќе не благошаваат, — ги убедуваше Чало и се пушти од танецот. Тој играше меѓу Ѓура и Сивета.
— Играјте вие, јас имам троа работа, — им рече и повика пет шест момчиња што гледаа сеир.
Ги внесе момчињата во визбата и за миг изнесоа двајца по двајца три пералника полни со вино. (Пералниците ги викаат мариовците големите котли од по дваесет и пет оки оти во нив жените топлат вода на реката кога перат.).
Ги изнесоа котлите и ги наредија пред попот.
Попот пушти што сакаат да прават, та ништо не му рече на Чала.
Но затоа Чало се истопори пред него, ја симна капата и побара да го благослови:
— Благослови, оче Тодоре, — му рече сосема сериозно.
Попот помисли дека и сега Чало тера шега, та го благослови со стариот негов благослов: Но Чало сега не се насмеа, но сериозно му ја подаде раката и цврсто ја стисна поповата:
— Речи аирлија, попе!
— Што аирлија, Трајко? — почна попот да се чуди, гледајќи го Чала така сериозен, па и тој го направи сериозно лицето.
— Сводник сум за Велика, нека ти е жива!
— Аирлија нека ти е ногата; да ти се исуши. Од кого ако е вистина? — го праша попот се уште мислејќи дека и тука Чало сака да се пошегува со попот. Но го знаеше Чала како сериозен шегаџија. Никогаш не би си дозволил да тера шеги за сметка на децата од своите пријатели, та и сега ја сфати работата, ако не наполно сериозна, но не и шега.
Чало позагомџи, го накрена грнето, се напи, а попот го повтори прашањето.
— Е, кажи де, кажи од кого? Навистина немам ниет дури не го оженам Ѓорета, ама пак сакам да слушнам од кого…
Место одговор, Чало почна да го убедува:
— Ти треба тебе, Тодоре, човек во куќи, ти треба. Ѓоре уште ти е малечок, а Велика нема да ти доседи дури Ѓоре да стигне за женење. Затоа та, ако не слушаш нас со кум Сивета, Ѓура и другите твои пријатели, ќе треба да земеш некое сиромавче тука, на куќи домазет што се вика. Па откако ќе го ожениш Ѓорета, зар мал е дворот да им направиш уште една куќурка? Било за Ѓорета, било за Велика. И двајцата ти се челад !..
Попот се замисли и пак го праша:
— Ама кажи од кого си сводник, па може и да се поразмислам.
— Ти реков, од сиромавче. Но само тоа е за тебе. Инаку, ќе ја цапнеш со некоја снаа, та ни Црна на стари години не ќе те носи…
— И ми треба, Трајко, и не ми треба, туку речи од кого си; та сиромав — чорбаџија, знаеш дека јас многу многу не гледам. Само пак ти велам: не сум со ниет. Млада е уште …
— Млада — стара, не испуштај го детето, оти пишман ќе бидеш. Како нарачано е за тебе…, го кандисува Чало, но гледа дека попот цврсто запиња. Најпосле му кажа, белким како што рече и сам, ќе се поразмисли.
— А бре, кое е. Помошникот мој пцалтот твој; гостинот Арнаутчето ондека. Што велиш, ќе ги ујдисате табиетите, зар не? Го гледаш што шерет е? Уште на млади години очите му играат во главата…
— За во тавата, — упадна поп Тодор и се раскикоте, па продолжи сега тој:
— Добро е, добро, Трајко, детето, ама како што ти реков: уште за пет шест години немам ниет. Ако дочека — не се басам. Гол за гол, што викаат мегленци наши, — му одговори попот и умот му отиде во сваќата Стојна.
— Поразмисли се малку и ќе ми кажеш довечера. Ако се решиш, веднаш ќе го свртиме госјето на свадба, та и тука ќе поминеш со еден трошок, — настојува Чало и веќе ја крои во својата глава казната со која треба да биде накажан попот ако не се согласи.
Попот категорички одби. He ја мажи Велика уште за пет години па и Султанот да ја побара за сина му.
