Помниш Ли Либе Тодоро – Македонско Народно Оро

Локалитет — Штипско.
Играчки состав — жени.

Помниш ли, либе Тодоро,
Кога се двајца љубевме,/2
Во чичовата градина,
На едно гранче седевме,
Вишни черешни беревме,/2
Лоша си клетва зедовме:
Кој ќе се прво ожени,
Тој тешко болен да лежи,
Девет години да лежи,
Девет постели да смени!