Лаките е една од попознатите локации за излет во Битолскиот дел на Мариово.
Одличната клима, живописната природа и чистата река Белица (Бела Река) која тече во непосредна близина овозможуваат незаборавно искуство при посетата на ова место.




ВАЖНО
За жал како и многу други локации во Мариово, оваа локација е достапна само со теренско возило и се препорачува пред тргнување на пат, добро да се проучи трасата, затоа што посетителите лесно можат да се изгубат по големиот број планински патишта.