— Пишман ќе бидеш, — беа последните зборови на Чала. Се тргна од попот, отиде кај Сивета и Ѓура; им шепна нешто, а потоа навика десетина момчиња од орото и ги воведе во поповата визба.
„Што ќе прави пак сега овој Чало?” се праша попот кога виде дека не ги зедоа котлите да ги полнат со вино. Но цврсто застана на своето решение да не протестира денеска за ништо, па ако сакаат и куќата нека ја запалат. Толку повеќе што таа беше стара ‘ржаница, та попот имаше ниет да ја урива и да прави нова.
Влегоа луѓето во визбата и за малку време се разнесоа викотници на вратата. Ораџиите ги пуштија танците и сиот народ се собра пред врата да гледа што се прави во визбата. А Чало со момчињата ја собрал бочвата со вино и каде ја валка низ врата.
Се разбра работата. Чало ја истркала бочвата во дворот, намести еден од котлите под чепот, го одврте и го наполни котелот, та ги покани сите присутни да пијат кој колку сака и може.
Таа беше првата казна на поп Тодора што не му ја даде Велика за Арнаутчето.
Помина пред попот и го праша иронично:
— Да не се лутиш, попче?
—А бре, ме фатиле арамиите на бел ден, што има да се лутам, — му одговори кисело попот и почна да си ги реди во умот сите трикови со кои би можел да му одмазди на Чала кога ќе му отиде пак тој нагости.
Се изнапија сите од поповото вино. Некои, што им се пиеше, други за инает — да повратат барем нешто од она што им го земаше попот, ама бочвата ја преполовија. Две три стотини оки вино помина низ чепот и Чало ја понавали за да не пресуши овој.
Падна мракот, се растури орото, но во дворот од попот останаа сите негови стари гости и уште толку, ако не и повеќе, нови. Останаа и двете гајди, та се зафатија нови танци.
Виде попот каде оди работата и го измени своето решение. Стана, им отиде на гајдаџиите и им ги затна брчалата. Запреа свирките — запреа и ората. Се насобраа тркало околу попот пет шеесет луѓе, а тој им подвикна:
— Би свадба и помина — секој подома. Ако е за фајде, доста беше кај мене џумбус; барајте конак за ноќеска. He е само мојава куќа во селово?.
Но уште недоискажан попот, свикаа Чало, Сиве, Ѓуро, Куцевци и компанија:
— Арно ни е нам овде, арно! He бараме поарноооо!
— А бре, вам арно ви е, туку мене дали ми е арно? —’ се провикна попот и почна веќе да се лути.
— Кому не му чини, нека си бара поарно, — го покани Чало попот да ја напушти својата сопствена куќа.
И попот го прифати овој предлог небарем да ги заплаши или засрами да си одат. Ги повика Ѓорета и Велика, си ја зеде сакмата, децата покровчињата и перниците, и, наочиглед на сите, ја напушти куќата со една длабока воздишка: „Уште ова не беше било, да бега човек од својата родена куќа од гости. Казна божја… и Чалова) — си мрмна и од портата му викна на Чала:
— Седи со здравје, домаќине, и варди ја куќата оти е од слама, — се прекрсти и го пречекори прагот од портата небарем тргна на јабана.
— Co здравје, попче, со здравје, и носи многу здраво живо кај што ќе одиш. Да не се лутиш нешто? — му одговори Чало и им свика на гајдаџиите да ги надујат гајдите. Го продолжија орото, песните, ама веќе се затемни убаво, та почнаа ораџиите да се сопинаат во дворот.
Еден танец удри во камарата дрва и танчарот го сплеска носот, но тоа му наметна мисла да запалат оган. И за миг букна коледарски оган сред поповиот двор. Орото се растегна, а Сиве и Ѓуро ги донесоа пушките и почнаа да грмат. Чепот на бочвата го оставија одвртен, но котелот никако не се полнеше, а уште помалку да се прелее. Се грижеа играчите за него; фрчеа грнињата од рака на рака и се враќаа празни кај котелот да го поотпразнат да не се прелее.
