Фаќање на рој пчели – село Градешница, Мариово – 24.05.2019

Роењето е поделба на една добро развиена пчелна заедница на две, при што еден дел од пчелите со старата матица заминува во „нов дом“, додека пак остатокот со нова матица останува во „стариот дом“.

Доколку навреме се фати ројот, со сместување на истиот во кошницата се формира ново пчелно семејство.

На фотографиите е прикажано фаќање на рој пчели во село Градешница, Мариово.

Напомена: Доколку забележите рој пчели, оддалечете се што е можно побрзо и пријавете во пчеларско здружение или на некој пчелар.

Убодот од пчела/пчели може да биде смртоносен!!!