Кота се растресе оганот, Чало поштукна. Убавиот жар му навеа мисла. Пак свика пет шест момчиња меѓу коишто секогаш беше Арнаутчето, и се изгуби зад куќа. Ја најде кочината од попот со маторицата и трите прасиња. Сквичеа прасињата, а маторицата укаса едно од момчињата и се изгуби во темницата, им побегна. Ги дупнаа прасињата; набрзина им ги извадија утробите и ги довлечкаа до огнот.. Чало донесе сол од дома, ги посоли внатре, и така, ни кубени, ни драни, ги запрета во жарот.
По примерот на Чала, Куцевци влегоа дома и ги симнаа од гредите сите попови кокошки. Кинејќи им ги главите со раце, им фрлаа по една на гостите, а овие бргу, бргу ги позачистуваа од утробите, некои дури и без тоа, земаа и една бобовица и веднаш ги напинаа кокошките да ги печат на ражните. Се изнаредија дваесетина души околу огнот со ражните, а Чало го мести жарот врз прасињата и ги предупреди сите што печеа кокошки, да не ги јадат.
— Ќе вечераме домаќински на трпезата дома, — им рече и им кажа дека и други манџи има.
Се изнаиграа кому му беше за играње, се изнапија кому му беше за пеење и веќе полноќ наближи. Чало го отпрета едното прасе и виде дека убаво изврело, та донесе тепсии од дома, ги извади сите три прасиња, им ги олушти кожите, та печеното свинско месо им ги вадразни на сите носевите.
Чало та повика сите да влезат дома. Со кокошките в раце, со тепсиите печено месо и котлите со вино навлегоа и се сместија некако од горни до долни крај во куќата. Го распалија и огнот во огништето. Чало, Арнаутчето и уште две три момчиња си ги зедоа улогите на домаќинки. Ги најдоа булињата во ноќвите, наполнија вагани со манџи, донесоа лажици, виљушки и се друго што требаше и се курдисаа да вечераат. Изморени од орото, раздразнети од пијалачката, навалија луѓето на јадењето небарем од трупје си дошле и цел ден леб не виделе. А грнињата со вино фрчат ли фрчат; котлите полни се носат, се празнат и пак се полнат. Гајдите вријат, песни се орат до небо. За некакво спиење и збор не станува.
— Оваа му е казната на поп Тодора што не ни ја даде Велика за Арнаутчето, — повторуваше Чало на трпезата сите да слушнат. Направи и тука „магарица” — ја врза ортомата за рамовите од големата и мала врата, но ниско, на еден метар од земјата и ја вјавна — седна на неа и почна да ја тера. Пијаните негови другари сакаа да не останат подолу од него и се обидоа и тие да ја вјавнат магарицата, но штом ќе се качеа на едната страна, веднаш се препрчалуваа на другата, та сите што се качија, a се качија скоро сите, ги раскрвавија носевите, главите, а некои изместија рамо, лакт, врат или нога. Но шаката си е шака. И зошто е Чало тука ако не за шаки?
Се изнајадоа, се изнапија; на тие што заспаа им кладоа заушки или запалени цигари в уста. Им ги продупчија ушите, им ги изгореа муцките, но на сето тоа „нема лутиш”. „Такво бачило — таква маст вади”, им велеше Чало. — Кој не декшава шеги, нека си седи дома или да не се меша со моето друштво. Кој се лути — ќе го дереме, се прикажува во една поповска приказна.” И Чало насекаде ја истакнуваше како правило за неговото друштво, та и вечерва неколку пати му ја наспомна на поп Тодора. Затоа никој и не смееше да се лути, па ни попот, оти знаеше што ќе му одговори Чало ако рече „се лутам”. „Нека крши вратот сермијата кога е во прашање кожата”, си рече и попот кога побегна од дома и отиде кај комшијата Батрамот да преноќева.
***
Барем така им се стори на гостите дека попот побегна од дома да преспие кај комшијата. Но дали го фаќа сон човека што го нападиле од дома на еден безобразен начин и што гледа како се пусти неговата сермија? И не само заради сермијата се јадасуваше поп Тодор. Мака му беше зошто тој да биде предмет на Чаловите трикови и шеги.
Легна во постелата колку да ги залаже децата и домаќините и, штом овие заспаа, се издутна и во темницата наврте до над неговата куќа токму кога приквиче маторицата со прасињата. Полека се приближи до калето и со голема претпазливост се изјази на стогот сено што беше стожен до самото кале. Распрета на врвот и се подвре под сеното откаде можеше да види се што се правеше во неговиот двор. И виде. Виде и цревата му се превртоа од лутина, но немаше никаков лек. Намисли да бара помош од власта, од мудурот и заптиите што беа дојдени в село да се најдат по Денов да не стане некој пачарис, бидејќи имаше секакви луѓе од сите деветнаесет мариовски села. Но тоа му излезе неприлежно; да ги вика Турците во помош против своите стари и добри пријатели. И тоа кога? Кога му дошле со најискрени чувства и намери да се видат на Денот, да се почестат и да се нагостат како што се гоштаваше тој кај нив на нивните Денови. „Не го прави тоа поп Тодор, не, па дотука да е животот, а не имотот”, си мрмна на врвот на стогот. „Ако можам со итрина да им доскочам, арно, ако не — нека тераат. Од народ — за народ. Неоти ја скршив јас мотиката во она што ќе го изедат и испијат? Село нека е весело; пак тоа ќе го надомести, — си сметаше попецот и ја ублажуваше лутината, која со секоја постапка на гостите земаше замав. Вриеше на Чала, бидејќи тој беше причината за сето што се правеше. А добар пријател му беше Чало на попот, ама ете не го послуша за Велика и сега Чало си го вади афтот на неговата сермија.
Кога ги донесе Чало прасињата да ги пече, попот за малку што не се издаде од стогот. Гракна, гласно се насмеа и го изжала комшијата Стевана, оти прасињата не беа на попот, ами Стеванови. Се научиле да лежат во поповата кочина со поповата маторица, ама си го зедоа делот. Чало мислеше дека се попови и сите три ги скитка и направи пет шеесет оки месо, бидејќи секое имаше по дваесетина оки. Си помисли дека Стеван може да ги бара од него утре, но немаше што да се тревожи за тоа. Цело село виде кој ги закла и испече. Ене му го Чала на Стевана, нека се расправа со него како знае.
Преседе на стогот дури гостите беснееја во дворот, а штом ги воведе Чало дома, тој слезе полека на калето и рипна во дворот. Огнот позагасна, та во темницата можеше слободно да се движи. Тргна кон бочвата што стоеше пред вратата на визбата, но токму во тој момент излезе еден од Куцевци—Стојче, да ги полни грнињата вино. Попот се шчучури до кармата дрва и го затаи здивот да не се издаде. Но може ли пијан човек да запазува такви ситници околу себе, та и Стојче да го запази попот? Тој ги наполни грнињата од котелот, во којшто одамна престана чепот да тече, бидејќи виното наврте под него. И кога попот се допре со десната рака наземи да се потпре за да стане, случајно му дојде на ум барем со нешто да им одмазди некако ако може. И штом Стојче се изгуби со грнињата, попот заграби цел грст пепел од огнот и ја тури. во котелот со виното, па го избуричка убаво со десната рака мрморејќи си за себе: „Барем нека се подржат за стомак утре.” Оваа мисла му навеа и друга, но колку да беше лут, се сети дека виното е крв Христова во причесната, та се стаписа. Кога затропаа нови чекори од вратата на куќата (идеа пак по вино) попот влезе во предниот земник и слушна како клокотат грнињата во котелот — се полнат. Се топеше од задоволство што барем малку одмалку им Доскочи со „пепелта”. My беше криво дека сите се пијани, та не ќе разберат што вино пијат. A многу сакаше да остане трага од ова нешто за да ги јадосува од утре.
„Сигурно ќе остане на дното нешто колку да се уверат што вино ги напои поп Тодор ноќеска”, си мрмна за себе.
Сакаше да го свлечка дојдениот, но во тој случај ќе останеше „миродисаното” вино неиспиено, а тоа би значело непостигната цел — нема сите да се напијат и утре кога ќе ги јадосува секој ќе се вади дека не се напил од тоа вино.
Го пушти овега, пушти уште пет шестмина што дојдоа со грнињата по него и котелот веќе се испразни. Се испразни котелот, ама веќе и петлите в село зачестија. Зората наближуваше.
— На работа сега попе, оти може да те фати денот, — пак си мрмна и тргна полека кон големата врата. Co сета претпазливост ја затвори, ја кладе жапката и еден клин на неа, та отиде тоа го направи и со малата врата. Па како од крилја носен, се качи на куќата, ја расфрла ‘ржаницата околу баџата и им се јави одозгора токму над трпезата каде што седеа кум Сиве, Чало, Ѓуро и Куцевци. Ги погоди главните кривци и извика со силен глас:
— Е, сега побратим, да се платиме за работата што ми ја сработивте ноќескааа! — и без да се мисли и двоуми штракна клечка кибрит и и го даде огнот на куќата. Ја запали над огниште, па зеде една запалена свивка ‘ржаница и ја запали на сите четири ќоша. ‘Ржаницата сува, се вифна оган во небото, а попот рипна и застана над куќа да погледа сеир.
Спискаа гостите внатре како глувци во стапица. Напнаа да излегуваат низ врата, ама видоа „колку е саатот” та ја најдоа некаде долни крај секирата. Ги расцепија рамовите на вратите и излегоа во дворот. А куќата веќе ја обзеде огнот од сите страни. Спукаа Сиве и Ѓуро со пушките во знак на пожар, ама никој од селаните не дотрча, бидејќи тие цела ноќ пукаа за шенлук.
Пак самите гости под командата пак на Чала, ги најдоа пералниците и се назагнаа да носат вода, да го гасат пожарот. Некои од нив ја изнесоа трпезницата, ноќвите и другата посатка, но за некакво гасење не можеше ни збор да стане. Се гасела ли ‘ржаница на Илинден? За неполн час изгоре покривачот. Спасија нешто од гредите и го запреа огнот да не ја изгори покуќнината што беше во визбата и да не ги зафати и комшичките куќи. Bo тоа и зората забеле и го затече поп Тодора да се грее на гламните со сите свои гости.
— Е, сега, повелете, пријатели, кај поп Тодора на гости. Домаќин е поп Тодор и ќе ве пречека. . . Гиди такви па такви .. .! Како само мојава куќа да беше в село; немаше каде на друго место да кршите глава. Бујрум, повелете … — па му се обрна на Чала:
— Е, Чало? Сводник си сега за Велика да ти ја дадам? Краста господ и орлови нокти да ми ти даде, едепц’зу ниеден. Од кожата ме извади ноќеска со твоите шеретлаци и мајмунлаци. Камо го Арнаутчета да ми го видат очите. Убаво ја одигра и тоа својата улога; го испече занаетот твој. И токму дека е твој ученик и така успешно напредува во твоите мајстории, навистина ти велам, ќе му ја дадам.
Чало почна да трепка со очите и да се трезни. Го симна фесот и со сето страхопочитание му се приближи:
— Благослови, оче Тодоре, и проштавај за сево ова што стана. И .. . ако навистина велиш оти ќе му ја дадеш Веца на Арнаутчето, сите грешки што та направивме ноќеска ќе гледаме да ги поправиме, — па им се обрна на Сивета, Ѓура и другите другари:
— Го слушнавте што рече? Ќе му ја даде Велика на Јошето. Голем себап ќе направе, а и тој ќе си осигури човек што ќе му биде по табиетот и живот ќе проживее со него. Јас се шегувам каде што е за шегување, а овде најсериозно зборувам. Послушај ме, пак ти велам и овие твои зборови да не бидат мајтап или некоја одмазда… Поп Тодор навистина стана сериозен.
— Шегите и мајтапите поминаа со горењето на куќата. Јас сега зборувам! сериозно. Ако беше и твојот сводниклак вчера сериозен, еве ти ја раката. Од се срце ти велам дека ќе му ја дадам. И тоа уште сега, во овој момент.
Чало му ја стисна раката и го повика Арнаутчето:
— Кај си бре пезевенк:? Ела ваму да те правам со невеста; доста ме глода не сум ти наоѓал невеста. Еве и попова ќерка ти била касмет.
Ѓуро и Сиве просто го истуркаа Арнаутчето пред попот и ова го симна фесот како Чала и му се приближи. И тоа по Чаловиот пример побара да го благослови поп Тодор и да му прости ако претера нешто ноќеска во шеретлуците и мајтапите.
— Се знаеме, синко, се знаеме поодамна. Таков што си те бендисувам: и затоа, еве, ти ја давам раката. Бакни рака и биди благословен во мојава куќа, тука поп Тодор ја погледна изгорената куќа и тажно се натажи. И ти имаш дел во нејзиното битисување, та затоа запрегни се од утре да собереме некој ќош и за мене, и за тебе. Бидете среќни до век. Амин.
Јован му бакна рака, а попот него во образ.
Ја викнаа и Велика да и го соопштат поповото решение. Таа ги наведна своите сиви очи и ги наполни со солзи. Поплака неколку дена за Васила, но тогаш не ce прашаа момите и ергените дали ги сакаат тие што им ги одредиле родителите или не. Волјата на родителите беше закон и тие не можеа да го кршат тој закон. И Велика се помири со судбината, кандиса да биде невеста на грдото Јоше Арнаутово. Но другите негови позитивни качества набрзо ја утешија и таа среќно проживеа со него долг живот.
Сега за сметка на свршувачката поп Тодор во дворот ја постави трпезата и пак целото село на третиот ден на панаѓирот го покани на честење.
Пријателите Сиве, Ѓуро, Чало, Куцовци, Данабашовци, Налевци, даскалот Димо и други поведоа една силна акција кај селаните и ги наговорија да му помогнат на попот,да ја направи куќата, а самите му дадоа по некоја и друга лира, макар да не им бараше тој.
И во првиот петок по Денот педесет души со магарињата под нив и секирите отидоа со Јошето во планината и наделкаа стотина двесте греди. А во неделата сто ѕевгари влечкаа по една две греди кон селото. Тоа селаните на погорелецот поп Тодора му ги донесоа гредите и за неполн месец изникнаа во поповиот двор две нови куќи. Го послуша поп Тодор Чала, та направи две: една за сина си Ѓорета, а една за ќерка си Велика, поправо за зета си Јошето Арнаутово.
На Денот на Богородица влезе поп Тодор во двете куќи. Во едната тој со Ѓopeтa, а во другата Велика со момчето, но дури да го ожени Ѓорета една им беше трпезата.
Кога виде попот дека негов Ѓоре не може да го испече неговиот занает, го благослови зетчето Јована, одброи педесет жолти и го заведе кај битолскиот владика, та му тури нему „венец” и го направи наследник и на еноријата, како што го направи наследник и на половината свој имот. Колку да беше мал имотот од попот, готовите пари им ги подели со Ѓорета, та така ја ублажи болката кај Велика за Васила.
Остана по поп Апсика да попува поп Јован Арнаутинот со попадијата Велика Попова а поп Тодор проживеа среќен живот и длабока старост.
Овие се приказни за поп Апсика и можете да ги сметате за вистински или не, но никако да не ги сметате од мене измислени. И сега да појдите во Мариово и да поддените разговор со некој старец или старица, ќе ви кажат нешто за стариот поп Апсика и неговите згоди и незгоди што му се случиле по тоа време.




